Џо Сатријани

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џо Сатријани

Сатријани во живо на 4 февруари 2005.
Биографски податоци
Познат(а) и како Сач (Satch)
Професор Сачафанкилас (Professor Satchafunkilus)
Роден(а) 15 јули 1956
Вестбери, Њујорк
Жанрови Инструментален рок, хард рок, хеви метал
Занимања Музичар, текстописец, продуцент, учител по гитара
Инструменти Гитара, бас, клавијатури, вокал, хармоника, банџо, харфа
Период на активност 1978–денес
Издавачи Sony, Epic, Relativity
Соработници Алис Купер, Мик Џегер, Deep Purple, Стив Ваи, Г3, Семи Хегар, Chickenfoot, Џејсон Бекер
Мреж. место Официјално веб-место
Значајни инструменти
Ibanez JS

Џозеф Сатријани (англиски: Joseph Satriani) (роден на 15 јули 1956 година во Вестбери, Њујорк) е американски мулти-инструменталист, најпознат како инструментален рок гитарист со многу номинации за Греми награди. Неговата вештина и долгогодишна посветеност на занаетот го удостоија со углед на гитарист кој „растура„ со гитарата. Во почетокот на својата кариера, Сатријани работел како инструктор за гитара, а некои од неговите ученици станале многу познати по своите вештини (Стив Ваи, Том Морело, Лери ЛаЛонде, Кирк Хамет, Чарли Хантер, Кевин Кадоган, Алекс Сколник). Сатријани, во музиката, бил водечка сила за неговите соработници во текот на својата кариера како основач на постојано- променливото трио G3 со кое одел на турнеи, како и во настапувањето на различни позиции со други музичари.

Во 1988 година, Мик Џегер го регрутирал Сатријани како соло гитарист за неговата прва солистичка турнеја. Подоцна, во 1994 година, Сатријани бил соло гитарист во Deep Purple.Сатријани, на неговите годишни G3 Jam концерти работел со гитаристи од различни музички жанрови: Стив Ваи, Џон Петруци, Ерик Џонсон, Лери ЛаЛонде, Ингви Малмстеен, Брајан Меј, Патрик Рондат, Енди Тимонс, Пол Гилберт, Адриан Лег и Роберт Фрип. Тој во моментов е соло гитарист во супер групата Chickenfoot. Иако поседува свој лесно препознатлив стил, Сатријани бил под влијание на блуз-рок иконите како Џими Хендрикс, Ерик Клептон, Џими Пејџ, Ричи Блекмор и Џеф Бек. Сатријани користи свои сопствено дизајнирани гитари,“ Ibanez JS“ сериите кои се широко распространети низ продавниците. Тој има и свои серии на засилиувачи Peavey JSX и свои Vox педали: Satchurator, Time Machine и Big Bad Wah.

Биографија[уреди]

Сатријани свири во Чиле, 2003

Сатријани бил инспириран да свири гитара на четиринаесет години, веднаш по смртта на Џими Хендрикс. Познато е дека за смртта дознал за време на фудбалски тренинг кога му се спротиставил на тренерот и му рекол дека се откажува од фудбалот за да свири гитара. Во 1974 година, Сатријани студирал музика со џез гитаристот Били Бауер и самотниот џез пијанист Лени Тристано. Тристано кој барал техника, имал големо влијание врз свирењето на Сатријани. Сатријани почнал да подучува со неговиот најпознат ученик и другар Стив Ваи кој бил роден на Лонг Ајленд. Додека го подучувал Ваи, студирал на колеџот за музика Five Towns College.

Во 1978 година, Сатријани се преселил во Беркли, Калифорнија со цел да изгради своја музичка кариера, а Ваи се префрлил да студира на музичкото училиште Беркли и наскоро по завршувањето станал гитарист на високо ниво, прво со Френк Запа, а подоцна со други групи, како и соло.

Наскоро по пристигнувањето во Калифорнија, Сатријани продолжил со подучувањето. Негови ученици биле: Ваи, Кирк Хамет од Metallica, Дејвид Брисон од „Counting Crows“, Кевин Кадоган од „Third Eye Blind“, Лери ЛаЛонде од „Primus“/“Possessed“, Алекс Сколник од „Testament“, Рик Хунолт од поранешен член на „Exodus“, Фил Кетнер од „Lääz Rockit“, Џеф Тисон од „T-Ride“ и Чарли Хантер.

