Светско првенство во фудбал 1930

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
1930 ФИФА Светско Првенство - Уругвај
1er Campeonato Mundial de Football
Официјално лого
Официјално лого
Тимови 13  (од 13 квалификанти)
Домаќин Уругвај
Траело Од - До : 13 Јули 1930 - 30 Јули 1930
Шампиони  Уругвај (прва титулa)
Одиграни натпревари   18
Постигнато голови 70  (просек 3.889 по натпревар)
Најефикасен натпревар:  Аргентина -  Мексико 6-3
Посетеност 434.500  (просек 24.139 по натпревар)
Најдобар стрелец Аргентина Гиљермо Стабиле
8 гола
Најдобар играч не е биран

Светското првенство во фудбал во 1930 година е првото издание на ова фудбалско натпреварување. Ова Светско првенство се одржа во Уругвај од 13 јули до 30 Јули. ФИФА го одбра Уругвај за домаќин на изборот во Барселона, затоа што Уругвај славеше стогодишнина од независноста, а Уругвајската репрезентација го освои турнирот на Олимписките игри 1928 година.

Тринаесет тимови се натпреваруваа во завршниот турнир, од кои четири од Европа, а девет од Северна и Јужна Америка.Повеќето тимови од Европа одбиа да настапуваат поради оддалеченоста и големите цени за патувањето. Првите два натпревари на Светското првенство се одигаа во исто време, а победниците беа Франција која го победи Мексико со 4-1 и САД кој ја совлада Белгија со 3-0. Првиот гол во историјата на Светските првенства доа даде Французинот Лусин Лоран. Во финалето домаќинот и фаворит за освојувањето на овој светски куп, Уругвај ја победи Аргентина во финалето пред 93.000 постануваќи прва екипа која освоила Светско првенство


Историја[уреди]

1914 година ФИФА го признала фудбалот на Олимписките Игри како Светско првенство во фудбал за аматери преземајќи така одговорност за организирање на истиот турнир на следните три Олимпијаде 1920, 1924 и 1928 година. ( На Олимиските игри 1908 и 1912 организатори на натпреварувањето беле Шведкиот и Англискиот Фудбалски сојуз.)

На Олимпијадата во Лос Анџелес 1932 фудбалот воопшто не бил уклучен во програмата на натпреварувања поради непопуларноста во САД. ФИФА и Меѓународниот Олимписки Одбор не се слагале околу статусот на играчите аматери, а за последица имало неуклучувањето на фудбалот во програмата на Олимпијадата во 1932.[1]

На 26 мај 1928 на состанокот во Амстердам, одржан на ден пред почетокот на Олимпијадата во 1928, тогашниот ФИФА-ин председател Жил Риме најавил натпреварување независно од Олимписките Игри, отворено за сите членови на ФИФА.Италија, Шведска, Холандија, Шпанија и Уругвај поднесле пријава за домаќинство, избран Уругвај[2]т

Учесници[уреди]

За листа на сите состави на репрезентациите кои учествуваа во финалниот турнир, видете Состави на 1930 ФИФА Светско првенство. Учесници беа репрезентациите на :

Светското првенство во Уругвај е единственото за кое не се играа квалификации. Секоја репрезентација беше повикана од ФИФА. До 28 фебруари 1930, рокот за пријавување се пријавија репрезентациите на Бразил, Аргентина, Перу, Парагвај, Чиле, Боливија, САД и Мексико, но ниту една прекуатлантска земја не сакаше да настапи заради големите трошоци који би им ги предизвикала оддалеченоста до Јужна Америка и патот преку Атлантскиот Океан. Откако и Англија ја одби поканата, Жил Риме, претседателот на ФИФА, одлучи со уругвајската влада да го спонзорира патот на преку атлантските земји

