Адидас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Адидас АГ FWB: ADS, АДР: ББ: ADDYY) е германски производител на спортска облека и матична компанија на Адидас Групацијата (Adidas Group), која се состои од компанијата за спортска облека Рибок (Reebok), голф компанија (вклучувајќи ја и Ашворт (Ashworth) компанијата), и (Rockport). Покрај спортски обувки, компанијата произведува и други производи како што се чанти, кошули, часовници, наочари и други добра поврзани со спорт и облека. Компанијата е најголемиот производител на спортска облека во Европа и втор по големина производител на спортска облека во светот, по неговиот американскиот ривал Најк .

логото на Адидас.

Адидас е основан во 1948 година од страна на Адолф "Ади" Даслер, по поделбата на компанијата Gebrüder Dassler Schuhfabrik меѓу него и неговиот постар брат, Рудолф. Рудолф подоцна ја основал компанијата Пума, која на почетокот му беше ривал на "Адидас". Регистрирана во 1949 година, Адидас во моментов е со седиште во Херцогенаурах, Германија, заедно со Пума. Облеката и патиките на компанијата се дизајнирани обично со три паралелни линии, и истиот мотив е вметнат во моменталното официјално лого на Адидаs . Трите линии беа купени од финската спортска компанија Карху Спортс(Karhu Sports) во 1951 година. Приходите на компанијата за 2009 година беа 10.38 милијарди евра а за 2008 година изнесуваа 10,80 милијарди евра.


Историја[уреди]

Gebrüder Dassler Schuhfabrik

Aдолф "Ади" Даслер започна да произведува свои спортски патики во кујната за миење на мајка му во Херцогенаурах, Баварија, по неговото враќање од Првата светска војна. Во 1924 година, неговиот брат Рудолф "Руди" Даслер се приклучи на фирма која стана Gebrüder Dassler Schuhfabrik (Браќа Даслер, фабрика за чевли) и просперираше. Двајцата почнаа со нивната авантура во пералната на мајка им, но во тоа време, снабдувањето со електрична енергија во градот беше непостојано, и браќата понекогаш мораа да ја употребуваат силата на педалот од стационарен велосипед за да може да функционира нивната опрема.

Адидас Самба патики

За време на Летните олимписки игри во 1936, Ади Даслер возеше од Баварија на еден од првите автопати во светот до олимпиското село со куфер полн со крампонки и го убедуваше американскиот спринтер Џеси Овенс да ги користи, што преставува и прво спонзорство за еден Афроамериканец. Одкако Овенс освои четири златни медали, неговиот успех ја зацементира добрата репутација на Даслер патиките меѓу најпознатите спортисти во светот. Писма од целиот свет стигнаа на бирата на браќата, и тренерите на другите национални тимови, беа заинтересирани за нивните патики. Бизнисот напредуваше со брзо темпо и браќата Даслер продаваа по 200.000 пара патики годишно, до пред Втората светска војна.

Подоцна во Втората светска војна,фабриката за патики се префрли на производството на Панцершрек(Panzerschreck) противтенковското оружје.

Поделба на компанијата[уреди]

Двајцата браќа се приклучија кон Нацистичката партија, но Рудолф беше малку поприврзан кон партијата. За време на војната, се поголемиот јаз помеѓу двајцата достигна критична точка по бомбашкиот напад на сојузниците во 1943 година кога Ади и неговата сопруга се искачија во засолништата против бомби во кои веќе беа Рудолф и неговото семејство: "валкани гадовим, повторно се вратија", рече Ади, очигледно мислејќи на сојузничките воени авиони, но Рудолф беше убеден дека брат му мислеше за него и неговото семејство. Подоцна Рудолф бил земен од американските војници кои го обвиниле дека е член на дивизијата Вафен СС (Waffen SS), и бил убеден дека неговиот брат е оној што го предал.

Браќата се разделиле во 1947 година, со што

  • Руди формирал нова фирма која ја нарекол Руда (Ruda) - од Рудолф Даслер,подоцна ребрендирана во Пума,
  • Ади формирал компанија официјално регистрирана како "адидас АГ (со мали букви ) на 18 август 1949 година. Акронимот 'Цел ден сонувам за спорт'(All Day I Dream About Sport), иако понекогаш се смета за потекло на името "Адидас" , беше применет ретроактивно, што го прави бекроним. Името всушност е кованица формирана од "Ади" (прекар за Адолф) и "Дас" (од "Даслер") .