1980ти[уреди]

Во 1980 година, кога неговиот другар и поранешен ученик Стив Ваи достигнал слава свирејќи со Дејвид Ли Рот, со воодушевување зборувал за Сатријани во неколку интервјуа за списанија за гитари, како и за списанието Guitar World. Во 1987 година, вториот албум на Сатријани Surfing with the Alien создал популарни радио хитови и бил првиот инструментален албум кој со години се задржал високо на листите.Во 1988 година, Сатријани му помогнал на дет-метал бендот Possessed да создаде EP „The Eyes of Horror“.

Во 1989 година, Сатријани го издал албумот Flying in a Blue Dream. Композицијата „One Big Rush“ била дел од саундтракот на филмот Say Anithing од Камерон Крови, The Forgotten Part II била дел од реклама на Labatt Blue во Канада во 1993 година. Композицијата „Can’t Slow Down“ била дел од шоуто на Дон Џонсон „Nash Bridges“.

1990ти[уреди]

Во 1992 година, го пуштил во продажба The Extremist, неговиот критички докажан и комерцијално успешен албум до ден денес. „Summer Song“ бргу станала хит радио станиците низ земјата,а исто така била искористена во реклама на „Sony“ за нивните „Discman“ преносливи CD плеери. „Cryin“, „Friends“ и насловната нумера биле исто така, локални хитови на радио.

На крајот на 1993 година, Сатријани им се придружил на „Deep Purple“ за време на јапонската турнеја на бендот како привремена замена за покојниот гитарист Ричи Блекмор. Концертите биле успешни и на Сатријани му било понудено да биде постојан член на бендот, но тој одбил бидејќи имал потпишано договор за мулти-албум соло со Sony,а на неговото место во „Deep Purple“ го презел Стив Морс.

G3[уреди]

Сатријани со Г3 во Милано, 2004

Во 1996 година, Сатријани ја создал G3, концертна турнеја која вклучувала моќно трио од тројца инструментални рок гитаристи.Во оригиналната екипа биле Сатријани, Ваи и Ерик Џонсон. G3 турнејата продолжила периодично по нејзината воведна верзија, нејзин постојан член бил Сатријани, а другите два члена се менувале. Други гитаристи кои учествувале во G3 помеѓу другите биле и Стив Ваи, Ерик Џонсон, Ингви Малмстеен, Џон Петруци, Кени Вејн Шеперд, Роберт Фрип, Енди Тимонс, Ули Џон Рот, Мајкл Шенкер, Адриан Лег и Пол Гилберт.

Во 1998 година, Сатријани го издал албумот Crystal Planet кој се навраќал на звукот кој потсетувал на неговите дела од доцните 80ти. По „Planet“ го издал Engines of Creation, едно од неговите поекспериментални дела кој содржи музика од жанрот Electronica. За време на наредната турнеја, во Филмор во Сан Франциско биле снимени неколку шоуа во декември 2000 година и биле издадени како албум во живо на два диска и DVD насловени Live in San Francisco.

Сатријани, Стив Ваи и Џон Петручи, на Г3 Мелбурн, 2006

2000 година и понатаму[уреди]

Во наредните неколку години, Сатријани постојано снимал и издавал еволвирачка музика вклучувајќи ги албумите „Strange Beautiful Music“ во 2002 година и Is there Love in Space? во 2004 година.

Во 2006 година, Сатријани ги снимил и ги издал албумите Super Colossal и Satriani Live!, албум на два диска и DVD снимен на 3 мај 2006 година во Анахеим, Калифорнија.

На 7 август 2007 година, Epic/Legacy Recordings повторно го издале албумот „Surfing with the Alien“ по повод 20 годишнината од неговото издавање. Албумот содржел два диска кои го вклучувале обновениот албум и DVD од претходниот никогаш порано прикажан настап на Montreux Jazz Festival во 1988 година.[1]

Најновиот албум на Сатријани Professor Satchafunkilus and the Musterion of Rock, е издаден на 1 април 2008 година.[2]

На 2 февруари 2010 година, Сатријани издаде ДВД снимка во живо од концерт во Париз т.н. Live in Paris": I Just Wanna Rock“ како и сет од два диска.[3]

Во март 2010 година, Сатријани ќе учествува на т.н. турнеја „Experience Hendrix Tribute Tour“ на која ќе се свири музика напишана и инспирирана од Џими Хендрикс.[4][5]

Кршење на авторско право[уреди]

На 4 декември 2008 година, Сатријани покренал судска постапка против „Coldplay“ поради кршење на авторските права во федералниот суд на Соединетите Држави за централната област на Калифорнија.

