Мино Рајола

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Мино Раиола)
Мино Раиола
Мино Рајола
Полно име Кармине Раиола
Роден на 4 ноември 1967(1967-11-04)(56 г.)
Роден во Ночера Инферионе, Италија
Починал на 30 април 2022(2022-04-30) (возр. 54)
Починал во Милано, Италија
Држава Холандија Холандија
Кариера 1992-2022
Работи за самостојно


Кармине „Мино“ Раиола (4 ноември 1967 - 30 април 2022) — поранешен холандски фудбалски агент роден во Италија.

Кариера[уреди | уреди извор]

Раиола е роден во Ночера Инферионе, во областа Салерно. Благодарение на неговото италијанско потекло тој има добри контакти со најважните италијански клубови. Раиола се преселил во Харлем (Холандија) со неговите родители во 1968 година, кога тој имал само една година. Тој работел во италијанскиот ресторан Наполи кој бил сопственост на неговите родители и учел во правно училиште. Во 1987 година, Раиола ја основал својата сопствена компанија. Во прилог на неговиот бизнис, Раиола, исто така, се фокусирал и на фудбалската кариера. На возраст од 22 години, тој му се приклучил на ХФЦ Харлем. Наскоро тој го напуштил клубот и во неговите зборови објаснил дека доброволно поднесол оставка, бидејќи другите членови на одборот се премногу конзервативни. По кратка авантура како играч и администратор, сепак, тој останал вклучен во фудбалскиот свет, овој пат како фудбалски агент. Раиола работел во Спортски промоции. Тој помагал во трансферите на играчите на Ајакс Брајан Рој (во екипата на Фоџа во 1992 година), Марсиано Винк (во Џенова во 1993) , Вим Јонк и Денис Бергкамп (во Интер во 1993 година) и Мишел Крек (во Падова во 1994 година). По некое време тој одлучил да ја напушти компанијата и да почне со свој клиенти. Неговиот прв голем трансфер беше оној на Павел Недвед, кој по добрите игри на Евро 1996 потпишал договор со Лацио.

На 31 август 2004 година, на последниот ден од летниот трансферен прозорец, Раиола го доведе шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ за сума од 16 милиони евра во Јувентус од Ајакс.

Клиенти[уреди | уреди извор]

Ова се некои од фудбалерите кои биле клиенти на Раиола некогаш.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]