Аферата Тапи[уреди]

По проблематичниот период, по смртта на синот на Адолф Даслер, Хорст Даслер во 1987 година, компанијата беше купена во 1989 година од страна на француски индустријалец Бернард Taпи, за 1,6 милијарди франци (сега 243.918.000 евра), кои Taпи ги позајмил. Taпи беше во тоа време познат специјалист за спасување на компаниите под стечај, експертиза со помош на која го создаде своето богатство. Taпи одлучи да го префрли производството во Азија. Тој, исто така ја најми Мадона за промоција. Тој испратил, преставник за продажба на патики од Нов Зеланд во Германија кој се сретнал со потомците на Адолф Даслер (Амелија Рандал Даслер и Бела Бек Даслер) и бил испратен со неколку предмети за да ја промовира таму компанијата .

Во 1992 година, не можјќи да ја плати каматата за заемот, Taпи ја назначи Лионската банката да го продаде Адидас, а банката потоа го претвори заостанатиот долг во капитал во акции на компанијата, нешто што беше невообичаено за тогашната француска банкарска пракса. Очигледно, државна банка се обиделе да го ослободи Taпи од големи финансиски потешкотии како лична корист на Taпи, наводно бидејќи Taпи бил градоначалник во француската влада во тоа време.

Бернард Тапи,поранешен француски бизнисмен,кој некогаш го поседувал Адидас,но кој поради долгови морал да го продаде

Во февруари 1993 година,Лионската банката го продавала Адидас на Роберт Луис Дрејфус-, пријател на Бернард Taпи за многу повисока сума на пари од онаа што ја должел Taпи, 4.485 милијарди франци (683.514.000 евра) наместо 2.85 милијарди франци(434.479.000 евра). Taпи подоцна ја тужел банката, бидејќи смета дека бил "ограбен" од страна на индиректната продажба.

Роберт Луис Драјфус стана новиот извршен директор на компанијата. Тој исто така беше претседател на Олимпик Марсеј, екипа која Тапи ја поседувал се до 1993 година.

Тапи поднесе барање за личен банкрот во 1994 година. Тој беше предмет на неколку тужби, особено во врска со местење натпревари во фудбалскиот клуб. Во текот на 1997 година, тој помина 6 месеци од 18-месечната затворска казна во затворот Ла Санте во Париз. Во 2005 година, француските судови му доделија надомест на Taпи од 135.000.000 евра (околу 886.000.000 франци).

Пост-Тапи ера[уреди]

Во 1994 година,главен корисник стана СОС Детското село во комбинација со младинска група на ФИФА.

Во 1997 година, Адидас АГ ја оформи групацијата Саломон Груп(Salomon Group) која беше специјализирана за ски опрема, и нејзиното официјално корпорациско име беше променето во "Адидас-Саломон АГ, бидејќи со ова достигнување Адидас исто така се здоби со Тејлормејд (TaylorMade) Голф компанијата и Максфлај(Maxfli) што им дозволи да и бидат конкуренција на компанијата Најк голф.

Во 1998 година, Адидас го тужеше НСАА(NCAA) поради нивните правила кои ги ограничуваа големината и бројот на комерцијални логоа на спортските дресови и облеката. Адидас ја повлече тужбата, и двете групации формираа насоки за тоа што ќе се смета за корисно во дизајнот со трите линии на трговската марка "Адидас".

Во 2003 година, "Адидас" поднесе тужба во Британскиот суд против компанијата Фитнес Врлд (Fitness World) кои што го користеа логото со две линии, мотив сличен на "Адидас" кој е со три линии. Судот пресуди дека и покрај едноставноста на марката, користењето на компанијата Фитнес Врлд (Fitness World) со логото беше кршење на законот затоа што јавноста би можела да воспостави врска меѓу нив и марката Адидас.

Во септември 2004 година, една од најдобрите англиски модни креаторки Стела Макартни започнаа заедничка соработка со Адидас за креирање на нова линија, создавајки долгорочно партнерство со корпорацијата. Оваа линија е колекција за спортски перформанси за жени наречена "Адидас од Стела Макартни ", која била прифатена со воодушевување.