Во постапката, Стариани тврди дека песната Viva la Vida содржи „суштински и оригинални делови„ од песната If I Could Fly на Сатријани од албумот „Is There Love in Space?“ издаден во 2004 година. Песната на „Coldplay“ има добиено две греми награди за „Песна на годината“.[6] Coldplay го одбиле обвинението.[7][8][9] Подоцна тие постигнале договор и случајот бил разрешен.[10]

Други ангажмани[уреди]

Џо Сатријани со Стјуарт Хам на концерт во Ријнхал во Арнем (12 јуни, 2008)

Сатријани учествувал на многу други албуми вклучувајќи ги гитарските задолженија во албумот на Алис Купер Hey Stoopid од 1991 година, албумот на „Spinal Tap“ „Break Like the Wind“од 1992 година, во „Imaginos“албумот на „Blue Öyster Cult“ од 1988 година, како и во соло албумите на членовите на бендот Сту Хам и Грег Бисонет.Интересно е тоа што бил задолжен да пее пратечки вокали на деби албумот на „Crowded House“ од 1986 година. Во 2003 година, тој свирел соло гитара на промоцијата на албумот „Birdland“ на „The Yardbirds“.Во 2006 година, Сатријани се појавил во песни од двојниот CD/DVD соло диск „Gillan’s Inn“ на вокалистот на „Deep Purple“ Иан Гилан.Во албумот „Systematic Chaos“од 2007 година на „Dream Theater“, Сатријани учествувал со цитирање на стихови во песната „Repentance“. Сатријани учествувал со гитарска соло изведба на промоцијата на соло албумот на Џордан Рудс „Rhythm of Time“ во 2004 година.

Тој учествувал и во филмот на Кристофер Гест „For Your Consideration“ како гитарист во бендот кој свирел во вечерното шоу.[11]

„Chickenfoot“[уреди]

На 29 мај 2008 година било откриено дека Сатријани заедно со поранешните членови на Van Halen, Семи Хагар и Мајкл Ентони, како и тапанарот на Red Hot Chili Peppers, Чад Смит, го сочинувале новиот хард- рок бенд „Chickenfoot“. Бендот бил составен од Хагар на вокали, Сатријани на гитара, Ентони на бас и Смит на тапани.[12] Нивниот деби албум бил издаден на 5 јуни 2009 година.[13] Првата песна и спот од овој албум, била песната „Oh Yeah“ која исто така била пуштена на „Tonight Show With Conan O’Brien“ на 5 јуни 2009 година. Сатријани ги напишал сите текстови од деби албумот на бендот.[14] Кога списанието „Broken Records“ во „volume 1 issue 3“ го прашале Сатријани за неговиот нов бенд, тој ентузијастички споменал „беше многу забавно“ и дека го „удира во музичката коска“ кога свири со толку големи таленти. Тој рекол дека е природно да се повлече и повеќе да свири ритам гитара отколку соло гитара.

Техника и влијание[уреди]

Сатријани е познат како технички напреден рок гитарист,а во некои дела е опишан и како виртуоз на гитара.[15][16] Тој надвладела многу техники на изведба како легато, two-handed tapping и arpeggio tapping, крешендо,хармоника и екстремни ефекти со тремоло рачката. Една од неговите препознатливи композициски особини е употребата на „pitch axis theory“, која ја употребува на разни начини. Во текот на брзите преминувања, Џо практикува легато техника (која првично се постигнува со hammer-ons and pull-offs . Тој исто така е вешт и во други техники поврзани со брзината, како брзото, наизменично picking и sweep picking, но не ги користи често.

Сатријани има добено 14 греми номинации[17] и има продадено повеќе од 10 милиони албуми низ целиот свет.[18] Многу негови пријатели го викаат Satch, скратено од Satriani.

