Чувашија
| Чувашская Республика Чăваш Республики Република Чувашија
|
|||||
|---|---|---|---|---|---|
| Држава: | Русија | ||||
| Федерален округ: | Приволшки | ||||
| Површина: | 18.340 km² | ||||
| Население: | 1.292.236 (2006.) | ||||
| Главен град: | Чебоксари | ||||
| Густина на население: | 21 жит./km² | ||||
Чувашија (рус. -Чувашская Республика, чувашки -Чăваш Республики) е автономна република во составот на Руската Федерација. Главен град е индустрискиот центар Чебоксари, кој има 453.700 жителии и се наоѓа на реката Волга. Втор град по големина е Новочебоксарск.
Содржина |
Географија[уреди]
Чувашија е лоцирана во во централниот дел на европска Русија, во срцето на Волга - Вјатка ргионот,помеѓу Нижни Новгоред и Казан.
На север и запад се граничи со Волга, со Мариј Ел на север и Нижни Новгород областа на запад. На југ границите се со Мордовија и Улјановската област, и на исток со Татарстан.
Временска зона[уреди]
Чувашија е лоцирана во Московската временска зона (MSK/MSD). UTC со разлика од +0300 (MSK)/+0400 (MSD).
Природни богатства[уреди]
Чувашија има ресурси како: гипс, песок, триполи глина, и тресет.
Клима[уреди]
Во Чувашија влијание има континенталната клима. Просечните температури се од −13 °C во јануар до 19 °C во Јули. Просечните врнежи од дожд се околу 500 mm.
Демографија[уреди]
- Популација
Според пописот во 2002, вкупното население во чувашија изнесува was 1,346,300. 794,800, или 60.9% живеат во урбани предели. 510,200, или 39.1% живеат во рурални предели.
- Наталитет (2005)
- Раѓања: 13,133 (10.1)
- Умирања: 19,682 (15.2)
- Етнички групи
Според пописот во 2002 етничките Чуваши се 67.7% од вкупната популација. Други групи се Руси (26.5%), Татари (2.8%), Мордовијци (1.2%), Украинци (0.5%), и други кои се помалку од 0,5 %.
| попис 1926 | попис 1939 | попис 1959 | попис 1970 | попис 1979 | попис 1989 | попис 2002 | |
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Чуваши | 667,695 (74.6%) | 777,202 (72.2%) | 770,351 (70.2%) | 856,246 (70.0%) | 887,738 (68.4%) | 906,922 (67.8%) | 889,268 (67.7%) |
| Руси | 178,890 (20.0%) | 241,386 (22.4%) | 263,692 (24.0%) | 299,241 (24.5%) | 338,150 (26.0%) | 357,120 (26.7%) | 348,515 (26.5%) |
| Татари | 22,635 (2.5%) | 29,007 (2.7%) | 31,357 (2.9%) | 36,217 (3.0%) | 37,573 (2.9%) | 35,689 (2.7%) | 36,379 (2.8%) |
| Мордовијци | 23,958 (2.7%) | 22,512 (2.1%) | 23,863 (2.2%) | 21,041 (1.7%) | 20,276 (1.6%) | 18,686 (1.4%) | 15,993 (1.2%) |
| Украинци | 149 (0.0%) | 3,629 (0.3%) | 3,837 (0.3%) | 4,487 (0.4%) | 6,122 (0.5%) | 7,302 (0.5%) | 6,422 (0.5%) |
| Други | 1,152 (0.1%) | 3,074 (0.3%) | 4,759 (0.4%) | 6,443 (0.5%) | 8,752 (0.7%) | 12,304 (0.9%) | 17,177 (1.3%) |
Историја[уреди]
Постои теорија, дека Чувашките претци биле Прабугари, кои живееле на северниот Кавказ од 5. до 8. век. Дел од Прабугари во 7 век тргнал за Балканот, каде се испомешале со словените кои ја населувале денешна Бугарија и формирале Бугарска држава. Другиот дел од Прабугарите се преместил до средна Волга. Чувашите се формирани во глоем дел од тие Прабугари, кои не го прифатил исламот во 10. век. Чувашија станала дел од Русија во 1551 година.
| „Чувашија“ на Ризницата |
|
|||||||||||||||