Исто така во 2005 година, на 3 мај, Адидас, изјави во јавноста дека тие ја продале нивната партнер компанија Саломон Груп за 485 милиони евра на Амер Спортс (Amer Sports) од Финска.

Во август 2005 година, "Адидас" ја кажа својата намера да го купи британски ривал Рибок (Reebok) за 3.8 милијарди американски долари. Ова преземање беше завршено со партнерство во јануари 2006 година и значеше дека компанијата ќе има деловни продажби блиски на оние на Најк во Северна Америка. Купувањето на Рибок(Reebok), исто така, ќе им овозможи на "Адидас" да се натпреваруваат со Најк во светот како број два атлетски чевлар во светот.

Корпоративното седиште на Адидас е во Германија, но има и многу други деловни локации низ светот како што се Хонгконг, Торонто, Тајван, Англија, Јапонија, Австралија и Шпанија. Иако главно се продава во САД, Адидас има многу приходи и од овие земји и се шири во повеќе прекуокенаски земји.

Во 2005 година, Адидас го претстави Адидас 1, првите произведени патики со помош на користи микропроцесор. Компанијата го произведе "Првите светски интелигентни патики", со помош на микропроцесор способен за вршење на 5 милиони калкулации во секунда, кои автоматски го прилагодуваат нивото на патиките за амортизирањата да одговараат на неговата околина. Патиките имаат потреба од мала, заменлива батерија која ќе трае за време од околу 100 часа на трчање. На 25 ноември 2005 година, Адидас објави нова верзија на "Адидас 1" со зголемен број на амортизирања, дозволувајќи им на патиките да станат помеки или поцврсти, и нов мотор со 153 проценти повеќе вртежени моменти.

На 11 април 2006 година, "Адидас" најави 11-годишен договор со НБА за да стане нивен официјален снабдувач за облека. Тие ќе направат НБА, НБДЛ, и ВНБА дресови и производи, како и обоени верзии на Суперстар(Superstar)патиките за кошарка според боите на тимовите. Овој договор (во вредност од над 400 милиони евра) го зема местото на претходниот 10-годишен договор со Рибок кој беше склучен во 2001 година.

Производи[уреди]

Трчање[уреди]

Адидас во моментов произведува неколку видови на патики за трчање, вклучувајќи ги и адистар контрол 5 (adiStar Controle 5), адистар рајдadiStar Ride) (замена за адистар кушн 6(adiStar Cushion 6)), "Супернова серијата (замена за Супернова Контрол 10 (Supernova Controle 10)), и Супернова Кушн 7 (Supernova Cushion 7) (кој наскоро ќе биде заменет од Супернова Глајд (Supernova Glide)), меѓу другите. Покрај тоа, нивната облека многу ја користат тркачите. Адидас исто така користат кожа од кенгур за да ги направат своите патики поскапи.


Фудбал[уреди]

Еден од главните фокуси на "Адидас" е фудбалскиот комплет и друга слична опрема. "Адидас", исто така, обезбедува облека и опрема за сите тимови во Големите фудбалски лиги. Адидас остана главната компанија која ги снабдуа меѓународните фудбалски тимови со опрема за фудбал.

"Адидас", исто така, прави колекции за судиите кои се користат во меѓународната конкуренција од страна на многу земји и лиги во светот. Во САД, судиите носат Адидас колекции во МЛС натпреварите иако основен снабдувач за судиите е Офишал Спорт(Official sport). Фирмата е иноватор во областа на патики за спортот со значајни примери, вклучувајќи го и развојот на копачките дизајнирани за Копа Мундијалот кои се користеле за натпревари на тврди и суви подлоги речиси 40 години. Окованиот еквивалент беше именуван по Светското првенство по повод на одбележувањето на 1978 година, кога турнирот го освои Аргентина, една од нациите каде што копачките се испорачуваа во тоа време. Некои од најпознатите фудбалски екипи во моментов се спонзорирани од Адидас.

Адидас се прочу поради унапредување на Предатор (Predator) копачките, дизајн развиен од страна на екс- играчот на Ливерпул и австралискиот меѓународен играч Грег Џонстон. Овој дизајн е опремен со ребреста гумена структура за горниот дел од кожата на чевелот, кој се користи за да го нагласи движењето на топката, кога се удира. Високо квалификувани играчи тврдеа дека биле во можност полесно да го искриват летот на топката кога го носеле овој нов дизајн .Предатор, исто така, се карактеризира со ѓонот Трекшн(Traxion) кој го измислил Грег Џонстон.