Самиот Сатријани е влијателен гитарист,[19] но и тој имал многу влијанија како џез гитаристите Џанго Реинхарт, Вес Монтгомери, Алан Холдсворт и Чарли Кристијан[20] и рок гитаристите Џими Хендрикс[21], Ерик Клептон, Џими Пејџ, Џеф Бек и Ричи Блекмор.[22]

Опрема[уреди]

Сатријани ги создал гитарите Ibanez’s JS Series и засилувачите „Peavey’s JSX“. Двете линии биле специјално дизајнирани како потпишани производи за Сатријани. Ibanez JS100 е основан врз и го заменил моделот „Ibanez540 Radius“ кој Сатријани најпрво го создал. Меѓутоа, Сатријани користи различна опрема. Многу негови гитари се направени од Ibanez, вклучувајќи ги JS1000 и JS1200. Овие гитари ги имаат типичнитекарактеристики на DiMarzzio PAF Pro (која ја користел до 1993 во позицијата на вратот и на кобилицата), „DiMarzzio Fred“ (која ја користел во позицијата на кобилицата од 1993 до 2005 година) и „Mo’Joe“ како и „Paf Joe“ (кои ги користи во позициите на вратот и на кобилицата наизменично, од 2005 година до ден денес). „JS“ гитарите се негова потпишана линија и имаат „EdgePro“ карактеристики кој е ексклузивен вибрато систем на „Ibanez“, иако тој секогаш го користел „Original Edge“ на неговите гитари.Гитарата со која бил најчесто поврзуван во текот на деведесетите била chrome-finished гитара со прекар „Chrome Boy“ (овој инструмент може да се види на ДВД-то „Live in San Francisco“). Меѓутоа, гитарата што ја користел на најмногу концерти била слична со прекар „Pearly“ која имала карактеристики на „Seymour Duncan Pearly Gates“ магнети.

Сатријани исто така користи и голем број други JS модели како JS моделот со двоен врат, „JS700“ виден на турнејата „Joe Satriani“ во 1995 година, кој се состои од поправена кобилица, P-90 магнети и складни махагонови тело и врат), „JS6/JS6000“ (природно тело), „JS1“ (оригинален „JS“ модел), „JS2000“ (модел со поправена кобилица), голем број на „JS100“, „JS1000“ и „JS1200“ со обична боја и голем број на „JS“ прототипови. Џо свирел на црвен „JS“ модел со 7 жици кој бил забележан на DVDто „G3 Live in Tokyo“ од 2005 година. Тој исто така има „JS“ прототип од верзијата 24-fret кој го користел со „Chickenfoot“ и кој сега го носи името „JS-2400“.

Сатријани и бендот

Сатријани има користено голем број на засилувачи во текот на годините, Marshall Amplification го користел како главен засилувач ( ограничената верзија од моделот „6100LM“ во плава боја) до 2001 година и неговите авторски „Peavey“ серии на засилувачи, „Peavey JSX“ и други. „JSX“ моделот започнал да постои како „PeaveyXXX“ прототип, а потоа станал авторски „Peavey“ модел на Џо Сатријани и е достапен во продавниците. Меѓутоа, во студиото, Џо Сатријани низ годините користел и многу други засилувачи. Во нив, меѓу другите спаѓаат и „Peavey 5150“ (употребен за снимањето на песната „Crystal Planet“), „Cornford“ и „Mesa/Boogie Mark IIC+“ (употребен за снимањето на песната „Flying in a Blue Dream“). Неодамна, Сатријани почнал да ги користи „Marshall JVM“ сериите. Во неговите педали за ефекти спаѓаат:“Vox wah“, „Dunlop Cry Baby wah“, „RMC Wizard Wah“, „Digitech Whammy“,“ BK Butler Tube Driver“, „BOSS DS-1“, „ BOSS CH-1“, „BOSS CE-2“, „BOSS DD-2“ и стандарден „BOSS DD-3“, „BOSS BF-3“, „BOSS OC-2“, „Barber Burn Drive Unit“, „Fulltone Deja Vibe“, „Fulltone Ultimate Octave“ и „Electro-Harmonix POG“.

Сатријани склопил договор со Planet Waves да создаде авторска линија на трзалки за гитара и каиши за гитара според сопствените нацрти.

Иако Сатријани има свој потпис на „JSX“, тој користел и многу други засилувачи за време на снимањата во студио вклучувајќи го и „Peavey Classic“. Тој користел „Marshall “ штимери и во живо, пред да стане заштитно лице на „Peavey“.

