Од Википедија — слободната енциклопедија
„Симоне Сегуен “, француски партизан заслужен за заробување на 25 нацисти во областа Шартр , позира со автоматска пушка МП 40 , 23 август 1944 година
Се однесува за член на воена формација што војува на герилски начин. За други значења погледни Партизан (појаснување)
Партизан е член на воена формација која војува на партизански (герилски) начин, формирана за да се спротивстави на контролата на странска сила или на окупациска армија. Терминот партизанско движење се користи и за вооружени елементи на теренот кои се спортивставувале на германските окупациони сили во некои земји за време на Втората светска војна .
Овој израз може да се употреби за оние сили кои по Втората светска војна се бореле против советската власт во Источна Европа , или за про-комунистичкиот Виетконг кој се борел против режимот на француските колонијалисти и подоцна против Република Виетнам (поддржана од САД ). Партизаните, исто така, може да се наречат и герила , или - зависно од гледната точка, дури и терористи .
Партизаните како тема во уметноста и во популарната култура [ уреди | уреди извор ]
Македонски народни партизански песни [ уреди | уреди извор ]
„Голем мерак имам, мамо“ - македонска народна песна.[1]
„На Вичо, еј Вичо планина“ - македонска народна песна.[2]
„Листај се, горо, шумај се“ - македонска народна песна.[3]
„Силна ми војска идеше“ - македонска народна песна.[4]
„Таму горе во планина“ - македонска народна песна.[5]
„Гледај ме, мило либе“ - македонска народна песна.[6]
„Ајде ќе те прашам“ - македонска народна песна.[7]
„Абер дојде од Тетово“ - македонска народна песна.[7]
„Таму ле, мајко, близу Битола“ - македонска народна песна.[8]
„Што ми е мило и драго“ - македонска народна песна.[9]
„А бре Македонче“ - македонска народна песна.[10]
„Затвореничка песна“ - македонска народна песна.[11]
„Сиет се писае, мамо“ - македонска народна песна.[12]
„Темен се облак зададе“ - македонска народна песна.[13]
Партизаните како тема во книжевноста [ уреди | уреди извор ]
„Партизанско утро“ — песна на македонскиот поет Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[14]
„Марама црвена како крв“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез .[15]
„Два збора“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[16]
„Курирот и шумата“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[17]
„Утрински разговор“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[18]
„Девојчето ѝ вели на пролетта“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[19]
„Песната“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески .[20]
„Сончева долина (балада)“ — песна на Блаже Конески.[21]
„Со партизаните “ — книга на хрватскиот писател Владимир Назор .[22]
„За борците“ — песна на македонскиот поет Живко Николовски .[23]
„Празнична“ — песна на македонскиот поет Живко Николовски.[24]
„Партизанска искра “ (руски: Партизанская искра ) - советски филм од 1957 година, во режија на Алексеј Масљуков и Мечислава Мајевска .[25]
„Партизански приказни “ (српски: Партизанске приче ) - југословенски филм од 1960 година, во режија на Столе Јанковиќ .[26]
„Козара “ - југословенски филм од 1962 година, во режија на Вељко Булајиќ .[27]
„Битката на Неретва “ (српски: Битка на Неретви ) - југословенски филм од 1969 година, во режија на Вељко Булајиќ .[28]
„Валтер го брани Сараево “ (српски: Valter brani Sarajevo ) - југословенски филм од 1972 година, во режија на Хајрудин Крвавац .
„Сутјеска “ - југословенски филм од 1973 година, во режија на Стипе Делиќ .[29]
„Партизани “ - југословенска тв-серија од 1974 година.[30]
„Ужичка Република “ - југословенски филм од 1974 година, во режија на Жика Митровиќ .[31]
„Врвовите на Зеленгора “ (српски: Врхови Зеленгоре ) - југословенски филм од 1976 година, во режија на Здравко Велимировиќ .[32]
„Бошко Буха “ - југословенски филм од 1978 година, во режија на Бранко Бауер .[33]
„Партизанска ескадрила “ - југословенски филм од 1979 година, во режија на Хајрудин Крвавац .[34]
„Падот на Италија “ (српскохрватски: Pad Italije ) - југословенски филм од 1981 година, во режија на Лордан Зафрановиќ .
„Игманскиот марш “ (српски: Игмански марш ) - југословенски филм од 1983 година, во режија на Здравко Шотра .[35]
„Десантот на Дрвар “ (српскохрватски: Десант на Дрвар ) - југословенски филм од 1963 година, во режија на Фадил Хаџиќ .[36]
↑ Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо . Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 54.
↑ Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо . Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 62.
↑ Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 131.
↑ Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 131-132.
↑ Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 132-133.
↑ Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 133-134.
↑ 7,0 7,1 Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 134.
↑ Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 134-135.
↑ Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 135.
↑ Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 135-136.
↑ Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 136.
↑ Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 136-137.
↑ Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 137-138.
↑ Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди , Нов свет, Скопје, 1981, стр. 43.
↑ Григор Витез, Песни . Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 84.
↑ Григор Витез, Песни . Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 85.
↑ Григор Витез, Песни . Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 85-87.
↑ Григор Витез, Песни . Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 87.
↑ Григор Витез, Песни . Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 85.
↑ Блаже Конески, Поезија . Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 37-38.
↑ Блаже Конески, Поезија . Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 43-45.
↑ Јунак над јунаци , Култура, Скопје, 1967.
↑ Живко Николовски, Низа ситно нанижана . Скопје: Детска радост, 1985, стр. 32.
↑ Живко Николовски, Низа ситно нанижана . Скопје: Детска радост, 1985, стр. 40.
↑ IMDb, Partizanskaya iskra (1957) (пристапено на 23.12.2019)
↑ IMDb, Partisan Stories (1960) (пристапено на 23.12.2019)
↑ IMDb, Kozara (1962) (пристапено на 23.12.2019)
↑ IMDb, The Battle of Neretva (1969) (пристапено на 23.12.2019)
↑ IMDb, The Battle of Sutjeska (1973) (пристапено на 23.12.2019)
↑ IMDb, Partizani (пристапено на 23.12.2019)
↑ IMDb, Guns of War (1974) (пристапено на 23.12.2019)
↑ IMDb, The Peaks of Zelengore (1976) (пристапено на 23.12.2019)
↑ IMDb, Bosko Buha (1978) (пристапено на 12.1.2020)
↑ IMDb, Partizanska eskadrila (1979) (пристапено на 23.12.2019)
↑ IMDb, Igmanski mars (1983) (пристапено на 23.12.2019)
↑ IMDb, Desant na Drvar (1963) (пристапено на 23.12.2019)