Андреја Консиљи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Италија Андреја Консиљи
Лични податоци
Роден на 27 јануари 1987(1987-01-27)(37 г.)
Роден во Милано, Италија
Висина &100000000000001890000001,89 м
Позиција голман
Клупски податоци
Сегашен клуб Сасуоло Сасуоло
Број 47
Агент Италија Андреја Д'Амико
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2006-2014 Аталанта Аталанта 193 (0)
2006-2007Самбенедетесе Самбенедетесе 32 (0)
2007–2008Римини Римини 35 (0)
2014- Сасуоло Сасуоло 7 (0)
Репрезентација
2006-2009 Италија Италија 21 21 (0)
2008 Италија Италија 23 3 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Андреја Консиљи (роден во Милано, 27 јануари 1987) — италијански фудбалер, голман на Сасуоло.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Рана кариера[уреди | уреди извор]

Консиљи ја започнал својата кариера во младинскиот спортски клуб Кормано; на рана возраст бил купен од страна на Аталанта, каде што ги минал сите младински категории. За време на сезоната 2005-06 бил вклучен во првиот тим како трет голман, играјќи во исто време во Примавера првенството. Сепак сезоната ја завршил без ниту еден настап во официјален натпревар за првиот тим.

Наредната сезона, на 19-годишна возраст, Консиљи ја минал на заем во Самбенедетесе во Серија Ц1, каде што станал сопственик на новиот клупски рекорд за непримен гол (444 минути).

Следната сезона, станал прв голман италијанската репрезентација под 21 година но продолжил да игра на заем сега во Римини во Серија Б, каде забележал 35 настапи. Исто така и во клубот од Ромања поставил рекорд од 633 минути без примен гол, најдолг период во историјата на клубот.

Аталанта; врќање и афирмација[уреди | уреди извор]

За време на сезоната 2008-09 младиот голман се вратил во Аталанта, каде што бил втор избор зад стартерот Копола. Откако ја поминал првата половина од сезоната на клупата, на 1 февруари 2009, го имал своето деби во Серија А на 22 годишна возраст во натпреварот Аталанта-Катанија (1-0). Тој го задржал местото во почетната постава и во следните два натпревари против Каљари и Рома и во двата ја сочувал својата мрежа празна. Добрите перформанси му помагаат да го одржи местото прв голман до крајот на сезоната. Кампањата ја завршил со 17 настапи во Серија А.

Следната сезона, Консиљи делумно како прв избор. Сепак, некои од неговите неточности довеле до наизменично менување со Копола во текот на еден период од сезоната. Сепак Консиљи имал предност и сезоната ја завршил со 31 настап и 41 примен гол. Аталанта завршила како трета оддоздола на табелата и клубот испаднал во Серија Б.

Новата сезона тој ја започнал без примен гол 373 минути (повеќе од 4 натпревари).[1] Во периодот од 22-рото коло (Виченца-Аталанта) до 29-тото коло (Торино-Аталанта), неговата мрежа останала недопрена цели 566 минути (скоро два месеци).[2]. Сезоната ја заклучил со 40 настапи (бил најдобриот играч за сезоната кај Бергамашите) и само примени 32 голови. На 29 мај, го прославил освојувањето на Серија Б-првенството по вторпат во неговата кариера, но сега со многу поголем придонес за разлика од сезоната 2005-06. Исто така бил избран во најдобрите 11 на Серија Б за сезоната 2010-2011.[3].

На 2 септември 2012 во натпреварот ФК Каљари Калчо-Аталанта одбранил два пенали во првото полувреме во растојание од 7 минути прво на Хоакин Ларивеј (првиот пенал во 21 минута), а потоа и на Даниеле Конти (29) поставувајќи личен рекорд; во второто полувреме од натпреварот се повредил во судир со соиграчот Џулјиелмо Стендардо и бил заменет од Чиро Полито во 68-мата минута.[4]

На 11 мај 2014, во натпреварот Аталанта-Милан (2-1) го забележал двестотиот натпревар за клѕбот од Бергамо.

Сасуоло[уреди | уреди извор]

На 1 септември 2014 година е официјализиран неговиот трансфер во Сасуоло, екипа од Серија А.[5] Тој го направил своето деби за нероверде на Сан Сиро против Интер, во поразот на неговиот тим со 7-0.

Титули[уреди | уреди извор]

Италија Аталанта[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Consigli, imbattibilità interrotta dopo 373'. www.tuttoatalanta.com9. 2010.
  2. „Il colpo della muleta“. Atalantini.com02. 2011.[мртва врска]
  3. „Gran Galà Top 11 Serie B 2011 a Rimini“. Calciatori-online.com4. 2011.
  4. Consigli, 11 metri da fenomeno sportmediaset.mediaset.it
  5. Trasferimenti Sassuolo Архивирано на 5 октомври 2014 г. Legaseriea.it