Периодични теми[уреди]

Сатријани на концерт во Ријнхал во Арнем (12 јуни, 2008)

Делата на Сатријани често се однесуваат на разни приказни и идеи од научната фантастика. „Surfing with the Alien“, "Back to Shalla-Bal" и "The Power Cosmic 2000" се однесуваат на ликот од комедичната книга „Silver Surfer“, додека пак, „Ice 9“ се однесува на леденото оружје на владата од книгата Cat’s Cradle на Курт Вонегут. Borg Sex се однесува на Star Trek,која содржи хомогена кибернетичка трка позната како „Borg“. Неговите песни и албуми, често имаат друго-светски наслови како „Not of this Earth“, „Crystal Planet“, „Is there Love in Space?“ и „Engines of Creation“.

Песната „Crowd Chant“ од албумот „Super Colossal“, оригинално била наречена „Party of the Enterprise“. „Party of the Enterprise“ содржи звуци од вселенскиот брод „Enterprise“ од ТВ серијата „Ѕвездени патеки“. Но, како што Сатријани има изјавено, правните прашања во врска со овие звуци не биле разрешени и тој не можел да добие дозвола да ги искористи.[23] Тогаш Сатријани ги тргнал звуците од песната и ја нарекол „Crowd Chand“. Оваа песна се користи како музика за прославување на даден гол од многу тимови на хокејската лига, вклучувајќи го и тимот „Minnesota Wild“.[24]

"Redshift Riders" е уште една песна од албумот „Super Colossal“ и како што изјавил Сатријани „песната е базирана на идеата дека во иднина, кога луѓето ќе може да патуваат во вселената, тие теоретски кего искористат „redshift“ ефектот за да може да се вртат околу големите планетарни објекти и да се движат низ универзумот многу побрзо од нормалното“.[25]

Во песната „I Just Wanna Rock“ од албумот „Professor Satchafunkilus and the Musterion of Rock“, се работи за џиновски робот во движење кој случајно наидува на рок концерт.[26]

Филантропија[уреди]

Во 2006 година, Сатријани се потпишал како официјален подржувач на Little Kids Rock, непрофитабилна организација која обезбедува бесплатни музички инструменти и инструкции за децата во училиштата низ С.А.Д. кои немаат можност сами да ги обезбедат овие услови. Сатријани лично, донирал инструменти на децата во оваа програма како облик на донација за организацијата и тој, како и Стив Ваи се почесни членови на бордот на директори на организацијата.

Награди и номинации[уреди]

Номинации[уреди]

Сатријани е втор по број на номинации за Греми наградите (15) без да победи.[27][28]

Номинации
Година Албум Категорија
1989 Always With Me, Always With You Најдобра инструментална поп изведба
Surfing with the Alien Најдобра инструментална рок изведба
1990 The Crush of Love Најдобра инструментална рок изведба
1991 Flying in a Blue Dream Најдобра инструментална рок изведба
1993 The Extremist Најдобра инструментална рок изведба
1994 Speed of Light Најдобра инструментална рок изведба
1995 All Alone Најдобра инструментална рок изведба
1997 (You're) My World Најдобра инструментална рок изведба
1998 Summer Song (во живо) Најдобра инструментална рок изведба
1999 A Train of Angels Најдобра инструментална рок изведба
2001 Until We Say Goodbye Најдобра инструментална рок изведба
2002 Always With Me, Always With You (во живо) Најдобра инструментална рок изведба
2003 Starry Night Најдобра инструментална рок изведба
2006 Super Colossal Најдобра инструментална рок изведба
2008 Always With Me, Always With You (во живо) Најдобра инструментална рок изведба

Дискографија[уреди]

Соло албуми[уреди]

Година Детали Рангирање Сертификации
САД АВТ[29]
1986 Not of This Earth
1987 Surfing with the Alien 29 10 САД: Платинест[30]
1989 Flying in a Blue Dream 23 21 САД: Златен[30]
1992 The Extremist 22 29 САД: Златен[30]
1993 Time Machine 95 САД: Златен[30]
1995 Joe Satriani 51
1998 Crystal Planet 50
2000 Engines of Creation 90
2002 Strange Beautiful Music 140
2004 Is There Love in Space? 80
2006 Super Colossal 86
2008 Professor Satchafunkilus and the Musterion of Rock 89
"—" значи дека не е рангиран.

EP-ја[уреди]

Година Детали Рангирање Сертификации
САД
1984 The Joe Satriani EP
1988 Dreaming #11 42 САД: Златен[30]
2000 Additional Creations
"—" значи дека не е рангиран.