Најпосле четири репрезентации се одлучиле за патување; Белгија, Франција, Романија и Југославија. Романците со изборникот Костел Радулеску и тренерите : Октав Лучиде и нивниот капитен Рудлоф Вецер се качија на бродот „Конте Верде“ (англиски: „SS Conte Verde) во Џенова, додека Французите на 21 Јуни биле земени од Виљафранс-сур-Мер, Франција. [3] Белгијците тргнале од Барселона. [4].Заедно со Белгијанците патувале Жил Риме, пехарот за победникот и три европски судии : Жан Ланженус  Белгија, Анри Кристоф  Белгија и Томас Балвај  Франција, Парижанин кој за време на патот сознал дека неговата сопруга умрела. Бразилската репрезентација стасала во Уругвај на 4 јули 1930, после пет дена патување. Југословените отишле со поштенскиот брод „Флорида“ од Марсеј. Требале да патуваат со Египќаните који закасниле за на бродот.

Лусин Лоран, стрелецот на првиот погодок на светските првенства, ги опишал доживувањата од патот : Петнаесет ден бевме на бродот „Конто Верде“. Им се придруживме на останатите во Виљафанс-сур-Мер. Основните телесни вежби и вежбите со топка ги изведувавме на палубата. Тренерот ниту еднаш не прозбори за тактиката [5]

Стадиони[уреди]

На стадионот Сентенарио се одигра најголемиот дел од првенството.

Сите натпревари се одиграа бо главниот град на Уругвај, Монтевидео. Се користеа три стадиони  : Сентенарио ( en:Estadio Centenario ), Поситос ( en:Estadio Pocitos ) и Централ Парк ( en:Estadio Parque Central ). Стадионот Сентентарио со капацитет од приближно сто илјади луѓе е изграден првенствено за прославата на стогодишната независност на Уругвај, потоа и за Светското првенство. Жил Риме го прогласи Сентенарио за фудбалски храм [6]

На Сентенарио се изиграа единаесет од осумнаесет натпревари, вклучувајќи двете полуфиналиња и финалето. Но, дождот и задоцнувањето во работата го одложија користењето на Сентенарио за пет дена од почетокот на првенството. [7] До тогаш, натпреварите се играа на помалите стадиони, Поситос и Централ Парк, кои најчесто ги користеа уругвајските клубови, а беа со капацитет од приближно 20.000


Сентенарио[уреди]

  1. Прв круг - А група : Чиле - Франција 1-0 ; Аргентина - Мексико 6-3 ; Аргентина - Чиле 3-1
  2. Прв круг - Б група : Југославија - Боливија 4-0 ; Бразил - Боливија 4-0
  3. Прв круг - Ц група : Уругвај - Перу 1-0; Уругвај - Романија 4-0
  4. Прв круг - Д група : Парагвај - Белгија 1-0
  5. Полуфинале : Аргентина - САД 6-1 ; Уругвај - Југославија 6-1
  6. Финале : Уругвај - Аргентина 4-2

Поситос[уреди]

  1. Прв круг - А група : Франција - Мексико 4-1
  2. Прв круг - Ц група : Романија - Перу 3-1

Централ Парк[уреди]

  1. Прв круг - А група : Аргентина - Франција 1-0 ; Чиле - Мексико 3-0
  2. Прв круг - Б група : Југославија - Бразил 2-1
  3. Прв круг - Д група : САД - Белгија 3-0 ; САД - Парагвај 3-0


Преглед[уреди]

Тринаесет екипи беа поделени во четири групи. Сите натпревари се играа во главниот град Монтевидео. Уругвај, Аргентина, Бразил и САД се поставени за носители и се изоставени во ждрепката. Поради тоа што немаше кфалификации, првите два натпревари на Светското првенство беа воедно и први натпревари во историјата на светските првенства, а се одиграа во исто време нс 13 Јули. Французите ги победиа Мексиканците со 4-1 на стадионот Поситос, а Амеркианците Белгија со 3-0 на Централ Парк. Французинот Лусин Лорeн го даде првиот гол во историјата на светските првентства [8] Подоцна изјави : „Игравме против Мексико и врнеше снег, затоа што на јужната полутопка беше зима. Соиграчот ми нафрли топка, чие патување до мене внимателно го пратев и ја зафатив со волеј-удар со десната нога. Сите бевме среќни заради голот, но никој не се фрлаше по тревата, затоа што никој не сфати дека направивме историја. Само се ракував со соиграчите и продолживме со игра. Немаше никакви награди; сите бевме аматери во тоа време[9]

