Светско првенство во фудбал 1998

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
1998 ФИФА Светско Првенство - Франција
Coupe du Monde - France 98
Официјално лого
Официјално лого
Тимови 32  (од 174 квалификанти)
Домаќин Франција
Шампиони  Франција (прва титулa)
Одиграни натпревари   64
Постигнато голови 171  (просек 2.672 по натпревар)
Најдобар стрелец Хрватска Давор Шукер (6 гола)
Најдобар играч Бразил Роналдо


Светското првенство во фудбал 1998 година кое се одржало во Франција од 10 јуни до 12 јули 1998 година, било 16. првенство по ред. Франција била избрана за домаќин на првенството на 2 јули 1992 година, победувајќи го Мароко кој добил само 7 гласови наспроти 12 за Франција. Турнирот му припаднал на домаќинот, репрезентацијата на Франција, која во финалето ја победила селекцијата на Бразил со резултат 3-0. Тоа воедно била и прва титула на светските првенства за Франција со што тие станале седма земја која триумфирала на светско првенство во фудбал и шеста нација на која тоа и успеало на домашен терен (по Уругвај, Италија, Англија, Западна Германија и Аргентина).

Ова било првото светско првенство на кое учествувале 32 репрезентации. Официјалната фудбалска топка со која се играло на првенството била наречена Адидас триколоре.

Квалификации[уреди]

Само две репрезентации се пласирале директно на турнирот: Франција (како домаќин на првенството) и Бразил (како актуелен шампион).

Четири репрезентации за прв пат се квалификувале на Светско првенство во нивната историја: Хрватска, Јамајка, Јапонија и Јужна Африка.

Иран и Тунис се квалификувале на СП по прв пат после 1978 година, додека Парагвај и Данска прв пат се квалификувале по 1986 година. Домаќинот истотака се вратил на завршницата на светските првенства по 12 години (ги пропуштиле претходните две првенства). Меѓу поквалитетните репрезентации кој не успеале да се пласираат на првенството биле: Уругвај (кој пропуштиле второ првенство по ред) како и трето пласираната репрезентација на Светското првенство 1994-тата во САД - репрезентацијата на Шведска. Русија не успеала да се квалификува на првенството за прв пат по 1978 година.

Ждрепка[уреди]

Германија, Италија, Аргентина, Шпанија, Романија и Холандија биле поставени за носители, заедно со бранителот на титулата Бразил и домаќинот Франција. За прв пат во историјата извлекувањето на групите било изведено на фудбалски стадион - било тоа на Велодром во Марсеј, на 4 декември 1997 година.

Група 1 Група 2 Група 3 Група 4

Краток преглед на првенство[уреди]

форматот на натпреварување на првенството бил поинаков од оној на Светското првенство 1994 година бидејќи се натпреварувале 32 репрезентации наместо претходните 24. 32-те репрезентации биле поделени во осум групи од по четири тима. Победниците на групите, како и второпласираните продолжувале понатаму во осминафиналето. За разлика од првенствата кој се одржале во периодот помеѓу 1986 и 1994 година на овој турнир не постоела можност третопласираните тимови да поминат понатаму. Почнувајќи од ова првенство, репрезентациите морале да патуваат на својте натпревари во групната фаза на натпреварувањето, бидејќи различни стадиони во различни градови биле домаќини на групите.

Истотака било уведен и правилото "златен гол" кое се применувало во случај кога регуларниот дел од натпреварот ќе завршел нерешено. Покрај тоа бил уведн и електричниот семафор со кој четвртиот судија го покажувал надополнетото време и замените.

Турнирот бил отворен со натпреварот меѓу Бразил и Шкотска која завршила со победа на бранителот на титулата со 2-1. Норвешка го напрвила најголемото изненадување во групата А со победа над Бразил со 2-1, постигнувајќи два гола во завршницата од натпреварот за пресврт. И двете репрезентации без проблеми поминале понатаму без проблеми. Италија без проблеми го освоила првото место во групата Б, а пак на Чиле му биле доволни и сите три нерешени натпревари за да помине во нокаут-фазата. Откако пред четири години во финалето на претходното првенство, го промашил клучниот пенал сега Роберто Баџо ја спасил Италија од пораз против Чиле за конечни 2-2.