ФИФА, светското управно тело во фудбалот, нарача специјално дизајнирани фудбалски топки за употреба во нивните Светскоти првенства за да добијат поголема напаѓачка игра. Топките кои беа набавени за Светското првенство во 2006, Тимгејст(Teamgeist), беа особено значајни поради нивната способност да патуваат подалеку кога ќе се шутнат за разлика од претходните типови, што доведува до голови од поголма далечина, кои беа наменети за зголемување на бројот на постигнати голови. Се очекуваше дека голманите ќе бидат помалку задоволни од овој дизајн, тврдејќи дека топката би се движела значително брзо и непредвидливо во лет.

Адидас, исто така, рекламираше нов вид на топка за СП 2010. Топката Џабулани (Jabulani) беше дизајнирана од Универзитетот Логборуг во соработка со фудбалскиот тим Челзи. Таа доби многу критики од страна на играчите, менаџерите и експертите бидејќи било премногу тешко да се контролира. Полесната и поаеродинамичната топка доведе до многу удари кои беа пресилни. Топката Џабулани(Jabulani) беше главно обвинувана за малиот број на голови од поголема далечина во раната фаза на турнирот.

Како и гореспоменатите Предатор (Predator) копачки, "дидас исто така ги произведуваат и Ф50(F50) и адипјур(adiPure) спектарите на фудбалски копачки.

Тенис[уреди]

Адидас спонзорира тенисери и неодамна воведе нова линија на тениски рекети. Додека моделот Федер(Feather) е направен за "обичните играчи", а моделот Риспонс (Response) за "клубскиот играч", Адидас цели на "играчите на турнири" со моделот 10,2 оз Барикејд(12,2 oz Baricade) . Адидас ги спонзорира следниве професионални играчи главно со облека и патики: Ана Ивановиќ, Енди Мареј, Марија Кириленко, Каролина Возниаки, Жастин Анен, Жо-Вилфред Цонга, Динара Сафина, Даниела Хантукова, Алиша Молик, Фернандо Вердаско, Жил Симон, Фернандо Гонзалез, Флавија пенета, Лора Робсон, Мелани Удин, и Сорана Кирстеа. Адидас тениската облека ја содржи технологијата Климакул (ClimaCool) која се среќава и во другите атлетски дресови и патики.

Во ноември 2009 година Светскиот број 4 Енди Мареј беше потврден како највисоко платена ѕвезда од Адидас со 5 годишен договор во вредност од 24.5 милиони долари.

Играчите спонзорирани од Адидас можат да ги искористат предностите на Адидас програмата за подобрување на играчите, каде што компанијата им нуди на тренери, фитнес тренери и спортски психолози на играчите со цел да ја продолжи својата кариера. Оваа програма ги вклучува легендарните тренери како што се Дарен Кахил и Свен Гренвелд.

Во Синсинати, на АТП тенискиот турнир во Мејсон, тие исто така ги спонзорираа униформите на момчињата и девојките задолжени за топчињата.

Голф[уреди]

АдидасГолф (adidasGolf) е дел од "Адидас", Германскиот произведувач на спортска облека и дел од Адидац Групацијата, која се состои од спортската компанија Рибок, Адидас голф, ТејлорМејд голф-компанијата, и Рокпорт. Групацијата Адидас е еден од глобалните лидери во спортската индустријата кој нуди широк спектар на производи од трите основни сегменти на Адидас, Рибок, и ТејлорМејд-дидас голф.АдидасГолф (adidasGolf) продава и произведува Адидас-брендирана голф облека, патики и додатоци.

Временска линија на компанијата[уреди]

Во 1997 година, Адидас АГ се стекнале со Саломон Групацијата која е специјализирна за ски облека, и нејзиното официјално корпорациско име беше променето во" Адидас-Саломон АГ, бидејќи со ова достигнување "Адидас" исто така се здоби со ТејлорМејд Голф компанијата и Максфлај, што им дозволи да и станат конкурент на компанијата Најк голф . Саломон им го продаде својот голем процент во ТејлорМејд и своите други компании за спортска облека на глобалниот гигант "Адидас АГ.

