Петре Наковски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Петре Наковскимакедонски романописец и преведувач.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Наковски е роден на 17 јули 1937 година во с. Крчишта, Костурско, Егејска Македонија. Педагошки лицеј завршил во Полска, а Филолошки факултет во Скопје. Докторирал на Институтот за политички науки на Вроцлавскиот универзитет во Полска. Бил новинар во весниците „Вечер“ и „Нова Македонија“. Работел во Министерството за надворешни работи на Република Македонија. Бил амбасадор на Република Македонија во Република Полска. Член на ДПМ од 1989 година. Автор е на книгите: Постела за чемерните (роман, 1985), Македонски деца во Полска 1948-1968 (докторски труд, 1987), И каменот е земја (роман, 1988). Добитник е на наградите: „Златно перо“, Награда на полските автори и полските одликувања: „Златен медал за заслуги за полската култура“ и „Златен орден на командоријата“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 172.