Робин ван Перси

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Робин ван Перси
Robin van Persie
Robin Van Persie 2009.jpg
Лични податоци
Роден на 6 август 1983
Роден во Ротердам, Холандија
Висина &100000000000001830000001,83 м
Положба напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Манчестер Јунајтед
Број 20
Младинска кариера
Феенорд
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2001–2004 Феенорд 59 (15)
2004 Арсенал 194 (96)
2012- Манчестер Јунајтед 21 (16)
Репрезентација
2007-2010 Холандија 70 (30)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 16 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 16 јануари 2012

Робин ван Перси (роден 6 август 1983 во Ротердам) е холандски фудбалер кој игра во англиската Премиер Лига за Манчестер Јунајтед како и за Холандија. Како син на двајца уметници, Ван Перси бил охрабруван и самиот да стане уметник и да тргне по стапките на неговите родители, но нему повеќе му се допаднал фудбалот и станал член на младиот состав на СБВ Екселсиор во 2001. Неговиот пробив беше во клубот од неговиот роден град Феенорд, каде што помина три сезони и го освои купот на УЕФА во 2002. Во 2004, се пресели во Англија и потпиша за Арсенал, со кого истата сезона го освои Комјунити Шилд, а во сезоната 2004-05 и ФА Купот.

Ван Перси има и 32 настапи и 10 голови за Холандската репрезентација, за која учествуваше и на Светското Првенство во 2006 и на Европското во 2008.

Биографија[уреди]

Робин ван Перси пораснал во Ротердамската населба Кралинген. Неговата мајка, Хозе Рас, била сликар, а неговиот татко, Боб, бил скулптор.[1] Тој има две сестри, Лили и Кики.[2] Често бил охрабруван да тргне по стапките на неговите родители и да стане уметник, но тој го избрал фудбалот.

Клубска Кариера[уреди]

Феенорд[уреди]

Ван Перси стана член на холандскиот младинскиот тин на СБВ Екселсиор во 2001, но си замина поради конфликти со тренерскиот состав и потпиша за Феенорд.[3] Набрзина се проби до првиот тим поради повреди на некои од играчите, дебито за клубот му беше на 17 години, прв од вкупно 15 настапи. На крајот на сезоната 2001-02, беше прогласен за Најдобар Млад Талент во холандската прва лига.

На почетокот на следната сезона, Ван Перси потпиша нов три годишен професионален договор со Феенорд, и постигна пет гола на натпреварот од Амстел Купот против АГОВВ кој заврши 6-1 на 6 февруари, 2003.[4] Но, поради несогласувања со менаџерот Берт ван Марвијк Ван Перси беше префрлен во резервниот состав, за што Ван Марвијк изјави, „Поради неговото однесување, невозможно беше тој да остане во стартниот состав, па затоа ќе им се приклучи на резервите.“[5] За време на натпревар помеѓу резервите на Феенорд и Ајакс, тој беше еден од неколкуте играчи на Феенорд кои беа нападнати од страна на хулигани кои навлегоа на теренот.[3] Разликите помеѓу Ван Перси и Ван Марвијк се продлабочија кога Ван Перси беше испратен дома пред натпреварот од Супер Купот против Реал Мадрид откако наводно тренерот не бил задоволен од говорот на телото на Ван Перси, кога му било кажано да се загрее за натпревар од лигата.[1] Ван Перси ја заврши својата деби сезона во првиот тим, имаше вкупно 28 настапи и осум голови, таа сезона Феенорд загуби во финалето на Холандскиот куп.

Феенорд неуспешно се обиде да го продолжи договорот на Ван Перси за време на летото. Сезоната 2003-04 ја помина на клупата поради се полошите односи со Ван Марвијк. Повторно играше 28 натпревари, но постигна само 6 голови. Феенорд го понудија на продажба на крајот на сезоната, но поради неговото дисциплинарно досие немаше многу заинтересирани. Во јануарскиот преоден рок во 2004, холандскиот клуб започна преговори со Арсенал. Арсенал имаше потреба од долгорочна замена за ветеранот Денис Беркамп. Двете страни не успеаја да се договорат во јануари, но пет месеци подоцна, во летниот преоден рок, Ван Перси се пресели во Арсенал за 2,75 милиони фунти, малку повеќе од половина од оргиналната цена поставена од Феенорд, 5 милиони фунти.[6][3]

Арсенал[уреди]

На 17 мај 2004, Ван Перси потпиша четиригодишен договор со Арсенал.[7] Менаџерот Арсен Венгер, кој планирал да го претвори Ван Перси од лево крило во напаѓач, што претходно му успеа со Тиери Анри,[8] за новиот играч изјави, „Може да игра на лево во средниот ред, како креативен играч зад напаѓачите или како напаѓач.“[9] Арсенал дополнително го засилија напаѓачкиот ред со купувањето на шпанецот Хозе Антониот Рејес,[10] со што дојде до ситуација во која овие двајца треба да се борат за место во првиот тим, но Ван Перси прв го имаше дебито за тимот, и при тоа освои и трофеј, кога влезе како замена на натпреварот против Манчестер Јунајтед во Комјунити Шилд на 8 август 2004 кој Арсенал го освои со 3:1.[11]

Ван Перси со Тиери Анри.