Во 1998 година, Адидас голф САД ги пресели своите деловни операции од Туалатин, Орегон, на Карлсбад, Калифорнија, во седиштето на компанијата ТејлорМејд голф, купена од "Адидас-Саломон. Компанијата АдидасГолф САД требала да ги пресели нивните 30 вработени . Во Карлсбад исто така се наоѓа и седиштето на еден од нивните примарни конкуренти, Калавеј (Callaway) Голф компанијата.

Во 1999 година, ТејлорМејд и Адидасголф САД, биле споени во нова компанија наречена ТејлорМејд-Адидас голф-со светско седиште во Карлсбад.Марк Кинг беше именуван за претседател на компанијата во која тој ја почнал својата кариера во 1981 година како претставник за продажба по краткиот мандат како потпретседател за продажба и маркетинг во Калавеј (Callaway Golf company) компанијата во 1998 година.

Во ноември 2008 година, Ешворт (Ashworth) стана целосно во сопственост на Адидас ТејлорМејд-голф, како дополнителен произведувач на синтетички ткаенини на Адидас-голф.

Производ

Адидас голф продава облека, патики, и додатоци за мажи, жени и млади. Машката опрема вклучува патики, кошули, кратки панталони, панталони, јакни,трикоа и очила. Опрема за жени вклучува патики, кошули, шорцеви, здолништа, панталони, јакни, трикоа, и очила.Опремата за млади вклучува патики, облека, и очила како и за момчиња така и за девојчиња.

Крикет[уреди]

Во 1990-тите, Адидас потпиша договор со познатиот индиски батсмен Сачин Тендулкар и направи чевли за него. Тендулкар продолжува да носи Адидас патики додека игра натпревари. Адидас дури направи и фигури по Сачин Тендулкар.

Во 2008 година, Адидас го направија својот потег на англискиот крикет пазар преку спонзорирање на англиската ѕвезда Кевин Питерсен по откажувањето на неговиот доживотен договор со Woodworm (Вудворм), кога тие западнаа во финансиски потешкотии. Следната година тие потпишаа договор со Англискиот играч Иан Бел, Пакистанскиот играч Салман Бат и индискиот играч Равиндра Јадеја. Одкако направија патики за крикет за многу години, компанијата конечно влезе во областа на производство на рекети за крикет во 2008 година и нивните производи сега се достапни во Инкурца (Incurza), Пелара (Pellara) и Либро(Libro) деловите. Адидас, исто така, произведува униформи кои ги носат и крикет тимот на Англија и Австралискиот крикет тим, исто така тие го спонзорираа и националниот крикет тим од Јужна Кореја.

Во 2008 и 2009 година и во двете сезони на Индиската Премиер Лигата (IPL), го презеде спонзорирањето на тимовите Мумбаи Индијанс(Mumbai Indians) и Деaрдевилс (Daredevils).

Во 2009 година, "Адидас" потпиша договор со Сачин Тендулкар и почнаа да го спонзорираат со нивните рекети за крикет.Го создадоа за него "Адидас " СТ новиот рекет за крикет и" Адидас Пелара КП(Pellara KP) за Кевин Питерсен, истата година. Сега и двајцата ги користат нивните персонализирани рекети за крикет.

Кошарка[уреди]

Адидас е долгогодишен производител на кошаркарски патики и е еден од водечките кошаркарски брендови во светот. Тие се најмногу познати по своите исконски Суперстар(Superstar) и Про Модел(Pro Model) патики, уште познати и како 'shelltoes' (предниот дел на патиките изгледа како школка) поради нивната стилизирана тврда гума. Овие беа многу популарни во 1980 на уличната хип хоп сцена заедно со тренерките од полиестер со страничните линии на Адидас.

