Транссибирска железница

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Транссибирската железница е означена со црвено

Транссибирската железница е најдолгиот единечен железнички систем во Русија, поаѓајќи од Москва до Владивосток на растојание од 9.198 км.

Историја[уреди]

По замисла на царот Александар III, градењето на железницата почнало во 1891 година и симултано продолжило сè до комплетирањето на целата нејзина должина, притоа поврзувајќи и дел од Манџурија. Била завршена во 1904 година, но заканата за јапонско преземање на Манџурија ги присилила градителите да изградат паралелна траса во рамките на Руската територија, која била завршена во 1916 година. Пругата ги направила достапни големите пространства на Сибир, кои на тој начин можеле полесно да се населуваат и индустријализираат, особено по пат на стимулирање на изградбата на бројни помошни железнички линии, кои требало да ги поврзат далечните области со главната траса. Комплетното патување трае околу 8 дена. [1]

Наводи[уреди]

  1. Британика