Златан Ибрахимовиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Златан Ибрахимовиќ
Zlatan Ibrahimović Real Madrid-Milan.jpg
Лични податоци
Полно име Златан Ибрахимовиќ
Роден на 3 октомври 1981 (1981-10-03) (33 г.)
Роден во Малме, Шведска
Висина &100000000000001950000001,95 м[1]
Положба напад
Клупски податоци
Сегашен клуб Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен
Број 10
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1999–2001 ФК Малме 40 (16)
2001–2004 ФК Ајакс 74 (35)
2004–2006 ФК Јувентус 70 (23)
2006–2009 ФК Интер 88 (57)
2009–2011 ФК Барселона 29 (16)
2010–2011 ФК Милан (п) 29 (14)
2011–2012 ФК Милан 32 (28)
2012– Париз Сен Жермен 62 (55)
Репрезентација
2001 Шведска 21 7 (6)
2001– Шведска 97 (48)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 21 јуни 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 14.25, 21 јуни 2012 (UTC)

Златан Ибрахимовиќ (роден на 3 октомври 1981) година е Шведски професионален фудбалер кој наспатува за тимот на Париз Сен Жермен од Француската Лига 1, и е капитен на Шведската фудбалска репрезентација. Ибрахимовиќ ја започна својата кариера кон крајот на 90-тите години во фудбалскиот клуб Малме ФФ од Шведска, под раководство на Роланд Андерсон. Беше купен од страна на холандскиот клуб Ајакс каде што направо големо име од себе под раководство на Роналд Куман. Неколку години подоцна тој потпиша за италијанскиот клуб Јувентус за 16 милиони евра. Ибрахимовиќ стекна огромна слава во Серија А, благодарение на партнерството со Давид Трезеге во нападот на Јуве. Во 2006 година, потпиша за големиот ривал на Јувентус, Интер од Милано, каде што освои голем број индивидуални награди како што се Италијанскиот “Oscar del Calcio” (најдобар фудбалер во Италија), Шведската “Guldbollen” (најдобар спрортист на Шведска) и беше именуван во најдобриот тим на УЕФА за 2007 и 2009 година. Освои три Скудета по ред, а сезоната 2008 – 2009 ја заврши како најдобар стрелец.Летото 2009 година Златан премина во Барселона за сума од 69 милиони евра, втора најолема сума во фудбаската историја.Во Барселона се задржа само една сезона за подоцна повторно да се врати во Италија но сега во Милан, каде потпиша договор што го направи еден од најплатените фудбалери во светот, а го чинеше милан 24 милиони евра.Тој е опишан како “силен и агилен, игра одлично кога е свртен со грбот кон голот, еден од фудбалерите со најдобар финиш и контрола на топката”.Беше критикуван дека игра слабо на големите натпревари но Ибра ги замолчи критичарите постигнувајќи голови во најголемите фудбалски дерби натпревари, Ел Класико и Миланското дерби во тешките наатпревари од Лигата на Шампионите и на Европските првенства против најсилните противници во фудбалот.Тој е единствениот фудбалер кој има постигнато барем по еден гол за шест различни клубови во Лигата на Шампионите.

Ран живот[уреди]

Ибрахимовиќ е роден во Шведска син на Босанскиот муслиман Шефик Ибрахимовиќ кој емигрирал во Шведска во 1977 година и Јурка Гравиќ од Хрватска која исто така била емигрант во Шведска. Неговиот татко е од Бјелина, Босна и Херцеговина, а неговата мајка од мало село близу Задар, Пркос, Хрватска. Ибрахимовиќ израснал во Розенград соседство во Малме познато по имигрантските заедници, заедно со неговите три сестри и двајца браќа. Ибрахимовиќ почна да игра фудбал на возраст од шест години во два фудбалски клуба, “Малме” и ФК “Балкан”. Во едно интервју изјави дека младиот тим на Балкан на еден натпревар губел со 4 – 0 на полувреме но тој влегов во вториот дел и во драматичен натпреваr постигнал 8 голови.Во тинејџерските години то беше редовен играч на клубот од неговиот град “Малме ФФ”.На 15 години беше блиску до откажување од фудбалот за да работи на доковите во Малме но неговиот менаџер го убедил да продолжи да игра. Ибрахимовиќ успешно го заврши средното училиште и иако бил примен во “Borgarskolan” (Шведска гимназија) , тој го напуштил школувањето за да се фокусира на неговата фудбалска кариера.