Адидас е, исто така, сегашниот снабдувач на опрема за сите 30 тимови во Националната Кошаркарска Асоцијација (наместо брендот Рибок по спојувањето) и спонзорира многу играчи како порано така и сега како Карим Абдул-Џабар и Трејси Мегреди, како и Двајт Хауард, Шонси Билапс, Дерик Роуз, Ерик Гордон, Мајкл Бесли, Џош Смит и Тим Данкан. Адидас го снабдуваше и Коби Брајант со опремата KB8 како негови први лични патики, но престанаа да го поддржуваат во 2003 година. Компанијата исто така го поддржуваа и Кевин Гарнет, се додека тој не го прекина договрот во 2010 година. Тој моментално е спонзориран од Анта(Anta). Леброн Џејмс исто така носеше Адидас во средно училиште.Се до ден денес тој носи Најк. Гилберт Аренас беше промотор на Адидас, се додека не се му случи неславниот инцидент со пиштолот во минатата сезона. Тој во моментов е потписник за Андер Армор(Under Armour).

Лакрос[уреди]

Во 2007 година, Адидас го најави идното производство на лакрос опремата, и тие ќе го финансираат настанот “Adidas National Lacrosse Classic” во јули 2008 година за првите 600 средношколци лакрос играчи во САД.

Рагби[уреди]

"Адидас" произведува рагби топки и друга опрема за рагби. Тие се актуелните снабдувачи за рагби топки и опрема за тимовите : Њу Зиланд Ол Блекс(New Zealand All Blacks),Ајриш Монстер Рагби (Irish Munster Rugby), Аргентиниан Пумас (Argentinian Pumas),Саут Африкан Стормерс (South African Stormers) и Вестерн Провинс (Western Province) како и на многу други. Адидас исто така се официјален снабдувачи на топки во натпреварите од купот на Хајнекен.


Гимнастика[уреди]

Од 2000 година, Адидас го снабдува националниот тим на САД со машка и женска гимнастичарска облека. Во 2006 година, во САД беа достапни Адидас трикоата за жени за гимнастика и маиците Адидас за натпреварување во гимнастика, панталоните и шорцевите за гимнастика, како и сезонските трикоа за пролет, лето, есен и зима. Почнувајќи од 2009 година, Адидас облеката за гимнастика е достапна низ целиот свет преку ГК Елит Спортсвеар (GK Elite Sportswear).

Скејтбординг[уреди]

Адидас СБ (Скејтбординг) патиките се направени специјално за скејтбординг. Многу од патиките кои Адидас претходно ги имаше направено беа редизајнирани за скејтбординг.

Адидас Скејтбординг исто така, има скејтбординг тим. Тимот се состои од: Марк Гонзалес, Денис Бусентиз, Тим О'Конор, Сила Бакстер-Нил, Пит Елдриџ, Дејв Бекински, Бени Ферфекс, Nester Џудкинс, Лем Вилмин, Винс дел Вали и Џејк Браун.

Додатоци[уреди]

Адидас, исто така, дизајнира и произведува сандали, часовници, очила, торби, безбол капи и чорапи. Адидас има и брендиран спектар на машки и женски дезодоранси, парфеми, креми за после бричење и лосиони.

Маркетинг[уреди]

Адидас, како и другите спортски брендови, се верува дека поттикнува голема лојалност кај потрошувачот на бренд. Лојалноста кон брендовите од типот на Адидас, Најк, Пума АГ и неколку други спортски брендови, беше испитувана во една неодамнешна студија. Студијата покажа дека потрошувачите не покажуваат прекумерно висока лојалност кон таквите брендови.

Во текот на средината па се до крајот на 1990-тите, Адидас го подели брендот во три главни групи секоја со посебен фокус: Адидас Перформанс (Adidas Performance) беше наменет за одржување на нивната посветеност кон спортистите, Адидас Ориџиналс (Adidas Originals) беше со цел да се фокусира на модата и животниот стил; и Стајл Есеншалс (Style Essentials), со главната група во рамките на која е Y-3.

"Невозможно е Ништо" (Impossible is Nothing) е моменталниот меинстрим маркетинг слоган на Адидас. Оваа кампања беше развиена од страна на компанијата 180/ТБВА (180/TBWA) со седиште во Амстердам, но исто така и со значајна работа од страна на компаниите ТБВА/ Чиат /Деј (TBWA / Chiat / Day) во Сан Франциско особено за кошаркарската кампања "Верувај во пет" (Belive in five) .TBWA \ Chiat \ Day ја ангажираше компанијата Зејн Пич(Zane Peach) за создавањето на сликите за меѓународната рекламна кампања од 2007та година.

