Краснојарск

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Поглед на центарот на Краснојарск од воздух.

Краснојарск (руски: Красноя́рск) е град во северноцентралниот дел на Русија, во Краснојарски крај, со околу 960.000 жители. Лоциран е во горниот тек на реката Јанисеј.

Историја[уреди]

Краснојарск бил основан од страна на Kозаците во 1628 год. Кон крајот на 17 век бил честа цел на напади организирани од страна на Татарите и на Киргизите. Во текот на 1890 година изградбата на Транссибирската железница значела период на забрзан развој на градот. Краснојарск важи за комерцијален и индустриски центар, а во неговата околина е сместена една од најголемите хидроцентрали во светот, која била изградена во текот на 60-тите години на XX век.