Клубска кариера[уреди]

Малме[уреди]

Ибрахимовиќ го потпиша својот прв договор со Малме во 1996 година, а во сезоната 1999 премина во првиот тим на Малме кој настапуваше во најсилната лига во Шведска. Таа сезона Малме заврши 13-ти и испадана во втората лига за веднаш по една сезона да се врати назад во најсилната конкуренција. Арсен Венгер не успеа да го убеди Ибра да дојде во Арсенал, голем интерес покажа и Лео Бенхакер гледајќи го Ибра на пријателски натпревар против Норвешкиот клуб “Moс ФК”. На 22 март 2001 година беше објавен договорот меѓу Ајакс и Малме за трансфер на Ибрахимовиќ во Амстердам и во јули Ибрахимовиќ официјално премина во Ајакс за 80 милиони шведски круни.


Ајакс[уреди]

Ибрахимовиќ не доби доволна минутажа под раководство на Ко Адриансе но во ноември 2001 тој беше отпуштен, а за негов заменик беше назначен Роналд Куман кој веднаш го вметна Ибрахимовиќ во првиот тим и Ајакс ја освои титулата во Холаднската Ередивија во 2001 – 02. Следната сезона во своето деби во Лигата на Шампионите Ибрахимовиќ постигна два гола во победата на Ајакс против францускиот шампион Олимпик Лион од 2 – 1.Постигна вкупно четири гола во Лигата на Шампионите таа сезона во која Ајакс беше поразен од Милан во четврт-финалето. Во неговата последна сезона за Ајакс, Ибра ја зголеми својата репутација постигнувајќи неверојатен гол против НЕЦ кој подоцна беше изгласан на гол на годината од страна на Еуроспорт. Постигна само два гола во Лигата на Шампионите во таа сезона против Селта Виго на 22 октомври. На 18 август 2004 Ибрахимовиќ го повреди својот тимски колега Рафаел Ван дер Варт за време на напреварот меѓу Шведска и Холандија, што доведе до обвинување од страна на Ван дер Варт дека Ибрахимовиќ намерно го повредил. Ова доведе до неочекуван трансфер на Ибрахимовиќ во Јувентуст на 31 август 2004.Во мај 2012 Ван дер Варт потсети на расправијата меѓу него и Ибра играјќи голф на подлога со слика од Ибрахимовиќ.

Јувентус[уреди]

Ибрахимовиќ се пресели од Ајакс во Јувентус за 16 милиони евра.Тој веднаш заигра за првиот тим на Јувентус можеби заради повредите на Давид Трезеге и постигна 16 голови. Кон крајот на сезоната Јувентус соопшти дека одбил понуда од 70 милиони евра за Ибрахимовиќ од страна на Реал Мадрид но подоцна беше откриено дека тоа е само лажна информација иницирана од агентот на Ибра, Мино Риаола за да ја зголеми неговата цена на трансфер маркетот. На 14 ноември 2005 година беше ја освои наградата за најдобар Шведски фудбалер, Guldbollen. Следната сезона 2005-06 за Ибра беше очајна во споредба со претходната; неговата улога во нападот на Јувентус се смени, повеќе не беше напаѓач туку играше на страничните позиции и во креирањето на играта со што се зголеми бројот на неговите асистенции. Во оваа сезона навивачите на Јувентус често беа фрустрирани од неговите игри на големите натпревари посебно на двомечот со Арсенал во Лигата на Шампионите. На Јувентус му беа одземени последните две Скудета како дел од пресудата од Калчополи скандалот и беше преместен во Серија Б. Новата управа проба да го наговори Ибрахимовиќ и другите првотимци на Јувентус да останат со клубот но Ибра и неговиот агент беа решени да заминат од клубот. Раиола со легална процедура го ослободи Ибрахимовиќ од договоро со Јувентус.

