Маскоти на светските првенства во фудбал
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Секое ФИФА Светско Првенство во Фудбал обично има своја маскота. World Cup Willie, маскотата за Светското Првенство во Фудбал 1966 беше првата маскота на Светските Првенства, и една од првите маскоти поврзани за некој голем спортски настан. Дизајнот на маскотата прикажува некоја специфична карактеристика (изглед, флора, фауна и сл.) на земјата домаќин.
| Светско Првенство | Маскота/ти | Опис |
| Англија 1966 |
World Cup Willie |
Лав, типичен симбол на Велика Британија, како носи дрес со знамето на Обединетото Кралство и зборовите „WORLD CUP“. |
| Мексико 1970 |
Juanito |
Дете како носи дрес на Мексико и сомбреро (со зборовите "MEXICO 70"). Неговото име е деминутив од Хуан, често име во шпанскиот јазик. |
| Западна Германија 1974 |
Tip и Tap |
Две деца како носат дресови на Западна Германија, со буквите (Weltmeisterschaft, Светско Првенство) и број 74. |
| Аргентина 1978 |
Gauchito |
Дете како носи дрес на Аргентина. Неговата капа (со зборовите ARGENTINA '78), шал и камшик се типични за гаучосите. |
| Шпанија 1982 |
Naranjito |
Портокал, типично овошје за Шпанија, како носи дрес на домаќинот. Името доаѓа од naranja, шпански за портокал, и деминитивната наставка "-ito". |
| Mexico 1986 |
Pique |
Халапињо пиперка, карактеристика на мексиканската кујна, со мустаќи и сомбреро. Името доаѓа од picante, шпански за зачинета пиперка и сосови. |
| Италија 1990 |
Ciao |
Цртана фигура на играч со глава - фудбалска топка и тело во 3 бои. Името е познат италијански поздрав. |
| САД 1994 |
Striker |
Куче, како носи црвено, бело, син дрес со зборовите „USA 94“. |
| Франција 1998 |
Footix |
Петел, типичен симбол на Франција, со зборовите „FRANCE 98“ на градите. Телото е најмногу сино, како дресот на земјата-домаќин, а името е portmanteau од "football" и завршетокот "-ix" од популарниот стрип Астерикс. |
| Кореа/Јапонија 2002 |
Ato, Kaz и Nik (The Spheriks) |
Портокалови, виолетови и сини (соодветно) футуристички, компјутерски-создадени суштества. Членови се на тимот „Atmoball“ (измислен спорт сличен на фудбал), Ato е тренер додека Kaz и Nik се играчи. Трите индивидуални имиња се избрани според предлози на корисници на Интернет и купувачи во McDonald's во земјите домаќини. |
| Германија 2006 |
Goleo VI |
Лав како носи дрес на Германија со број 06 и фудбалска топка што зборува. |
| Јужна Африка 2010 |
Zakumi |
Леопард со зелена коса кој носи дрес на кој пишува Јужна Африка 2010. Зелените и златните бои кај Закуми ги симболизираат фудбалските бои на Јужна Африка. Неговото име доаѓа од „ZA“, ISO 3166-1 кодот за Јужна Африка, и „куми“ што значи „десет“ на многу африкански јазици. |
Надворешни врски [уреди]
| Светско првенство во фудбал | |||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|
Уругвај 1930 | Италија 1934 | Франција 1938 | Бразил 1950 | Швајцарија 1954 | Шведска 1958 | Чиле 1962 | Англија 1966 | Мексико 1970 | Западна Германија 1974 | Аргентина 1978 | Шпанија 1982 | Мексико 1986 | Италија 1990 | САД 1994 | Франција 1998 | Кореја/Јапонија 2002 | Германија 2006 | Јужна Африка 2010 | Бразил 2014 | Русија 2018 | Катар 2022 | |