Франција сигурно го освоила првото место во групата Ц, иако Зинедин Зидан во натпреварот против Саудиска Арабија (завршила 4-0 за Фрацузите) заработил црвен картон кој му донел два натпревари суспензија. Од таа група како второпласирана понатаму поминала Данска. Нигерија била изненадувачки победник во групата Д (т.н. група на смртта), додека Шпанија била најголемото разочарување на турнирот неуспевајќи да ја помине групната фаза. Нигерија ги победила со 3-2 во фантастичен натпревар, а понатаму поминала и селекцијата на Парагвај.

Од групата Е понатаму поминале репрезентациите на Холандија и Мексико. Мексико во двата натпревари во кој одиграл нерешено се спасувал од пораз но и тоа било доволно за да помине понатаму. Германија и Југославија многу лесно поминале понатаму во групата Ф.

Благодарение на голот пред крајот на натпреварот, Романија ја победила Англија со резултат 2-1 и на тој начин го осигурала првото место во групата Г, пред Англија. Аргентина со три победи го освоила првото место во групата Х, пред Хрватска која завршила како втора.

Податотека:WC 1998 final.jpg
Зинедин Зидан (Франција) во финалето на првенството против Бразил

Во осминафиналето Италија ја победила Норвешка со резултат 1-0, додека Бразил убедливо го совладал Чиле со 4-1. Лоран Блан станал првиот играч во историјата на светските фудбалски првенства кој постигнал "Златен гол", со кој ја однел Франција во четвртфиналето, откако ја елиминирале селекцијата на Парагвај (1-0 по продолженија) во оваа фаза. Данска неочекувано лесно ја победила Нигерија со 4-1. Понатаму поминала и репрезентацијата на Германија која направила пресврт против Мексико за да победи со 2-1, а со истиот резултат Холандија била подобра од Југославија. Хрватска благодарение на голот од белата точка на Давор Шукер ја победила Романија со 1-0 и така изборила место во четвртфиналето. Најинтересниот натпревар во осминафиналната фаза го одиграле селекциите на Аргентина и Англија. Регуларниот дел од натпреварот завршил нерешено со резултат 2-2 (во првите 10 минути биле досудени два контроверзни пенали за двете репрезентации, а подоцна тогаш осумнаесетгодишниот Мајкл Овен бил стрелец на неверојатен гол за 2-1 за Англија, но пред крајот на првото полувреме Занети израмнил на 2-2). Натпреварот го одбележил инцидентот по кој Дејвид Бекам бил исклучен за удирање на противничкиот играч Диего Симеоне. Меѓутоа, и покрај тоа што имале играч помалку, Англичаните играле многу храбро и биле разочарани кога им бил поништен погодок кој го поостигнал Сол Кембел во продолженијата, за наводн прекршок над аргентинскиот голман. На крајот Аргентина победила по изведувањето на пенали (вкупен резултат 6-5) и станала последниот четвртфиналист.

Четвртфиналето донело дуел меѓу Франција и Италија во кој не бил виден ниту еден гол (0-0 по 120 минути игра), па одлучувале пеналите каде домаќинот на турнирот бил подобар со 4-3. Одлучувачка била 5-тата серија кога ударот на Луиџи Ди Бјаџо завршил во пречката. Во многу возбудлив и интересен натпревар, фаворитот Бразил накрајот сепак успеал да ја победи Данска со резултат 3-2, а Хрватска го направила највероватно најголемото изненадување на ова светско првенство победувајќи ја Германија со високи 3-0. Бидејќи Германија испаднала во четвртфиналето и на претходното првенство, ова било прв пат во нивната репрезентативна историја да неуспеат да стигнат до четирите најдобри селекции на две првенства по ред. Натпреварот меѓу репрезентациите на Холандија и Аргентина бил многу груб и насилен; Холанѓаните играли со играч помалку на теренот откако Артур Нуман бил исклучен во 76-тата минута за опасен старт над Диего Симеоне. Подоцна во натпреварот, и аргентинскиот репрезентативец Ариел Ортега заработил црвен картон за неспортско удирање на холандскиот голман Едвин ван дер Сар. Тоа скапо ја чинело Аргентина, и неколку минути по исклучувањето на Ортега, Денис Бергкамп постигнал одличен погодок и со резултат 2-1 ја однел својата земја во полуфиналето на турнирот.