Интер[уреди]

На 10 август 2006, Ибрахимовиќ го комплетираше четиригодишниот договорот со Интер од Милано вреден 24.8 милиони евра, ова се случи неколку дена по трансферот на дафанзивниот играч од средината на теренот на Јувентус, Патрик Виера во Нероаѕурите. Ибрахимовиќ откри дека кога бил млад навивал за Интер. Под водство на Роберто Манчини, Ибра ја зпочна својата кариера во клубот со асистенција и гол во натпревар од Серија А против Фиорентина и ја заврши оваа сезона како најдобар стрелец на Интер со 15 гола.Итнер го освои Скудетото после 17 години. Нероаѕурите ја завршија сезоната со 97 поена рекорд во Серија А, подвиг кој Ибра ќе го повтори и со Барселона. За време на оваа сезона 2006 – 07 Интер постави рекорд во најсилните пет лиги во Европа од 17 победи по ред. Рекорд кој сеуште е во сопственост на Интер. Ибрахимовиќ го одигра својот 100-ти натпревар во Сераија А на 16 септември 2007 година.Неговиот договор беше обновен во 2007 до јуни 2013.Со новиот договор стана еден од фудбалерите со најголема плата. Тој постигна два гола во групната фаза од Лигата на Шампионите против ПСВ на 2 октомври 2007, први два гола во Европа после декември 2005 и први голови за Интер во Лигата на Шампионите. Постигна вкупно 5 голови на 7 натпревари во ова натпреварување во сезоната 2007-08. Против Парма во последниот натпревар од Серија А на 18 мај 2008 се врати од повреда и постигна два драматичми гола со кои Интер победи со 0 – 2 и го освои третото Скудето по ред. На 16 ноември 2008 година, Ибрахимовиќ изјави дека нема да се врати како активен играч во Шведското првенство туку дека целата кариера ќе ја помине играјќи во странство. Сезоната 2008-09 за Ибра започна брилијантно постигнувајќи гол во првиот натпревар на интер од првенството.Неговиот гол против Болоња беше прогласен за гол на годината. Тој постигна гол од место со пета на асистенција на Адријано. Формата на Ибра во оваа сезона беше извонреден, со луцидни движења со и без топката и неговите пасови беа неверојатни посебно акробатскиот пас против тимот на Лацио. Го заврши постот од цел месец без голови против Џенова, задавајќи им го првиот пораз на домашен терен со што Интер остана еднинствениот тим без пораз на домашен терен оваа сезона. Ибрахимовиќ постигна два гола против Аталанта со што си ја осигура Capocannoniere (наградата за најдобар стрелец во Италија) со еден гол предност пред Марко Ди Вајо и Диего Милито кои постигнаа по 25 погодици.

Барселона[уреди]

