Тјумењ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грбот на Тјумењ

Тјумењ (рус. Тюме́нь, сиб.: Төмән [tœ'mæn]) — град во Русија на реката Тура, и се наоѓа 2.144 км источно од Москва. Градот е административен центар на Тјумењската област во Уралскиот федерален округ. Ова е првиот руски град во Сибир.

Население: 510.719 жители (2002);[1] 476.869 (1989).[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Манастир Света Троица (XVII век), на фотографија од ~1912 г. од Прокудин-Горски.

Тјумењ е првиот руски град во Сибир, основан во 1586 г. на местото на сибирскиот град Чимги-Тура од страна на царот Фјодор I. Тјумењскиот регион, кој бил дел од Сибирскиот канат бил припоен кон Русија од страна на козакот Ермак Тимофеевич во 1585 г. и следната година бил основан градот Тјумењ како руско упориште. Првичното население се состоело главно од стрелци и Козаци.

Во периодот од XVII до XVIII век, Тјумењстанал важен трговски центар, како и важен кожарски и занаетчиски центар. Во 1763 г. градот броел 7,000 жители.

Во 1836 г. во Тјумењбил изграден првиот пароброд во Сибир, а во 1885 г. градот бил поврзан со Транссибирската железница.

За време на Руската граѓанска војна, Тјумењ отпрвин бил под власта на адмиралот Александар Колчак и неговата сибирска бела армија, но во јануари 1918 г. градот го зазема Црвената армија.

За време на 1930-тите Тјумењ станал важен индустриски град во СССР. Тука се произведувале пароброди, товарни бродови, мебел, крзно и кожна галантерија.

За време на Втората светска војна, телото на Ленин било преместено од Москва во маскирана гробница во денешниот Тјумењски земјоделски институт. За време на војната многу фабрики од европскиот дел на СССР биле евакуирани во Тјумењ . Во градот се произведувале многу видови на воена опрема. На 14 август, 1944 Тјумењ станал главен град на големата Тјумењска област.

Во 1948 г., во Тјумењската област била откриена нафта, а во 1960-тите и 1970-тите нафтената индустрија станала клучна стопанска гранка на градот.

Познати личности родени во или близу Тјумењ:

Улица во центарот на Тјумењ, 2003

Денешниот град[уреди | уреди извор]

Денес Тјумењ е важен центар за гасната и нафтената индустрија во Русија. Граѓаните уживаат највисок стандард на живеење во земјата по Москва. Во Тјумењ се одвиваат најголемите активности на претпријатијата како Газпром, ЛУКојл и Јукос. Седиштето на авиокомпанијата ЈУТер исто така се наоѓа во Тјумењ.

Градскиот центар е мешавина од понови згради и стари украсени брвнари. Населбите се состојат од мешавина од голем број на излитени советски станбени згради и понови кули и куќи-брвнари.

Температурата во Тјумењ е потопла од најголемиот број на сибирски градови. Зиме оди до -30 C°, но ова е ретко.

Комуникации и транспорт[уреди | уреди извор]

Меѓународниот повикувачки број за Тјумењ е: 7 3452.

Градот го опслужува меѓународниот аеродром Рошчино со врски кон голем број на градови во Русија и двонеделен лет до Минхен.

Спорт[уреди | уреди извор]

Само 10 минути вон градот има парк за скијачко трчање до кој може да се стигне и со автобус. Градот има и олимписки базен, помала спустна скијачка патека и разни други места за спортски активности.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Федерална служба за државна статистика (21 мај 2004). Численность населения России, субъектов Российской Федерации в составе федеральных округов, районов, городских поселений, сельских населённых пунктов – районных центров и сельских населённых пунктов с населением 3 тысячи и более человек (Бројот на населението во Русија, субјектите на Руската Федерација, во рамките на федералните окрузи, реони, градски населби, селски населени места до население од над 3,000 луѓе)“. Всероссийская перепись населения 2002 года (Серуски попис на населението 2002) (руски). Федерална служба за државна статистика. Посетено на 25 септември 2008.
  2. Demoscope Weekly (1989). „Всесоюзная перепись населения 1989 г. Численность наличного населения союзных и автономных республик, автономных областей и округов, краёв, областей, районов, городских поселений и сёл-райцентров“. Всесоюзная перепись населения 1989 года [All-Union Population Census of 1989]. Институт демографии Национального исследовательского университета: Высшая школа экономики [Institute of Demography at the National Research University: Higher School of Economics]. Посетено на August 9, 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]