Об

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Об

Вливот на Об и Иртиш
Извор Алтајски Крај
Утока Карско Море
Земји во сливот  Русија
Должина 5.410 км
Надм. вис. на изворот  
Прос. истек 12.500 м³/с
Сливно подрачје 2.972.497 км²

Об (руски: Обь) е река во азискиот дел на Русија којашто тече низ Западносибирската низина. Реката е долга 3.650 km, но од изворот на нејзината најдолга притока Иртиш 5.410 км со што е шеста седма најдолга река во светот. Реката својот тек го завршува во Опскиот Залив (Карско Море), создавајќи речна делта долга 80, а широка од 30 до 90 км.

Етимологија[уреди]

За реката Об можно е да се слушнат и други имиња. Луѓето од народот Канти ја нарекуваат Ас, Јаг, Колта и Јема, додека пак луѓето од народот Ненец Кјолта и Квај, а Сибирските Татари Умар или Омар.

Течение и географски податоци[уреди]

Об извира во подножјето на планината Алтај северозападно од градот Блиск. Со течението на реката на север се намалува и надморската висина, се до вливот во Обскиот залив каде што изнесува 0.

Течението на реката е поделено на 3 тека:

  • Горен тек тек: До вливот на реката Том во Об;
  • Среден тек: До вливот на Иртиш во Об; и
  • Долен тек: До вливот на Об во Обскиот Залив.

Во горниот тек, Об главно тече низ висорамнини, а со вливот на реката Иртиш се создава асиметрија на бреговите, па така на десната брег се простираат возвишенија и стрмнини додека на левиот брег рамнини.

Во долниотѕ тек, Об забавува, а во околината на реката се создаваат мочуришта.

Поглед на Об од Новосибирск

Притоки[уреди]

Во својот тек, во Об се вливаат повеќе реки. Најдолги леви притоки се Иртиш, Васјуган и Сосва, а најдолги десни Том, Чулим, Кет, Тим и Вак.

Градови низ кој поминува реката[уреди]

Надворешни врски[уреди]