Откако Максвел го комплетираше трансферот во ФК Барселона, претедателот на Барса, Хуан Лапорта изјави дека првично имало договор меѓу Барселона и Интер за трансфер на Ибрахимовиќ во замена за Самуел Ето плус одреден надомест. Лапорта откри дека преговорите започнале кога тој го пренасочил својот лет кој првобитно бил од Украина за Шпанија кон Милано за да разговара со претседателот на Интер Масимо Морати. На 23 јули 2009 Ибрахимовиќ го напушти Интер за време на летната турнеа во САД за да преговара со Барселона, веднаш по неговиот последен натпревар за Интер против Челзи. По договарањето на персоналните услови на Интер со Ето и на Барса со Ибрахимовиќ, тимот од Каталонија објави дека Ибра ќе пристигне во Барселона на 26 јуни 2009. Наредниот ден ги помина медицинските тестови и беше претставен пред повеќе од 60 илјади фанови на Камп Ноу. Тој потпиша 5-годишен договор вреден 46 милони евра плус Самуел Ето (кој вредеше 20 милиони евра) и позајмица на Александар Хлеб (со опција за неговно целосно купување за 10 милиони евра) со клаузула за сите што ќе сакат да го купат од 250 милиони евра со што вкупно трансферот на Ибра изнесуваше 66 милиони евра. Но договорот за позајмица на Хлеб порпадна и Ибрахимовиќ ја чинеше Барселона 69.8 милиони евра. Интер објави дека изнесува 69.5 милиони евра но дел од сумата Интер (околу 4.5%) ја донирал на малдинските клубови (освен на младинскиот клуб на Јувентус). Сезоната 2009-10 Ибрахимовиќ ја започна со своето деби за Барселона на 23 август 2009 година со асистенција за Лионел Меси во освојувањето на Шпанскиот Супер Куп. Во неговиот нареден меч, Барселона го освои УЕФА Супер Купот. Во третиот натпревар го постигна својот прв гол во победата на Барса против Спортинг Хихон од 3 – 0. Ибра постигна голови и во наредните три натпревари со што постави клубски рекорд како еднинствен играч кој што постигнал гол на првите четири натпревари во првенството. На 20 октомври 2009 го постигна првиот гол за Барселона во Лигата на Шампионите на натпреварот од групната фаза против Рубин Казан. Пет дена подоцна, постигна 2 гола во демолирањето на Сарагоса од 6 – 1 со што беше водечки стрелец во лигата со 7 гола во 7 натпревари и ја искачи Барселона на првата позиција. Ибрахимовиќ претрпе повреда на бутот што го оддалеши три недели од теренот. Тој се врати во 12-тото коло на натпреварот против Реал Мадрид како замена за Тиери Анри во второто полувреме и го постигна својот осми гол во сезоната. Тој заврши со 11 голови и 4 асистенции во првите 15 натпревари на Барселона во првенството.Барселона ја круниса 2009 со победата во “Фифа Светското клубско првенство” против Естудиантес на 19 декември 2009. Ибрахимовиќ го постигна единствениот гол за Барселона во “Kopa del Rey” во сезоната 2009-10 во поразот против Севиља од 2 – 1.На 20 јануари 2010 беше избран во најдобриот тим на УЕФА за 2009. Првиот гол во лигата го постигна на 14 февруари против Атлетико Мадрид. Во неговиот нареден настап постигна гол против Штудгард во првиот меч од нокаут фазата од Лигата на Шампионите. Беше исклучен на натпреварот од првенството против Алмериа на 6 март одлука на која Барселона поднесе жалба и тој беше суспендиран само на еден натпревар. На загрвањето пред натпреварот од Ла Лига против Атлетик Билбао, Ибра доби телесен вирус што го оддалечи од возвратниот натпревар со Арсенал во Лигата на Шампионите каде во првиот тој постигна два гола потоа од Ел Класико ( Барса победи со 2-0) и наредните три меча. Се врати на теренот на мечот против Еспањол како замена во 82-рата минута. Ибрахимовиќ ја заврши сезоната како шести на листата на стрелците со 16 погодоци, а Барселона го урна рекордот за најмногу бодови во една сезона со 20 екипи освојувајќи 99 бода во 38 меча. Го постигна својот последен гол за Барселна во Шпанскиот супер Куп на 14 август 2010 во поразот против Севиља од 3 – 1, а на 25 август го одигра својот последен натпревар против Милан, по кој изјави дека неговиот однос со тренерот Гвардиола е влошен и дека Пеп не зборува со него од март.

Париз Сен Жермен[уреди]

Ибрахимовић у Паризу

На 17 јули 2012 год, Париз Сен Жермен потврди дека постигнале договор за економските и спортските права за Златан Ибрахимовиќ од Милан за почетна сума од 20 милиони евра. Персоналните услови со Ибра биле претходно договорени.Овој трансфер го направи Ибрахимовиќ најскап фудбалер во комбинирани трансфери со вредност од 180 милиони евра со што го надмина Николас Анелка и вредноста на неговите трансфери. Три-годишниот трансфер му донесе годишна плата од 14 милони евра плус бонуси ( 2 милиона поголема плата отколку во Милан) со што е вториот најплатен фудбалер во светот зад камерунецот Самуел Ето. Наредниот ден Ибра го потпиша договорот и ја даде следнава изјава: "Тоа е голем чекор во мојата кариера и уште еден остварен сон. среќен сум бидејќи тоа е проект во кој сакам да учествувам. Сакам да бидам дел од историјата на клубот.Овде сум за да победувам и ништо друго." Во првиот натпревар од сезоната, ПСЖ имаше негатива од два гола по првото полувреме но Ибрахимовиќ постигна два гола и го спаси својот тим од пораз.Постигна два гола и на натпреварот против Лил кој ПСЖ го доби со 3 - 1 и ја оствари првата победа во сезоната 2012 - 2013 по три последователни нерешени натпревари. Во првиот натпревар од Лигата на Шампионите во Групата А против Димано Киев на 18 септември 2012 година го постигна својот шести гол за тимот на Карло Анџелоти во само пет натпревари. Со овој гол стана единствениот играч кој има постигнато барем по еден гол за шест различни тима во Лигата на Шампионите. На 8 октомври 2012 настапи на натпреварот против Марсеј и стана само трет играч кој има настапено на Ел Класико во Шпанија, Миланското дерби во Италија и на дербито меѓу ПСЖ и Марсеј во Франција. На тој натпревар ги постигна двата погодока за ПСЖ ( едниот со пета, а другиот од слободен удар ) на стадионот Велодром во натреварот кој заврши со 2-2. На 11 декември постигна хет-трик на натпреварот во гости против ФК Валансјен кој ПСЖ го доби со 0 - 4.

Интернационална кариера[уреди]

Иако Ибрахимовиќ можеше да настапува и за Босна и Херцеговина и за Хрватска тој одлучи да игра за Шведска, земјата во која е роден. Ибрахимовиќ дебитираше за Шведска на 31 јануари 2001 година во ремито 0 – 0 против Фарските Острови за време на “2001 Nordic football championship” во Типсален. На 7 октомври 2001 година го одигра својот прв од натпреварувачки карактер против Азербеџан во квалификациите за Светското првенство во 2002 во кој Шведска победи со 3 – 0, а тој постигна еден гол. Ибрахимовиќ беше дел од тимот на Шведска на Светското првенство 2002, во кое Шведска беше елиминирана од Сенагал во 1/8 финалето. Настапи два пати како замена на мечот против Аргентина во 88та минута и против сенегал во 76та минута. Ибрахимовиќ беше во првиот состав на сите натревари на Шведска на Европското првенство 2004. Постигна гол од пенал во победата од 5 – 0 против Бугарија, против Италијаодигра перфектно постигна гол со пета кој беше изгласан за најдобар гол на првенството и промаши во пенал рулетот со Холандија во последниот натпревар на Шведска на тоа првенство. За време на квалификациите за Светското првенство 2006, постигна четири гола во победата на Шведска од 7 – 0 против Малта. Не постигна гол на Светското првенство 2006 во кое Шведска беше елиминирана од Германија во 1/8 финалето. Ибрахимовиќ беше повикан за натпреварот од квалификациите за Европското првенство 2008 против Лихтенштајнво септември 2006 година, но два дена пред натпреварот го прекрши тимскиот “Полициски час” и го напуштил хотелот во кој се наоѓал тимот на Шведска заедно со Олаф Мелберг и Кристијан Вилхемсон и заминале во локален ноќен клуб. Иако фудбалерите не конзумирале алхохол како казна тренерот Ларс Лагербег ги пратил дома и никој од нив не настапи на овој меч. Мелберг и Вилхемсон ја прифатија казната но Ибрахимовиќ сметаше дека казната е неправдена и затоа одби да настапи на наредните два натпревари против Исланд и Шпанија. Тој не настапи и на пријателскиот натпревар против Египет во февруари 2007, но го прекина бојкотот месец подоцна, и настапи во поразот на Шведска од Северна Ирска на 28 март. Не постигна гол во овие квалификации. Ибрахимовиќ беше избран за “Swedish Golden Ball” 2007 година како најдобар фудбалер за оваа година. Ибрахимовиќ го прекина својот две годишен пост на голови за репрезентацијата на отварањето на Европското првенство во јуни 2008 против Грција, а постигна гол и на натпреварот против Шпанија. Го заврши првенството со два гола, а Шведска беше елиминирана во групната фаза од Русија. Во квалификациите за Светското првенство 2010 година постигна гол против Малта во јуни 2009 година, а постигна и гол во последните моменти од натпреварот на против Унгарија на стадионот “Ференц Пушкаш” во победата на Шведска од 2 – 1 во септември 2009 год. Пред почетокот на кфалификациите за Европското првенство 2012, Ибрахимовиќ беше именуван за капитен на Шведска. Ги постигна своите први два гола во квалификациите против Сан Марино во победата од 6 – 0 иако Шведска играше со црвен картон поевеќе од еден час. Постигна хет-трик против Финска во победата од 5 – 0 . На првиот натревар за Шведска на Европското првенство 2012, го постигна голот против Украина. Го отвори резултатот со гол од волеј кој подоцна беше изгласан за најдобар гол на првенството во победата на Шведска против Франција од 2 – 0. Шведска беше елиминирана во групната фаза, а Ибрахимовиќ беше еднинствениот играч кој не играше во ¼ финалето, а беше изгласан во најдобриот тим на првенството. Во ноември 2012 ги постигна сите четири гола во победата од 4 – 2 против Англија на првиот натпревар одигран на “Френдс Арената”. Четвртиот погодок беше неверојатен го постигна од 30тина метри со ножички свртен со грб кон голот. Доби многу пофалби, а ББС го опиша голот како комбинација на “неизмерна имагинација и експресна техника”.

Стил на игра[уреди]

Ибрахимовиќ е опишан како “силен и агилен, игра многу добро свртен со грб кон голот, еден од најдобрите во начинот на постигнување на головите и контрола на топката”. Беше критикуван дека покажува слаби игри на големите натпревари но ги замолчи критичарите доминирајќи во големите натпревари како Ел Класиоко и Миланското дерби и нокаут натпреварите од Лигата на Шампионите. Ибра е единствениот фудбалер кој има постигнато барем по еден гол за шест различни клубови во Лигата на Шампионите.

Персонален живот[уреди]

Ибрахимовиќ има два брата, два полубраќа и една полусестра. Негова долгогодишна сопруга е Хелена Сегер со која има две деца, Максимилијан роден во септемри 2006 година и Винсент роден во март 2008 година. Моментално живее во Париз но еднаш годишно го посетува својот дом во Малме. Ибрахимовиќ има црн појас во “taekwondo” Ибрахимовиќ зборува Шведски, Босански, Англиски и Италијански јазик. Тој е мешавина, Босанец и Хрват. Религиска определба, католички христијанин. Името Златан (Златан Ибрахимовиќ) беше патентирано во 2003 година во Шведска, со што тој доби ексклузивни права на користење на името за одредени продукти и реклами вклучувајќи спортска обрема, облека и чевли. Има договор со Најк се појавува во нивните реклами. Ja носи “Nike Mercurial boot” линијата на копачки. На надворешниот дел од копачките му се впишани датите на раѓање на неговите синови. Во есента 2008, Ибрахимовиќ со помош на Најк ја создаде организацијата “Zlatan court” со која изгради модерни фудбалски терени во соседството Розенград во неговиот роден град Малме. Во 2008, донираше најк дресови на неговиот младински тим ФБК Балкан.

Референци[уреди]

  1. „Zlatan Ibrahimovic“. AC Milan. http://www.acmilan.com/en/teams/roster_player/2044. конс. 17 октомври 2010.