Во полуфиналето Патрик Клајверт постигнал доцен изедначувачки погодок за Холандија (1-1) па нивниот натпревар против Бразил отишол во продолженија, а бидејќи таму немало голови натпреварот бил одлучен на пенали во кој бранителот на трофејот бил подобар. Во финалето им се придружиле Французите кој благодарение на двата гола на нивниот одбранбен играч Лилијан Тирам стигнале до пресврт од 0-1 до 2-1 и победа во полуфиналето над Хрватска. Интересно е тоа што за Тирам ова биле неговите први голови во неговата репрезентативна кариера, а и останале единствените на неговата сметка кога тој решил да се повлече од националниот дрес во 2008 година. Во натпреварот за третото место Хрвтска ја победила со 2-1 Холандија и на тој начин го комплетирала своето деби од соништата на светските првенства {како самостојна држава).

Прв пат во историјатот на Светските првенства во финалето играле бранителот на титулата и домаќинот на првенството. Веќе по крајот на првото полувреме Францција имала убедливо водство по двата гола на Зинедин Зидан постигнати со глава (во 27. минута и во судикото продолжение од првото полувреме). Во вториот дел, Емануел Пети само го докрајчил Бразил со погодок во судиското продолжение од второто полувреме комплетирајќи ја убедливата победа на својата репрезентација над шампионот од претходното првенство. Била тоа прекрасна вечер за домаќинот на првенството. Проценето е дека милион луѓе излегле на улиците во Париз за да ја прослават победата се до раните утрински часови. Франција со ова станала седма држава на која и пошло од рака да го освои светското фудбалско првенство, придружувајќи им се на Уругвај, Италија, Германија, Бразил, Англија и Аргентина.

За време на првенството Франција примила само два гола - рекорд кој подоцна бил изедначен од Италија (во 2006) и Шпанија (во 2010). Најдобар стрелец на турнирот бил хрватскиот напаѓач Давор Шукер (со 6 гола) кој постигнал гол на секој натпревар за неговата репрезентација (освен во групата против Аргентина кој завршил 0-1 во корист на Аргентинците). За најдобар играч на турнирот бил прогласен бразилскиот напаѓач Роналдо.

Официјална песна на турнирот била "The Cup of Life" во изведба на Рики Мартин, а официјална химна на првенството била "La Cour des Grands" во изведба на Јусу Н'Дур и Аксел Ред.

Стадиони[уреди]

Турнирот се играл на 10 различни стадиони:

Сен Дени Марсеј Париз Ленс
Стад де Франс Стадион Велодром Парк на Принцовите Стад Феликс Боларт
48°55′28″ СГШ 2°21′36″ ИГД /  43°16′11″ СГШ 5°23′45″ ИГД /  48°50′29″ СГШ 2°15′11″ ИГД /  50°25′58.26″ СГШ 2°48′53.47″ ИГД / 
Капацитет: 80,000 Капацитет: 60,000 Капацитет: 49,000 Капацитет: 44,000
Vue du virage Depé.jpg Paris-Parc-des-Princes.jpg Stade Felix-Bollaert.jpg
Лион Нант Тулуз Сент Етјен
Жерлан Стад де ла Божоар Стадион Тулуз Стад Жофроа Гишар
45°43′26″ СГШ 4°49′56″ ИГД /  47°15′20.27″ СГШ 1°31′31.35″ ЗГД /  43°34′59.93″ СГШ 1°26′02.57″ ИГД /  45°27′38.76″ СГШ 4°23′24.42″ ИГД / 
Капацитет: 41,300 Капацитет: 39,500 Капацитет: 37,000 Капацитет: 36,000
Stade-Gerland-RWC2007.JPG Stade de la Beaujoire.jpg Stadium de Toulouse.jpg Stade-GeoffroyGuichard-RWC2007.JPG
Бордо Монпеље
Парк Лескјур Стад де ла Мосон
44°49′45″ СГШ 0°35′52″ ЗГД /  43°37′19.85″ СГШ 3°48′43.28″ ИГД / 
Капацитет: 35,200 Капацитет: 34,000
Stade Chaban-Delmas.jpg Australie-Fidji.4.JPG

Листа на судии[уреди]

Африка
Азија
Европа
Северна и Централна Америка
Океанија
Јужна Америка

Резултати[уреди]

Конечен пласман на учесниците на СП 1998

Фаза по групи[уреди]

Група А[уреди]