Прва рунда[уреди]

Група 1[уреди]

Група 1 е единствената група со четири екипи : Аргентина, Чиле, Франција и Мексико. Два дена после победата над Мексико, Французите изгубја од Аргентина со резултат од 1-0, а единствениот гол го даде Луис Монти од слободен удар. Судијата Алмеида Рего отсвири крај шест минути порано од деведесетте минути, а натпреварот е доигран до регуларниот тек после бурните протести на Французите. [10]

На својот втор натпревар Аргентинците го победија Мексико со 6-3, а судијата Улисес Сауседо ( воедно и боливиски тренер ) досуди пет пенали од кои три беа контроверзни. [11] На овој натпревар воедно е досуден првиот пенал во историјата на Светските првенства. Аргентинецот Гиљермо Стабиле постигна хет-трик на својата деби-натпревар. [12]

Натпреварот кој одлучуваше за полуфиналистот се изигра помеѓу Аргентина и Чиле, а обележана е со масовна тепачка после прекршокот на Аргентинецот Луис Монти над Чилеанецот Артуро Торес. Аргентина продолжи понатаки заблагодарувајќи се на победата со 3-1


13 јули 1930
15:00
 Франција 4–1 (3–0)  Мексико Поситос, Монтевидео
Публика: ~1.000
Судија: Доминго Ломбарди  Уругвај
Лорен гол 19'
Лањије гол 40'
Машино гол 42' гол 87'
Карењо гол 70'
15 јули 1930
16:00
 Аргентина 1–0 (0–0)  Франција Централ Парк, Монтевидео
Публика: ~3.000
Судија: Алмеида Рего  Бразил
Монти гол 81'
16 јули 1930
14:45
 Чиле 3–0 (1–0)  Мексико Централ Парк, Монтевидео
Публика: ~500

Судија: Анри Кристоф  Белгија

Субиабре гол 4' гол 50'
Видал гол 64'
19 јули 1930
12:30
 Чиле 1–0 (0–0)  Франција Сентентарио, Монтевидео
Публика: ~2.000

Судија: Анибал Техеда  Уругвај

Субиабре гол 64'
19 јули 1930
15:00
 Аргентина 6–3 (3–1)  Мексико Сентентарио, Монтевидео
Публика: ~5.000

Судија: Улрико Сауседо  Боливија

Стабиле гол 8' гол 17' гол 80'
Зумелзу гол 12'
Ваљаро гол 53' гол 55'
М.Росас гол 35' (пен) гол 65'
Лопез гол 75'
22 јули 1930
14:45
 Аргентина 3–1 (2–1)  Чиле Сентентарио, Монтевидео
Публика: ~1.000

Судија: Жан Ланженус  Белгија

Стабиле гол 12' гол 14'
М.Еваристо гол 51'
Субиабре гол 16'

Група 1 конечна табела

Тим Изг Поб Нер Изг Гда Гпр Пое
 Аргентина 3 3 0 0 10 4 6
 Чиле 3 2 0 1 5 3 4
 Франција 3 1 0 2 4 3 2
 Мексико 3 0 0 3 4 13 0

Група 2[уреди]

Во втората група играа Бразил, Југославија и Боливија. Бразилците заради внатрешни проблеми играа исклучиво со играчи од Рио де Жанеиро [13] , но сеедно се очекуваше да влезат во полуфинале. Но Југословените ги изненадија и ги победија со 2-1 во првиот натпревар од групата. Подоцна двете екипи ја победија Боливија, а Југословените продолжија понатаму на сметка на Бразил кој не го оправда статусот носител.


14 јули 1930
12:45
Кралството Југославија Кралството Југославија 2–1 (2–0)  Бразил Централ Парк, Монтевидео
Публика: ~5.000

Судија: Анибал Техеда  Уругвај

Тирнаниќ гол 21'
Бек гол 31'
Прегуњо гол 62'
17 јули 1930
12:45
Кралството Југославија Кралството Југославија 4–0 (0–0)  Боливија Сентентарио, Монтевидео
Публика: ~1.200

Судија: Франциско Матеучи  Уругвај

Бек гол 60' гол 67'
Марјановиќ гол 65'
Вујадиновиќ гол 85'
20 јули 1930
13:00
 Бразил 4–0 (1–0)  Боливија Сентентарио, Монтевидео
Публика: ~1.200

Судија: Томас Балвај  Франција

Модерато гол 37' гол 73'
Прегуњо гол 57'гол 83'

Група 2 конечна табела

Тим Изг Поб Нер Изг Гда Гпр Пое
Кралството Југославија Кралството Југославија 2 2 0 0 7 1 4
 Бразил 2 1 0 1 5 3 2
 Боливија 2 0 0 2 0 8 0

Група 3[уреди]

Домаќинот и носител на групата Уругвај е заедно со репрезентациите на Перу и Романија. На овој натпревар беше направено и првото исклучување на светските првенства; Перуанецот Пласидо Галиндо е изклучен заради тоа што преостро влезе во дуел со романскиот противник ( тогаш не постоеа жолти картони ) Романците ја искористија предноста од играч повеќе и победија со 3-1 заблагодарувајќи им се на двата гола кои ги постигнаа подоцна ( RSSSF тврди дека двата гола се дале во 85 минута ). Уругвајците го изиграа првиот натпревар дури по пет дена од отворањето на првенството, поради недовршената работа на стадионот Сентенарио. Пред натпреварот со Перуанците е одржана свеченост по повод стогодишниата од независноста на Уругвај, домаќините победија со 1-0, а весниците, вклучувајќи ги и уругвајските, ја пофалија добрата игра на перуанците, а испратија остри критики кон репрезентацијата на Уругвај[14]. Уругвајците се квалификуваа за во полуфиналето со победата над Романија со 4-0


17 јули 1930
14:50
 Романија 3–1 (1–0)  Перу Поситос, Монтевидео
Публика: ~300

Судија: Алберто Варкен  Чиле

Десу гол 1'
Станчиу гол 77'
Ковач гол 85'
Соуза гол 63'
18 јули 1930
14:30
 Уругвај 1–0 (0–0)  Перу Сентенарио, Монтевидео
Публика: ~70.000

Судија: Жан Ланженус  Белгија

Кастро гол 61'
22 јули 1930
14:50
 Уругвај 4–0 (4–0)  Романија Сентенарио, Монтевидео
Публика: ~80.000

Судија: Алмеида Рего  Бразил

Дорадо гол 17'
Скароне гол 24'
Анселмо гол 30'
Сеа гол 35'


Група 3 конечна табела

Тим Изг Поб Нер Изг Гда Гпр Пое
 Уругвај 2 2 0 0 5 0 4
 Романија 2 1 0 1 3 5 2
 Перу 2 0 0 2 2 4 0

Група 4[уреди]

Американците, носителите, доминираа во оваа група, нивната екипа се состоеше и од Англичани со американски пасош [15], а и бројни европски иселеници. Американците лесно ги победија своите први противници, Белгијанците, и со тоа ги изненади уругвајските медиуми, особено „Импарциал“ кој напиша : „Високата победа на Американците навистина ги зачуди фудбалските стручнаци[16]. Но Белгијанците после натпреварот се жалеа дека вториот гол бил постигнат од офсајд, а со тоа судијата ги фаворизирал Амеркианците. [17]

Вториот натпревар го донесе и првиот хет-трик на Светските првенства. Трикратен стрелец беше Амеркианецот Бертрам Патенод на натпреварот против Парагвај. Но се до 10 ноември 2006 година ФИФА го признавала хет-трикот на Гиљермо Стабиле, како прв хет-трик на Светските Првенства, тврдејќи дека Патенод дал само два гола. Но на 10 ноември 2006 година ФИФА даде до знаење дека голот на Американецот Том Флориел е препишан на Бертрам Патенод [18]

Парагвај во не важниот натпревар против Белгија победи со 1-0, А Американците им се придружија на полуфиналистите Уругвај, Аргентина И Југославија со две победи од 3-0


13 јули 1930
15:00
Flag of the United States.svg САД 3–0 (2–0)  Белгија Централ Парк, Монтевидео
Публика: ~10.000

Судија: Хозе Масијас  Аргентина

Мек Ги гол 40' гол 44'
Патенод гол 89'
17 јули 1930
14:45
Flag of the United States.svg САД 3–0 (2–0)  Парагвај Централ Парк, Монтевидео
Публика: ~800

Судија: Хозе Масијас  Аргентина

Патенод гол 10' гол 15' гол 50'
20 јули 1930
15:00
 Парагвај 1–0 (1–0)  Белгија Сентенарио, Монтевидео
Публика: ~900

Судија: Рикардо Баљарино  Уругвај

Пења гол 40'


Група 4 конечна табела

Тим Изг Поб Нер Изг Гда Гпр Пое
Flag of the United States.svg САД 2 2 0 0 6 0 4
 Парагвај 2 1 0 1 1 3 2
 Белгија 2 0 0 2 0 4 0

Нокаут систем[уреди]

  Полуфинале Финале
             
26 јули – Монтевидео
  Аргентина 6  
 Flag of the United States.svg САД 1  
 
30 јули – Монтевидео
      Аргентина 2
    Уругвај 4
27 јули - Монтевидео
  Уругвај 6
 Кралството Југославија Кралството Југославија 1  

Полуфинале[уреди]

Двете полуфиналиња завршија со необично висок резултат - 6-1. Во првото полуфинале Монти даде гол за минимално водство на Аргентинците на полувреме. Во второто полувреме се случи потоп на Американците чија снага беше скротена заблагодарувајќи се на движењето на аргентинските напаѓачи. Американците се жалеа на судијата Жан Ланженус но службено, не презедоја ништо


26 јули 1930
14:45
 Аргентина 6–1 (1–0) Flag of the United States.svg САД Сентенарио, Монтевидео
Публика: ~80.000

Судија: Жан Ланженус  Белгија

Монти гол 20'
Скопели гол 56'
Стабиеле гол 69' гол 87'
Пеуселе гол 80' гол 87'
Браун гол 89'

Во второто полуфинале имаше реприза од финалето на Олимписките Игри 1924, каде снагите ги одмерија репрезентациите на Југославија и Уругвај. Југославија зачудувачки победи заблагодарувајќи се на голот на Бранислав Секулич. Уругвајците потоа поведоја со 2-1, а на Југословенците му беше контроверзно не им беше признат еден гол заради офсајд [19]. До полувреме предноста се покачи на 3-1, а на крај достигна 6-1. Најдобриот Уругвајски напаѓач Педро Сеа постигна хет-трик

27 јули 1930
14:45
 Уругвај 6–1 (3–1) Кралството Југославија Кралството Југославија Сентенарио, Монтевидео
Публика: ~93.000

Судија: Алмеида Рего  Бразил

Сеа гол 18' гол 67' гол 72'
Анселмо гол 20' гол 31'
Ириарте гол 60'
Секулиќ гол 4'

Финале[уреди]

Се случи уште една реприза од Олипсиките Игри, финалето од Олимписките Игри 1928, во кое се сретнаа Аргентина и Уругвај. Заради тоа што сега не се играше ( традиционален ) натпревар за трето место на ова светско првенство, се по прв пат да не се игра натпревар помеќу полуфиналето и финалето. И пак некои извори, најверодостоено делува ФИФА дневен извештај ( en:FIFA Bulletin ) од 1984, кој вели дека наводно се изиграл натпревар за трето место и Југословените победиле со 3-1 [20]. Но никој неможи со сигурност да потврди.

Финалето се одржа во Монтевидео, на 30 јули 1930. Вратата за гледачитебеше отворена од осум часот, дури шест часа пред почетокот на натпреварот. Службените податоци покажуваат дека биле присутни 93.000 луѓе [21]. Во финалето екипите неможеа да се договорат околу топката со која ќе се игра финалето, па ФИФА донесе одлука првото полувреме да се игра со топката на Аргентина, а второто со од Уругвај. Натпреварот заврши 4-2 за Уругвај, и ако заостануваше со 1-2 на полувреме. Така Уругвајците постанаја први светски прваци додавајќи го тоа на олимиската титула од 1928. Жил Риме им го предаде трофејот на Уругвајците, трофеј кој подоцна ќе се нарече Жил Риме. Наредниот ден во Уругвај е прогласен неработен ден, а во Буенос Аирес, главен град на Аргентина со камења се гаѓани зградите на Уругвајските велеработилници [22]


Ова беше последниот ден од светското првенство.Се она што траеше 17 дена завршува на 30 Јули 1930 кога завршува првото светското првенство. Во 12 минута Пабло Дорадо им донесе водство и радост на Уругајците, но Аргентинците не се помирија со тоа и за само 17 минути направија пресврт со головите во 20 минута Пеуселе и 37 Стабиле со неговиот 8 гол на мундијалот. Со тоа заврши првото полувреме со водство на Аргентинците од 1-2. Но во второто полувреме се играше со топката од Уругвај ( во првото од Аргентина ) и тоа им даде посебна инспирација на Уругвајците кој израмнија со голот на нивниот најдобар стрелец Педро Сеа ( 5 гола ) во 57 минута. Во 68 минута Сантос Ириарте им донесе повторно радост на Урувајците. Аргентинците како да немаја сили за да израмнат и не постигнаа гол, но затоа на крајот во 90 минута Хектор Кастро како да сакаше да му се одмазди на Аргентинците и го даде најдоцниот а и последниот гол на тоа Светско првенство. Аргентинците и ако го имаа најдобриот стрелец Гиљермо Стабиле сепак мораа да се задоволат само со второто место


Состави:

  •  Уругвај - Баљестерос, Насаци, Мачерони, Андраде, Фернандес, Гестидо, Дорадо, Скароне, Кастро, Сеа,

Ириарте ;

  •  Аргентина - Ботасо, Дела Торе, Патерностер, Х.Еваристо, Монти, Суарез, Пеуселе, Вараљо, Стабиле, Фереира, М.Еваристо


30 јули 1930
15:30
 Уругвај 4–2 (1–2)  Аргентина Estadio Centenario, Монтевидео
Публика: ~93.000
Судија: Ланженус (Белгија)
Дорадо гол 12'
Сеа гол 57'
Ириарте гол 68'
Кастро гол 90'
(Извештај) Пеуселе гол 20'
Стабиле гол 37'

Победник[уреди]

Шампиони на Светското Првенство во 1930
Uruguay
Уругвај
Прва титула


Конечен пласман[уреди]

Остварување на државите на СП 1930
Место Држава
1 1Gold medal icon.svg   Уругвај
2 1Silver medal icon.svg   Аргентина
3 1Bronze medal icon.svg  Кралството Југославија Кралството Југославија
3 1Bronze medal icon.svg  Flag of the United States.svg САД
5  Бразил
6  Чиле
7  Парагвај
8  Романија
9  Франција
10  Перу
11  Белгија
12  Боливија
12  Мексико


Статистика:

