Микеланџело Буонароти
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Микеланџело ди Лудовико ди Леонардо ди Буонароти Симони, познат како Микеланџело (Капрезе, Тоскана, 7 март 1475 - Рим, 18 февруари 1564) бил италијански ренесансен сликар, скулптор, поет и архитект, представник на Фирентинската школа.
Микеланџело е роден во 1475 вo Капрезе, мал град вo Тоскана. Поголемиот дел од животот го поминува во Фиренца и Рим, каде работи воглавно по порачка на папата и на фамилијата Медичи. Уште додека бил жив Микеланџело е сметан за најзначајниот уметник во тоа време, поради што му било овозможено да учествува во повеке проекти. Починал на 18 февруари, 1564 во Рим.
[уреди] Творештвото на Микеланџело
Творештвото на Микеланџело го одликува идеалите за физичката и духовната моќ и трагедијата, што е катактеристично за доцната ренесанса.
Негови најпознати скулптури се „Давид“, „Мојсеј“, фигурите „Ноќ“, „Ден“, „Зора“ и „Зрак“ во гробницата на Медичи. Најпознати портрети се тие на Лоренцо и Џулијано ди Медичи.
Автор е на прочуената слика на ѕид во Сикстинската капела, а како најнарактеристична е олтарната композиција „Страшниот суд“.
Творбите во архитектурата на Микеланџело се одликуваат со динамичност, пластичност и богати детали. Такви се гробниците на Медичи во црквата „Сан Лоренцо“, фасадата на црквата и библиотеката („Лауренцијана“), плоштадот „Капитол“ во Рим, неговото дело е значајно и во уредувањето на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан и други.
| Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |


