Светско првенство во фудбал 2022

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
2022 ФИФА Светско Првенство - Катар
Qatar 2022
Официјално лого
Официјално лого
Тимови
(вкупно во квалификации: 32 (од шест конфедерации))
Домаќин Катар
Одиграни натпревари 64

Светското првенство во фудбал 2022. (официјално име: -{2022 FIFA World Cup Qatar™}-) ќе биде 22. светско фудбалско првенство кое ќе се одржи во Катар.[1]планирано е Светскиот куп да биде одржан во јуни и јули, иако има предлози купот да се одржи во зима. На натпреварот ќе има 32 национални тимови, вклучувајќи го и домаќинот, Катар.

На 2 декември 2010 во Цирих, ФИФА објавила дека, за првпат, во склад со политиката на ФИФА, Светското првенство во фудбал ќе се одржи на Блискиот Исток.

Во мај 2011, имаше обвинувања за корупција во ФИФА кои ги покренаа прашањата околу легитимноста на Светското првенство да се одржи во Катар. според потпретседателот Џек Варнер, бил испратен имејл околу можноста дека Катар го "купил" Светскиот куп 2022 преку мамење од страна на Мохамед бин Хамам кој беше претседател на Азиската фудбалска конфедерација тогаш. Организаторите во Катар, негираа дека направиле нешто лошо.[2] Подоцна се испостави дека обвинувањата биле лажни.[3][4]

Одбирање на земјата домаќин[уреди]

Процедурата за тоа кој ќе биде домаќин на светските фудбалски првенства во 2018 и 2022 започна во јануари 2009, и националните асоцијации имаа до 2 фебруари 2009 да го регистрираат нивниот интерес.[5] Претходно, имаше единаесет кандидати за Светскиот куп 2018, но Мексико покасно се откажа од кандидатурата,[6] и индонезиската кандидатура беше одбиена од ФИФА во фебруари 2010 кога индонезиската влада не успеа да испрати писмо за да ја поддржи кандидатурата.[7] Индонезиските власти не исклучија можност за кандидирање за Светскиот куп 2026, по победата на Катар за Светскиот куп во 2022. Во текот на избирањето на земјата домаќин, сите неУЕФА нации пополека се откажаа од кандидатурите за 2018, правејќи ги УЕФА земјите неприкладни за кандидирање за купот во 2022.

Држава Прв круг Втор круг Трет круг Четврт круг
Flag of Qatar.svg Катар 11 10 11 14
Flag of the United States.svg САД 3 5 6 8
 Јужна Кореја 4 5 5
Flag of Japan.svg Јапонија 3 2
Австралија Австралија 1

Квалификување[уреди]

Квалификациониот процес за Светскиот Куп 2022 не е сеуште објавен. Сите земји членки на ФИФА, кои вкупно се 209,[8] може да учествуваат во купот. Фудбалската репрезентација на Катар, како домаќини, се квалификуваа автоматски на првенството.

Квалификувани тимови[уреди]

Тим Метода за
квалификација
Дата на
квалификација
 Катар Земја домаќин 2 декември 2010

Стадиони[уреди]

Првите пет предложени стадиони за Светскиот Куп беа обелоденети кон почетокот на март 2010. Стадионите ќе имаат технологија која ќе ги намалува температурите во стадионите до 20 степени, додека горните слоеви на стадионите по завршувањето на Светскиот Куп, ќе бидат извадени и донирани на земјите со помалку развиена спортска инфраструктура.[9] Сите пет стадионски проекти се дизајнирани од страна на германскиот архитект Albert Speer & Partners.[10]

Ал-Хор стадионот е планиран за Ал-Хор, кој се наоѓа 50 километри северно од Доха. Стадионот ќе има вкупен капацитет од 45,330, со 19,830 седишта ќе формираат дел од модуларен горен слој. Ал-Вакра стадионот, кој ќе боде лоциран во Ал-Вакра во јужен Катар, ќе има вкупен капацитет од 45,120 седишта. Стадионот исто ќе има горен слој од 25,500 седишта. Стадионот ќе биде обиколен со големи соларни предмети и ќе биде декориран со предмети од исламската уметност. Ал-Вакра и Ал-Хор стадионите, според нивниот комитет, ќе беа изградени без разлика дали Катар ќе ја добиеше организацијата за домаќин или не. Но сепак, деловите за горниот слој сега ќе бидат додадени поради тоа што Катар ја доби организацијата за Светскиот Куп. [10]

На 9 декември беше издадено соопштение од страна на претседателот на ФИФА Сеп Блатер, кој тврди дека соседите на Катар би можеле да држат некои мечеви. Но сепак не беа дадени конкретни држави во ова соопштение.[11] Блатер додаде дека било каква одлука да е донесена мора да биде донесена прво од Катар и подоцна поддржана и усвоена од страна на комитетот на ФИФА[12] Принцот Али бин Ал Хусеин од Јордан рече за австралискиот Асошиејтед Прес дека одржувањето на спортските натпревари во Бахреин, ОАЕ и можеби во Саудиска Арабија би помогнало во привлекување на луѓето за да го посетат овој регион.[13]

Временски услови[уреди]

Во Катар во текот на летото температурата достигнува над 40 степени целзиусови, а СП треба да се игра на лето. Но, поради жештините, се размислува за промена на терминот за јануари.

Организаторите на Светското фудбалско првенство во Катар, ја демантираа можноста фудбалските мечеви да се играат во траење од три третини по 30 минути, од ФИФА стигнуваа ифнромации дека се размислувало и за таа опција. Официјалните претставници за СП 2022 во Катар, наведоа дека за таа идеја воопшто не се помислувало ниту пак разговарало. ФИФА исто така ги отфрли тврдењата дека имала "резервен план" за натпреварите да се играат по третини така што играчите би можеле да се освежат и да ги надоместат изгубените течности, ако температурата на стадионите е 29 степени.

Меѓутоа, еден од стручњаците кој е задолжен за климатизирање на стадионите во Катар, потврди дека има информација "ако извршниот одбор процени дека тоа е неопходно и ако условите се ризични по здравјето на играчите, може да дојде до промена на правилата, за да се заштитат фудбалерите".

Наводи[уреди]

  1. Soccer Insider - Future World Cups
  2. Valcke denies 2022 'bought' claim“, „BBC News“, 30 мај 2011.
  3. Qatar 2022 'whistleblower' in corruption U-turn. BBC Sport. 11 July 2011. Retrieved 12 October 2012.
  4. Qatar 'whistleblower' retracts claims. Al Jazeera. 10 July 2011. Retrieved 12 October 2012.
  5. Goff, Steve. „Future World Cups“, „The Washington Post“, 16 јануари 2009 (конс. 16 јануари 2009).
  6. Грешка во шаблонот: потребен е наслов на аргументот.[мртва врска]
  7. Indonesia's bid to host the 2022 World Cup bid ends“, „BBC Sport“, 19 март 2010 (конс. 19 март 2010).
  8. FIFA's 208 Member Associations FIFA.com. Retrieved 14-12-10
  9. „Bidding Nation Qatar 2022 - Stadiums“. Qatar2022bid.com. архивирано од оригиналот на 3 мај 2010. http://web.archive.org/web/20100503091612/http://www.qatar2022bid.com/qatars-bid/stadiums. конс. 30 мај 2010. 
  10. 10,0 10,1 2022 FIFA World Cup Bid Evaluation Report: Qatar“, FIFA, 5 декември 2010.
  11. Report: Qatar neighbors could host 2022 WC games“, Fox Soccer/AP, 9 декември 2010.
  12. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име aljazwinter.
  13. Jordan’s Prince Ali calls for winter WCup in Qatar“, Yahoo! Sports/AP, 13 декември 2010.

Видете уште[уреди]