Компилации[уреди]

Година Детали
1993 The Beautiful Guitar
2003 The Electric Joe Satriani: An Anthology
2005 One Big Rush
2008 Joe Satriani Original Album Classics

Албуми во живо[уреди]

Година Детали
1993 Time Machine
2001 Live in San Francisco
2006 Satriani Live!
2010 Live In Paris: I Just Wanna Rock

Соработка со други изведувачи[уреди]

Година Изведувач Албум
1986 Crowded House Crowded House
Грег Кин Love And Rock And Roll
1987 Дени Готлиб Aquamarine
1988 Стјуарт Хам Radio Free Albemuth
Blue Öyster Cult Imaginos
Possessed The Eyes of Horror (продуцент)
1991 Алис Купер Hey Stoopid
1992 Spinal Tap Break Like the Wind
1996 Пат Мартино All Sides Now
Грег Кин King Biscuit Flower Hour
1997 Стив Ваи / Ерик Џонсон G3: Live in Concert
Стив Ваи / Алеџ Лајфсон / Џо Пери Merry Axemas Volume 1
2003 Стив Ваи / Ингви Малмстин G3: Rockin' in the Free World
The Yardbirds Birdland
2004 Jordan Rudess Rhythm of Time
2005 Стив Ваи / Џон Петручи G3: Live in Tokyo
2006 Ијан Гилан Gillan's Inn
Particle Transformations Live for the People
2007 John 5 The Devil Knows My Name
Dream Theater Systematic Chaos
Stanley Clarke Guitar Masters, Vol. 1
Jordan Rudess Magna Carta Guitar Greats, Vol. 1
2008 Funtwo Youtube live
2009 Chickenfoot Chickenfoot

Наводи[уреди]

  1. joe satriani - discography > surfing with the alien
  2. NEW MUSIC BLOG: Joe Satriani | musicradar.com
  3. http://www.satriani.com/discography/Live_In_Paris-I_Just_Wanna_Rock/
  4. satriani.com
  5. experiencehendrixtour.com
  6. http://grammy.com/grammy_awards/51st_show/list.aspx
  7. http://www.coldplay.com/newsdetail.php?id=242, retrieved 10 декември 2008.
  8. Guitarist Satriani sues Coldplay
  9. Coldplay Sued By Joe Satriani For Allegedly Plagiarizing 'Viva La Vida' Melody », peoplestar.co.uk, Retrieved on 2008-12-06.
  10. Coldplay copyright case 'settled'“, „BBC News“, 16 септември, 2009 (конс. 6 мај, 2010).
  11. http://www.imdb.com/title/tt0470765/fullcredits, Talk Show Guitarist, проверено на 28 октомври 2009
  12. http://allthingsloud.blogspot.com/
  13. Van Halen, Red Hot Chili Peppers Launch New Project | News @ Ultimate-Guitar.Com
  14. Joe Satriani home news
  15. Rock Guitar World: Joe Satriani
  16. CANdYRAT Records
  17. joe satriani - home > news
  18. Joe Satriani Interview
  19. Harmony Central 21 април, 2008 Real "Guitar Hero" Joe Satriani turns Teacher at WorkshopLive.com
  20. http://www.steveadelson.com/index.php?sec=reports&sub=interviews&tmp=interview.php&f=%2Fcontent%2Finterviews%2Fsatriani-110102.php
  21. http://www.beat-a-go-go.com/story/2006/5/3/111454/0700
  22. http://www.bbc.co.uk/tyne/music/2004/06/satriani_interview.shtml
  23. http://www.sonymusic.com/artists/JoeSatriani/podcast/super_colossal/13_crowd_chant_podcast.mp3
  24. http://www.minnesotawild.com
  25. http://www.sonymusic.com/artists/JoeSatriani/podcast/super_colossal/04_redshift_riders_podcast.mp3
  26. http://myplay.com/artists/joe-satriani/bio#review-form
  27. Rock On The Net: Grammy Awards: Best Rock Instrumental Performance
  28. Rock On The Net: Grammy Awards: Best Pop Instrumental Performance
  29. http://australian-charts.com/search.asp?search=Joe+Satriani&cat=a
  30. 30,0 30,1 30,2 30,3 30,4 http://www.riaa.com/goldandplatinumdata.php?table=SEARCH_RESULTS

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: