Цар
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
|
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Цар (бугарски: цар, руски: царь, украински: цар, хрватски: car, српски: цар/car, во научната транслитерација car) и повремено спелуван како csar или Tzar на англиски е термин со потекло од латинскиот термин Cæsar (цезар или кајзер) значи Император во европската средновековна смисла на зборот, т.е., владетел кој тврди дека го има истиот ранг како Римскиот император, со одобрение на друг император или врховен еклезијастички претставник (Папата или Екуменскиот Патријарх).
Пред да ја прифатат Римските императори титулата Цезар или Кајзер, зборот “Кајзер/Kaisar", бил името што му е дадено на третиот крал од Медејците (денешните Курди), Кијаксар, 625-585 п.н.е. Од древни времиња, во курдскиот јазик, името Кијаксар имало различни значења и изговори, вклучувајќи го името Кеј-Касро, кое се користи од Курдите како име за личност. Тоа буквално значи „крал“, кој е автократ. За повеќе информации околу врската меѓу зборот Цезар и Кијаксар треба да се разгледа историјата на Медејците, нивниот последен период и историјата на Римската Империја во Средниот Исток.
Повремено зборот се користи за да означи други, нехристијански, врховни владетели. Во Русија и Бугарија, империјалните придружни значења (т.е. конотации) во 19-тиот век добил значење еквивалентно на зборот крал.
Оваа титула на врховен владетел се користела во следните европски земјо:
- Бугарија во 913–1018, во 1185–1422 и во периодот 1908–1946
- Србија во 1346–1371
- Русија од околу 1547 се до 1721 (заменета во 1721 со император, но остана во општа употреба се до 1917).
Симеон Саксобуршки-Гота, последниот Цар на Бугарија, е единствениот жив човек, кој ја има словенската титула Цар.
Значење во словенските јазици [уреди]
Наспроти соодветниот латински збор "imperator", византискиот грчки термин basileus беше користен различно во зависност од тековниот политички контекст или од историскиот или библискиот контекст. Во историјата на грчкиот јазик, зборот басилеус/василевс оригинално значеше нешто како „моќник“ (potentate = суверен, монарх) и постепено се доближи до значењето на зборот „крал“ во Хеленистичкиот период, па се користеше за да означи „император“ во почетокот на Римската Империја. Како последица на тоа, византиските извори продолжија да ги нарекуваат древните кралеви со "basileus", дури и во случаевите кога тој збор почна да значи „император“, зашто се однесуваше на современите монарси (додека не беше применет на Западните европски кралеви, чија титула беше транслитерирана од латинското "rex" како ῥήξ, или на другите монарси чии именувања беа како архон/ ἄρχων "лидер", "главешина".)
Бидејќи грчкото "basileus/василевс" постојано беше давано како „цар“ во словенските преводи на грчките текстови, двојното значење се префрли во Црковниот словенски јазик. Оттаму, „цар“ не беше користен само како еквивалент на латинското "imperator" (во однос на владетелите на Византиската Империја, Светата Римска Империја и другите тамошни владетели), туку исто така беше користен за означување на библиски владетели и древни кралеви.
Од оваа нејаснотија, развојот тргнал во различни насоки кај различни словенски јазици. Така во бугарскиот и рускиот јазик зборот цар повеќе не се користи како еквивалент за зборот emperor/imperator, кој постои во западноевропската (латинска) традиција. Моментално, терминот цар се однесува на оние кои по потекло се суверени, древни и библиски владетели, како и монарси во бајките и слично. Титулата крал (руското korol', бугарското kral) се смета како туѓа и е резервирана за (Западните) Европски кралски семејства (и се проширува на оние модерни монарси надвор од Европа, чии титутли се преведени како king на англиски, roi на француски итн.). Надворешните монарси со империјален статус, во и надвор од Европа, древни и модерни, генерално повеќе се нарекуваат императори отколку цареви.
Наспроти ова, во српскиот јазик (заедно со блиску поврзаните хрватски и босански јазици) зборот "emperor" (Latinimperator) го предаваат како (car, цар), а не како император, при што еквивалентот king (kralj, краљ) се користи за да означи монарси со неимперијален статус, српски како и туѓи, вклучувајќи ги библиските и другите древни владетели – исто како латинското "rex". Во западнословенските јазици и словенскиот јазик, употребата на термините е идентична со англиската и германската: кралот е означен со еден термин (чешки král, словачки král' , полски król, словенски kralj), императорот е означен со друг, а пак егзотичниот термин „цар“ е резервиран за руските владетели.
| Византиско царство | ||
| Византиска култура | Историја на Византија | Уредување на Византија |
|---|---|---|
|
Архитектура |
Константин I | Теодосиј I | Јустинијан I |
|