Тим Одиг Поб Нер Пор ДГ ПГ ГР Поени
Flag of Brazil.svg Бразил 3 2 0 1 6 3 +3 6
 Норвешка 3 1 2 0 5 4 +1 5
Flag of Morocco.svg Мароко 3 1 1 1 5 5 0 4
 Шкотска 3 0 1 2 2 6 -4 1
10 јуни 1998
Flag of Brazil.svg Бразил 2 - 1  Шкотска Стад де Франс, Сен Дени
Flag of Morocco.svg Мароко 2 - 2  Норвешка Стад де ла Мосон, Монпеље
16 јуни 1998
 Шкотска 1 - 1  Норвешка Парк Лескјур, Бордо
Flag of Brazil.svg Бразил 3 - 0 Flag of Morocco.svg Мароко Стад де ла Божоар, Нант
23 јуни 1998
Flag of Brazil.svg Бразил 1 - 2  Норвешка Стадион Велодром, Марсеј
 Шкотска 0 - 3 Flag of Morocco.svg Мароко Стад Жофроа Гишар, Сент Етјен

Група Б[уреди]

Тим Поени Одиг Поб Нер Пор ДГ ПГ ГР
 Италија 3 2 1 0 7 3 +4 7
 Чиле 3 0 3 0 4 4 0 3
 Австрија 3 0 2 1 3 4 -1 2
 Камерун 3 0 2 1 2 5 -3 2
11 јуни 1998
 Италија 2 - 2  Чиле Парк Лескјур, Бордо
 Камерун 1 - 1  Австрија Стад де Тулуз, Тулуз
17 јуни 1998
 Чиле 1 - 1  Австрија Стад Жофроа Гишар, Сент Етјен
 Италија 3 - 0  Камерун Стад де ла Мосон, Монпеље
23 јуни 1998
 Италија 2 - 1  Австрија Стад де Франс, Сен Дени
 Чиле 1 - 1  Камерун Стад де ла Божоар, Нант

Група Ц[уреди]

Тим Одиг Поб Нер Пор ДГ ПГ ГР Поени
 Франција 3 3 0 0 9 1 +8 9
 Данска 3 1 1 1 3 3 0 5
 ЈАР 3 0 2 1 3 6 0 4
 Саудиска Арабија 3 0 1 2 2 7 -5 1
12 јуни 1998
 Саудиска Арабија 0 - 1  Данска Стад Феликс Боларт, Ленс
 Франција 3 - 0  ЈАР Велодром, Марсеј
18 јуни 1998
 ЈАР 1 - 1  Данска Стад де Тулуз, Тулуз
 Франција 4 - 0  Саудиска Арабија Стад де Франс, Сен Дени
24 јуни 1998
 Франција 2 - 1  Данска Стад Жерлан, Лион
 ЈАР 2 - 2  Саудиска Арабија Парк Лескјур, Бордо

Група Д[уреди]

Тим Одиг Поб Нер Пор ДГ ПГ ГР Поени
 Нигерија 3 2 0 1 5 5 0 6
 Парагвај 3 1 2 0 3 1 +2 5
 Шпанија 3 1 1 1 8 4 +4 4
 Бугарија 3 0 1 2 1 7 -6 1
12 јуни 1998
 Парагвај 0 - 0  Бугарија Стад де ла Мосон, Монпеље
13 јуни 1998
 Шпанија 2 - 3  Нигерија Стад де ла Божоар, Нант
19 јуни 1998
 Нигерија 1 - 0  Бугарија Парк на Принцовите, Париз
 Шпанија 0 - 0  Парагвај Стад Жофроа Гишар, Сент Етјен
24 јуни 1998
 Нигерија 1 - 3  Парагвај Стад де Тулуз, Тулуз
 Шпанија 6 - 1  Бугарија Стад Феликс Боларт, Ленс

Група Е[уреди]

Тим Одиг Поб Нер Пор ДГ ПГ ГР Поени
Flag of the Netherlands.svg Холандија 3 1 2 0 7 2 +5 5
 Мексико 3 1 2 0 7 5 +3 5
 Белгија 3 0 3 0 3 3 0 3
 Јужна Кореја 3 0 1 2 2 9 -7 1
13 јуни 1998
 Јужна Кореја 1 - 3  Мексико Стад Жерлан, Лион
 Холандија 0 - 0  Белгија Стад де Франс, Сен Дени
20 јуни 1998
 Белгија 2 - 2  Мексико Парк Лескјур, Бордо
 Холандија 5 - 0  Јужна Кореја Велодром, Велодром
25 јуни 1998
 Холандија 2 - 2  Мексико Стад Жофроа Гишар, Сент Етјен
 Белгија 1 - 1  Јужна Кореја Стадион Паркот на Принцовите, Париз