Област Најдобар
Најмногу голови ( Репрезентација ) 18  Аргентина
Најмногу голови ( Играч ) 8 Гиљермо Стабиле  Аргентина
Вкупно голови 70 ( во просек 3,889 на натпревар )
Најмалку голови ( репрезентација ) 0  Боливија и  Белгија
Најмалку примени голови ( во групите ) 0  Уругвај и Flag of the United States.svg САД
Најмалку примени голови ( вкупно ) 3  Уругвај ( 0,75 по натпревар )
Најбрз гол 1' Адалберт Десу  Романија
“Најдоцен“ гол 90' Хектор Кастро  Уругвај
Најефикасен натпревар Аргентина - Мексико 6-3
Најстар играч Жан де Бие  Белгија 38 години
Најмлад играч Карваљо Леите  Бразил и Мануел Росас  Мексико 18 години
Најмала гол разлика ( по групи ) -9  Мексико
Најголема гол разлика ( по групи ) 6 Flag of the United States.svg САД и  Аргентина
Хет-трик Бертрам Патенод Flag of the United States.svg САД, Гиљермо Стабиле  Аргентина и Педро Сеа  Уругвај
Најмлад стрелец Мануел Росас  Мексико 18 години
Најстар стрелец Хектор Скароне  Уругвај 32 години

Најдобра екипа на првенството[уреди]

Голман Одбрана Средина Напад

Flag of Uruguay.svg Енрике Баљестерос

Flag of Argentina.svg Хуан Еваристо
Flag of Mexico.svg Мануел Росас
Flag of Uruguay.svg Хозе Насаци

Flag of Argentina.svg Луис Монти
Flag of Brazil.svg Фаусто
Flag of the United States.svg Џим Браун
Flag of Uruguay.svg Карлос Риолфо

Flag of Argentina.svg Гиљермо Стабиле
Flag of Uruguay.svg Педро Сеа
Flag of Chile.svg Гиљермо Субриабре


Стрелци[уреди]

Голови Стрелци
8 гола : Гиљермо Стабиле  Аргентина
5 гола : Педро Сеа  Уругвај
4 гола : Гиљермо Субриабре  Чиле
Бертрам Патенод Flag of the United States.svg САД
3 гола : Карлос Пеуселе  Аргентина
Прегуњо  Бразил
Иван Бек Југославија Југославија
Перегрино Анселмо  Уругвај
2 гола : Луис Монти  Аргентина
Адолфо Зумелзу Аргентина
Модерато  Бразил
Андре Машино  Франција
Мануел Росас  Мексико
Хектор Кастро  Уругвај
Пабло Дорадо  Уругвај
Сантос Ириарте  Уругвај
Барт Мек Ги Flag of the United States.svg САД
1 гол : Марио Еваристо  Аргентина
Алехандро Скопели  Аргентина
Франциско Ваљаро  Аргентина
Карлос Видал  Чиле
Марсел Лањије  Франција
Лусин Лорен  Франција
Хуан Карењо  Мексико
Роберто Гајон  Мексико
Луис Варгас Пења  Парагвај
Луис Соуза Фереира  Перу
Стефан Барбу  Романија
Адалберт Десу  Романија
Константин Станчиу  Романија
Џим Браун Flag of the United States.svg САД
Хектор Скароне  Уругвај
Благоје Марјанович Југославија Југославија
Бранислав Секулич Југославија Југославија
Александар Тирнанич Југославија Југославија
Џорџе Вујадинович Југославија Југославија

Занимливости[уреди]

