Дража Михаиловиќ
Драгољуб Михаиловиќ - Дража, исто така познат како "Вујко Дража", бил југословенски, односно српскиот генерал. За време на Балканските војни и Првата светска војна бил е офицер на српската војска во Кралството Србија [1].
Како тврд српски патриот се повлекол во планините во близина на Белград по Априлската војна, кога Германците го зазеле Кралството Југославија. Таму организирал групи на герилци познати како четници [2][3]. Четничката организација, официјално именуван како Југословенската армија во татковината, е основана како ројалситичко - националистичко српско движењето на отпорот и беше првата југословенска воена опозиција против напаѓачите, но до крајот на 1941 година нивното влијание било потиснато од комунистичката сили, партизаните [4]. Од почетокот на 1942 четниците започнале соработка со италијанските сили, а по падот на Италија, со германските окупациски сили [5].
По војната на Михаиловиќ му се судело и бил осуден за велепредавство и воени злосторства од страна на комунистичките југословенските власти, по што бил егзекутиран со стрелање. Бил погребен на тајна локација. Природата, обемот и одговорноста за соработка и етничките масакри остануваат контроверзни.
Михајловиќ е еден од најодликуваните офицери во историјата на модерната српска држава, последната награда му била доделена постхумно американскиот претседател Хари Труман во март 1948 година. Тој му го доделил орденот Легија за заслуга од прв степен, поради органирање и раководење на отпор против силите на Тројниот пакт во окупирана Југославија, за спасување на соборени американски пилоти, за допринос и помош за победата на Сојузниците во Втората светска војна [6].
[уреди] Извори
- ↑ Радивој Бојовић, Мала споменица поручника Драгољуба Михаиловића, Графика Јуреш, Чачак, 2003.
- ↑ encyclopedia americana vol 19 page 55
- ↑ Spartacus educational article
- ↑ http://www.bbc.co.uk/history/worldwars/wwtwo/partisan_fighters_01.shtml#two
- ↑ David Martin, Ally Betrayed: The Uncensored Story of Tito and Mihailovich, (New York: Prentice Hall, 1946), p. 34
- ↑ [1] Републичка асоцијација за неговање тековина Равногорског покрета