Група Ф[уреди]

Тим Одиг Поб Нер Пор ДГ ПГ ГР Поени
 Германија 3 2 1 0 6 2 +4 7
 Југославија 3 2 1 0 4 2 +2 7
 Иран 3 1 0 2 2 4 -2 3
 САД 3 0 0 3 1 5 -4 0
14 јуни 1998
 Југославија 1 - 0  Иран Стад Жофроа Гишар, Сент Етјен
15 јуни 1998
 Германија 2 - 0  САД Паркот на Принцовите, Париз
21 јуни 1998
 Германија 2 - 2  Југославија Стад Феликс Боларт, Ленс
 САД 1 - 2  Иран Стад Жерлан, Лион
25 јуни 1998
 САД 0 - 1  Југославија Стад де ла Божоар, Нант
 Германија 2 - 0  Иран Стад де ла Мосон, Монпеље

Група Г[уреди]

Тим Одиг Поб Нер Пор ДГ ПГ ГР Поени
 Романија 3 2 1 0 4 2 +2 7
 Англија 3 2 0 1 5 2 +3 6
 Колумбија 3 1 0 2 1 3 -2 3
 Тунис 3 0 1 2 1 4 -3 1
15 јуни 1998
 Англија 2 - 0  Тунис Велодром, Марсеј
 Романија 1 - 0  Колумбија Стад Жерлан, Лион
22 јуни 1998
 Колумбија 1 - 0  Тунис Стад де ла Мосон, Монпеље
 Романија 2 - 1  Англија Стад де Тулуз, Тулуз
26 јуни 1998
 Колумбија 0 - 2  Англија Стад Феликс Боларт, Ленс
 Романија 1 - 1  Тунис Стад де Франс, Сен Дени

Група Х[уреди]

Тим Одиг Поб Нер Пор ДГ ПГ ГР Поени
 Аргентина 3 3 0 0 7 0 +2 6
 Хрватска 3 2 0 1 4 2 +1 6
 Јамајка 3 1 0 2 3 9 0 4
 Јапонија 3 0 0 3 1 4 -2 1
14 јуни 1998
 Аргентина 1 - 0  Јапонија Стад де Тулуз, Тулуз
 Јамајка 1 - 3  Хрватска Стад Феликс Боларт, Ленс
20 јуни 1998
 Јапонија 0 - 1  Хрватска Стад де ла Божоар, Нант
21 јуни 1998
 Аргентина 5 - 0  Јамајка Паркот на Принцовите, Париз
26 јуни 1998
 Аргентина 1 - 0  Хрватска Парк Лескјур, Бордо
 Јапонија 1 - 2  Јамајка Стад Жерлан, Лион

Елиминации[уреди]

Осминафинале Четвртфинале Полуфинале Финале
                           
27 јуни - Париз            
  Бразил  4
3 јули - Нант
  Чиле  1  
  Бразил  3
28 јуни - Сен Дени
    Данска  2  
  Нигерија  1
7 јули - Марсеј
  Данска  4  
  Бразил (11m.)  1 (4)
29 јуни - Тулуз
    Холандија  1 (2)  
  Холандија  2
4 јули - Марсеј
  Југославија  1  
  Холандија  2
30 јуни - Сент Етјен
    Аргентина  1  
  Аргентина (11m.)  2 (4)
12 јули - Сен Дени
  Англија  2 (3)  
  Бразил  0
27 јуни - Марсеј
    Франција  3
  Италија  1
3 јули - Сен Дени
  Норвешка  0  
  Италија  0 (3)
28 јуни - Ленс
    Франција (11m.)  0 (4)  
  Франција (прод.)  1
8 јули - Сен Дени
  Парагвај  0  
  Франција  2
29 јуни - Монпеље
    Хрватска  1   Трето место
  Германија  2
4 јули - Лион 11 јули - Париз
  Мексико  1  
  Германија  0   Холандија  1
30 јуни - Бордо
    Хрватска  3     Хрватска  2
  Романија  0
  Хрватска  1  

Осминафинале[уреди]

27 јуни 1998
16:30
Италија  1 - 0  Норвешка Велодром, Марсеј
Гледачи: 55,000
Судија: Бернд Хејнеман (Германија
Виери гол 18' Извештај