  • Со декрет на романскиот крал Карол репрезентативците на оваа земја кои настапиле на СП 1930 добиле тримесечен одмор со гаранција дека нема да ги загубат работните места. Кралот Керол, кој со тимот работел како тренер заедно со националниот тим отпатувал за Уругвај.
  • Репрезентативецот на САД, Бертрам Патенод е првиот фудбалер, кој на СП успеал да постигне хет-трик.
  • Сите наптревари на првиот Светски Куп се одиграни во еден град, Монтевидео и тоа на три стадиони (Сентенарио, Централ Парк и Поситос), а на пример во 1982 кога Шпанија беше домаќин, мечовите се играа на 17 стадиони во 14 града (Мадрид, Барселона и Севиља беа домаќини на два стадиони).
  • Судијата Алдемида Рего од Бразил шест минути порано отсвире крај на натпреварот меѓу Аргентина и Франција (0-1). Аргентинците го постигнаа победничкиот гол во 81 минута.
  • Ова е единствениот шампионат на кој не се играше меч за третото место, а на финалистите не им се доделија медали туку плакети.
  • Останат е уште само еден играч од 1930 ФИФА Светското првенство, тоа е Аргентинецот Франциско Ваљаро ( роден на 5 Фебруари 1910, има 98 години ). [23]
  • Во финалето екипите не можеа да се договорат околу топката со која ќе се игра. ФИФА одлучи првото полувреме да се игра со топката на Аргентина, а второто со од Уругвај. Екипата чијашто беше топката беше во предност ( Аргентинците на полувреме водеа со 1-2, а Уругвајците во второто полувреме со 3-0 за конечен резултат од 4-2).
  • Франција, Југославија и САД изиграа пријателски натпревари низ Јужна Америка по завршувањето на Светското првенство. Бразил играше со Франција на 1 август 1930, со Југословенците на 10 август 1930, а со Американците на 17 август 1930. [24]

Југославија играше против Аргентина на 3 август 1930. [25]

Забелешки[уреди]

  1. Фудбалот на Олимписките Игри (1908. - 1964.) - Службена страница на ФИФА
  2. СП 1930 Уругвај - Службена страница на ВВС.
  3. Податоци од службената страница на ФИФА
  4. Uruguay 1930 - Службена страница на Марка
  5. Лусин Лоран за своуте доживувања во текот на патот
  6. Спорт, Ерик Данинг - стр. 46
  7. Гланвиље - стр. 16
  8. Лусин Лорeн - Стрелец на првиот гол на светско првенство
  9. Интервју со Лусин Лорен - Слубена страница на ФИФА
  10. Гланвиље, стр. 18
  11. Аргентина-Мексико од службената страница на Индиан Тајмс
  12. Хет-трикот на Гиљермо Стабиле од службената страница на Скај Спорт
  13. Проблемитењ во бразилската репрезентација
  14. Алмеида, стр. 125
  15. Гланвиље, стр. 19
  16. en : Where It All Began ( Каде што се почнува ), Рони Џ. Алмеида- стр. 91
  17. en : Where It All Began ( Каде што се почнува ), Рони Џ. Алмеида- стр. 91
  18. Американецот Бертрам Патенод е прв стрелец на хет-трик на светските првенства - Службена страница на ФИФА
  19. Гланвиље, стр. 22
  20. Детаљи за светското првенство во Уругвај - Службена страница на RSSSF
  21. Податок од Службената страница на ФИФА
  22. Гланвиље, стр. 21
  23. Франциско Ваљаро, единствениот жив играч од 1930 ФИФА Светско првенство - Службена страница на ФИФА
  24. Податок за натпреварите изиграни после крајот на Светското првенство 1930
  25. податок од бразилскиот RSSSF

Надворешни врски[уреди]

Понатамошно читање[уреди]

Видео материјал[уреди]

Светско првенство во фудбал

Уругвај 1930 | Италија 1934 | Франција 1938 | Бразил 1950 | Швајцарија 1954 | Шведска 1958 | Чиле 1962 | Англија 1966 | Мексико 1970 | Западна Германија 1974 | Аргентина 1978 | Шпанија 1982 | Мексико 1986 | Италија 1990 | САД 1994 | Франција 1998 | Кореја/Јапонија 2002 | Германија 2006 | Јужна Африка 2010 | Бразил 2014 | Русија 2018 | Катар 2022 |

Награди | Историја | Домаќини | Маскоти | Квалификации | Рекорди | Трофеи