Рекламна Игра[уреди]

Марката е застапена во неколку игри. Daley Thompson's Olympic Challenge Sony Playstation: Adidas power soccer Commodore 64, ZX spectrum, Amstrad CPC: Adidas Championship Football

Спонзорство[уреди]

Адидас е еден од главните домашни (во Германија) и меѓународни спонзори на многу спортски настани. Во текот на последните неколку години, групата го зголеми својот маркетинг и спонзорски буџет. Адидас е клучен спонзор и снабдувач на Националната Кошаркарска Асоцијација (НБА). Компанијата неодамна претстави нов НБА дрес кој треба да го носат сите играчи во НБА натпреварите почнувајќи од сезоната 2010-2011.

Адидас е главниот спонзор и снабдувач на опрема на мошне успешниот национален рагби тим на Нов Зеланд, Ол Блекс (All Blacks). Адидас, исто така,е снабдувач на опрема на тимот Аргентиниан Пумас (Argentinian Pumas), на ирскиот професионални рагби тим, Монстер Рагби(Munster Rugby), на францускиот професионален рагби клуб, Стад Франсез (Stade Français), и на американскиот тим,Иглс (Eagles).

Адидас, исто така,е спонзор и произведува облека за рагби клубот Голд Коуст Титанс (Gold Coast Titans) во Австралиската национална рагби лига (NRL) .

Во крикет, компанијата е главниот спонзор за опрема но и спонзор на успешнио австралиски Крикет тим и на Англискиот крикет тим. Тие исто така се главните спонзори на Индиските крикет играчи Сачин Тендулкар и Вирендер Севаг и на англиските крикет играчи Кевин Питерсен и Иан Бел. Тие се спонзори на тимовите Делхи Деардевилс (Delhi Daredevils) и Мумбаи Индианс (Mumbai Indians) од Индиската Премиер Лига. Адидас е долгогодишен снабдувач на Германската фудбалска репрезентација, спонзорство, кое започна во 1954 година и е договорено да се продолжи барем до 2018 година. Спонзор е и на мексиканскиот, аргентинскиот и шпанскиот национален фудбалски тим и од 2010 година ќе го спонзорира и шкотскиот национален фудбалски тим.

Адидас се многу активни во спонзорирање на врвните фудбалските клубови како што се ЦРС Андерлехт, Рапид Виена, Реал Мадрид, Ливерпул, Милан, Динамо Киев, Металист, Партизан од Белград, Флуминезе, Палмеира, Баерн Минхен, Челзи, Стоук Сити, Лион, Марсеј, AFC Ајакс, Шалке 04, Галатасарај, Бенфика, Риверплејт , Beшикташ, Фенербахче, Панатинаикос, Јужен Мелбурн ФК, ИФК Гетеборг, Ал-АХЛИ, Ал-Хилал, Ахли Џеда, Каракас и многу други.

Адидас е спонзор за облека на фудбалскиот клуб Колингвуд (Collingwood) и Есендон (Essendon) од австралиската фудбалска лига.

Адидас и Главната Фудбалска Лига (Major League Soccer)го објавија 8-годишниот договор за спонзорство во август 2010 година она што ќе продолжи да го прави Адидас официјален спортски спонзор и лиценциран снабдувач за производите во лигата, и за да работат заедно за да се прошири развојот на лигата МЛС се до 2018 година.

Адидас, исто така, е спонзор на настани како на пример Лондонскиот маратон.

Во 1980 година, Адидас беше спонзор на рап-групата Ран ДиЕмСи (Run-DMC),што преставуваше една нова идеја.

За Летните олимписки игри во 2008 година во Пекинг, Кина, Адидас потроши 70.000.000 € ,спонзорирајќи го настанот, во услови на критики.

Адидас, исто така, беше дел и од маркетингот во НАСКАР, спонзорираше големи возачи, како што Дејл Ернхард Џуниор и Тони Стјуарт.


Корпоративни информации[уреди]

Актуелниот извршен борд на директори[уреди]

Главен и извршен директор на Адидас-групацијата: Херберт Хаинер, Финансии на Адидас-групацијата: Робин Џ. Сталкер, Извршен директор на Адидас брендот: Ерих Стамингер, Глобални активности на Адидас-групацијата: Глен С. Бенет

Поранешен менаџмент[уреди]

Главен и извршен директор (1993-2002): Роберт Луис Дрејфус