27 јуни 1998
21:00
Бразил  4 - 1  Чиле Стадион Паркот на Принцовите, Париз
Гледачи: 45,500
Судија: Марк Бата (Франција)
Цезар Сампајо гол 11'27'
Роналдо гол 45+1' (пен..)70'
Извештај Салас гол 68'

28 јуни 1998
16:30
Франција  1 - 0 (продолж.)  Парагвај Стад Феликс Боларт, Ленс
Гледачи: 38,100
Судија: Али Бујсаим (ОАЕ)
Блан Постигнат златен гол во 113ти минута 113' Извештај

28 јуни 1998
21:00
Нигерија  1 - 4  Данска Стад де Франс, Сен Дени
Гледачи: 77,000
Судија: Урс Мејер (Швајцарија)
Бабангида гол 78' Извештај Мелер гол 3'
Лаудруп гол 12'
Санд гол 60'
Хелвег гол 76'

29 јуни 1998
16:30
Германија  2 - 1  Мексико Стад де ла Мосон, Монпеље
Гледачи: 29,800
Судија: Витор Мело Переира (Португалија)
Клинсман гол 75'
Бирхоф гол 86'
Извештај Ернандез гол 47'

29 јуни 1998
21:00
Холандија  2 - 1  Југославија Стад де Тулуз, Тулуз
Гледачи: 33,500
Судија: Хозе Гарсија Аранда (Шпанија)
Бергкамп гол 38'
Едгар Давидс гол 90+2'
Извештај Комљеновиќ гол 48'

30 јуни 1998
16:30
Романија  0 - 1  Хрватска Парк Лескјур, Бордо
Гледачи: 31,800
Судија: Хавиер Кастрили (Аргентина)
Извештај Шукер гол 45+2' (пен.)

30 јуни 1998
21:00
Аргентина  2 - 2 (продолж.)  Англија Стад Жофроа Гишар, Сент Етјен
Гледачи: 30,600
Судија: Ким Милтон Нилсен (Данска)
Батистута гол 6' (пен.)
Занети гол 45+1'
Извештај Ширер гол 10' (пен.)
Овен гол 16'
  Пенали  
Берти Soccerball shade.svg
Креспо (одбрана)
Верон Soccerball shade.svg
Гаљардо Soccerball shade.svg
Ајала Soccerball shade.svg
4 – 3 Soccerball shade.svg Ширер
(одбрана) Инс
Soccerball shade.svg Мерсон
Soccerball shade.svg Овен
(одбрана) Бати

Четвртфинале[уреди]

3 јули 1998
16:30
Италија  0 – 0 (продолж.)  Франција Стад де Франс, Сен Дени
Гледачи: 77,000
Судија: Хју Далас (Шкотска)
Report
  Пенали  
Р. Баџо Soccerball shade.svg
Албертини (одбрана)
Костакурта Soccerball shade.svg
Виери Soccerball shade.svg
Ди Бјаџо (пречка)
3 – 4 Soccerball shade.svg Зидан
(одбрана) Лизаразу
Soccerball shade.svg Трезеге
Soccerball shade.svg Анри
Soccerball shade.svg Блан

3 јули 1998
21:00
Бразил  3 – 2  Данска Стад де ла Божоар, Нант
Гледачи: 35,500
Судија: Гамал Ал-Гандур (Египет)
Бебето гол 11'
Ривалдо гол 27'60'
Report Јоргенсен гол 2'
Б. Лаудруп гол 50'

4 јули 1998
16:30
Холандија  2 – 1  Аргентина Велодром, Марсеј
Гледачи: 55,000
Судија: Артуро Брицио Картер (Мексико)
Клајверт гол 12'
Бергкамп гол 89'
Report Лопез гол 18'

4 јули 1998
21:00
Германија  0 – 3  Хрватска Жерлан, Лион
Гледачи: 39,100
Судија: Руне Педерсен (Норвешка)
Report Јарни гол 45+3'
Влаовиќ гол 80'
Шукер гол 85'

Полуфинале[уреди]

7 јули 1998
21:00
Бразил  1 – 1 (продолж.)  Холандија Велодром, Марсеј
Гледачи: 54,000
Судија: Али Бујсаим (ОАЕ)
Роналдо гол 46' Report Клајверт гол 87'
  Пенали  
Роналдо Soccerball shade.svg
Ривалдо Soccerball shade.svg
Емерсон Soccerball shade.svg
Дунга Soccerball shade.svg
4 – 2 Soccerball shade.svg де Бур
Soccerball shade.svg Бергкамп
(одбрана) Коку
(одбрана) Р. де Бур

