Базел
Базел (на германски: Basel) е град во Швајцарија кој според бројот на населението од 166,000 луѓе е рангиран на третото место во земјата.[1] Лоциран е на точката каде швајцарската, француската и германската граница се среќаваат, па како резултат на тоа Базел има и населби во Франција и Германија. Со 830, 000 население во три држави урбана област, од 2004 година, Базел е втората по големина урбана област во Швајцарија.[2]
Градот е лоциран во северозападна Швајцарија на реката Рајна и функционира како развиен индустриски центар за хемиска и фармацевтска индустрија. Градот го има најстариот универзитет на швајцарската конфедерација кој датира од 1460 година. Во градот главно населението зборува на германски јазик. Локалната варијанта на швајцарскиот германски се вика базелско-германски дијалект.
Базел е еден од најзначајните културни центри на Швајцарија. Градот располага со голем број на театри, музеи, вклучувајќи го Музејот на фините уметности каде што ја има најстарата уметничка колекција достапна за народот. Исто така театарот во Базел, во 1999 година бил избран за најдобар театар по претставите изведувани на германски јазик, а во 2009 и 2010 година за „Опера на годината“ од страна на германскиот оперски магазин „Опернвелт“.[3]
Наводи [уреди]
- ↑ Basel Population, July 2010
- ↑ „Eurodistrict Basel: Agglomeration“. Eurodistrictbasel.eu. http://www.eurodistrictbasel.eu/index.php?id=26&L=1. проверено на 2010-03-08.
- ↑ Basel: culture pure basel-virtuell.ch. Retrieved on 2010-03-24
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Базел“ |
| Енциклопедијата Британика 1911 на Викиизворот има текст поврзан со „Basel“. |