8 јули 1998
21:00
Франција  2 – 1  Хрватска Стад де Франс, Сен Дени
Гледачи: 76,000
Судија: Хозе Гарсија Аранда (Шпанија)
Тирам гол 47'69' Report Шукер гол 46'

Натпревар за трето место[уреди]

Хрватска ја победила Холандија и така го изборила третото место на турнирот. Давор Шукер го постигнал победничкиот гол во 35-та минута за да си ја обезбеди златната копачка.[1]

11 јули 1998
21:00
Холандија  1 – 2  Хрватска Парк на Принцовите, Париз
Гледачи: 45,000
Судија: Епифанио Гонзалез (Парагвај)
Зенден гол 21' Report Просинечки гол 13'
Шукер гол 35'

Финале[уреди]

Финалето на првенството се одржало на 12 јули 1998 година на Стад де Франс, во Париз. Французите со 3:0 ги поразиле актуелните бранители на насловот Бразил, а два гола на натпреварот постигнал Зинедин Зидан додека третиот гол длабоко во судиското продолжение бил дело на Емануел Пети. Со ова Франција ја освоила прва светска титула, и станала шестиот национален тим по Уругвај, Италија, Англија, Западна Германија и Аргентина која го освоил на домашен терен. Тие, исто така, му го нанесле најтешкиот пораз на Бразил од 1930.[2]

12 јули 1998
21:00
Бразил  0 – 3  Франција Стад де Франс, Сен Дени
Гледачи: 80,000
Судија: Саид Белкола (Мароко)
Report Зидан гол 27'45+1'
Пети гол 90+3'

Статистика[уреди]

Најдобри стрелци[уреди]

Давор Шукер - најдобар стрелец на првенството со 6 гола
6 гола
5 гола
4 гола
3 гола
2 гола
1 гол
автоголови

Награди[уреди]

Шампиони на Светското Првенство во 1998
France
Франција
Прва титула
Златна копачка: Златна топка: Награда Јашин: ФИФА Фер Плеј Трофеј: Најинтересен Тим:
Flag of Croatia.svg Давор Шукер
Flag of Brazil.svg Роналдо
Flag of France.svg Фабиен Бартез
 Англија
 Франција
 Франција

идеален тим на првенството[уреди]

Голмани Одбрана Среден ред Напаѓачи

Flag of France.svg Фабиен Бартез
Flag of Paraguay.svg Хозе Луис Чилаверт

Flag of Brazil.svg Роберто Карлос
Flag of France.svg Марсел Десаи
Flag of France.svg Лилијан Тирам
Flag of the Netherlands.svg Франк де Бур
Flag of Paraguay.svg Карлос Гамара

Flag of Brazil.svg Дунга
Flag of Brazil.svg Ривалдо
Flag of France.svg Зинедин Зидан
Flag of Denmark.svg Михаел Лаудруп
Flag of the Netherlands.svg Едгар Давидс

Flag of Brazil.svg Роналдо
Flag of Croatia.svg Давор Шукер
Flag of Denmark.svg Брајан Лаудруп
Flag of the Netherlands.svg Денис Бергкамп

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Debutant takes third place with win over the Netherlands“, CNNSI, 11 јули 1998 (конс. 28 јануари 2012).
  2. Paul, Oberjuerge (12 јули 1998). „France plays perfect host; hoists World Cup in Paris.“. „Gannett News Service“. Paris: SoccerTimes. http://www.soccertimes.com/worldcup/1998/games/jul12.htm. конс. 27 јануари 2012. 

Нотес[уреди]


</noinclude>

Светско првенство во фудбал

Уругвај 1930 | Италија 1934 | Франција 1938 | Бразил 1950 | Швајцарија 1954 | Шведска 1958 | Чиле 1962 | Англија 1966 | Мексико 1970 | Западна Германија 1974 | Аргентина 1978 | Шпанија 1982 | Мексико 1986 | Италија 1990 | САД 1994 | Франција 1998 | Кореја/Јапонија 2002 | Германија 2006 | Јужна Африка 2010 | Бразил 2014 | Русија 2018 | Катар 2022 |

Награди | Историја | Домаќини | Маскоти | Квалификации | Рекорди | Трофеи