Ван Перси поминуваше многу време на клупата во почетокот на сезоната 2004–05, неговото натпреварувачко деби беше на 27 октомври, 2004 кога го постигна и својот прв гол во победата од 2:1 на натпреварот од Карлинг Купот против Манчестер Сити.[12] Сепак, првиот црвен картон во Арсенал го заработи веќе на 26 февруари, 2005 за време на гостивањето кај Саутхемптон кој заврши 1:1. Картонот го доби поради старт врз левиот бек на Саутемптон Грем Ле Со,[13] по што вообичаено смирениот Венгер бил виден како му вика на Ван Перси додека овој го напуштал теренот. Подоцна Венгер го критикуваше Ван Перси и на прес-конференцијата со изјавата: „Не го подржувам Ван Перси денес, но на полувреме изгледаше како да има се под контрола. Кога судијата му дава црвен на домашен играч, тогаш тој е под притисок, што значи дека ако некој требаше да се контролира, тоа беше тој.“ Во меѓувреме, спортскиот писател на Телеграф Клајв Вајт во својот извештај за натпреварот го опиша Ван Перси како „9 годишно момче во телото на 21 годишник.“[14] По ова Ван Перси беше приморан да седи на клупа неколку натпревари, почнувајќи со повторениот натпревар од ФА Купот против Шефилд Јунајтед,[15] и беше вратен во составот само поради повредата на листот на Тиери Анри, на првиот натпревар откако се врати постигна два гола на победата во полуфиналето на ФА Купот против Блекбурн Роверс. Сезоната заврши за Ван Перси набрзо потоа поради повреда, но тој сепак имаше постигнато 10 голови на 40 настапи.[16]

Ван Перси против Челзи во 2008

Добрата форма на Ван Перси му донесе награда Играч на Месецот на Премиер Лигата за ноември откако имаше осум голови на осум настапи,[8][1] по што беше награден со петгодишно продолжување на договорот на 4 јануари, 2006.[17] Но, два дена по потпишувањето на новвиот договор, Ван Перси се здоби со нова повреда, на натпреварот од ФА Купот против Кардиф, еден од противничките играчи го згазна на стапалото и му скрши еден од прстите.[18] Ван Перси играше на следните три натпревари со дупка во копачката, исечена за да се намали притисокот, а со тоа и болката, по што беше одморен на Премиерлигашкиот натпревар против Вест Хем Јунајтед на 1 февруари.[1] На првото финале на Арсенал во Лигата на Шампионите во 2006 беше на клупата, но не влезе во игра, Арсенал загуби со 2:1 од Барселона.[19]

На почетокот на сезоната 2006–07 на натпреварот против Чарлтон Атлетик, Ван Перси постигна гол од волеј, во скок, за кој Венгер рече „таков (гол) се постигнува еднаш во животот“,[20][мртва врска]


Подоцна беше прогласен за Гол на Месецот за септември од страна на BBC,[21] а годината ја заврши како Ротердамски Спортист на Годината за 2006. Сепак, неговата сезона беше предвреме завршена по вторпат во својата кариера на 21 јануари 2007, кога заработи фрактура на коска во десното стапало додека го прославуваше израмнувачкиот гол на натпреварот против Манчестер Јунајтед. Сезоната ја заврши со 13 постигнати голови.[22]

Ван Перси на тренинг на Арсенал.

Откако Анри си замина во Барселона пред почетокот на сезоната 2007–08, Ван Перси ја презеде улогата на главен напаѓач на Арсенал. Сезоната ја започна добро откако го постигна победничкиот гол во натпреварот против Интер од Купот на Емирати кој заврши 2:1. Истото го постигна и на натпреварот против Ајакс од Купот на Амстердам кој заврши 1:0. По серијата од седум голови на десет натпревари во лигата, Ван Перси повторно се повреди, овојпат повредата беше на коленото, а ја доби на натпревар за Холандија.[23] Враќањето во форма му беше на натпреварот од фазата по групи од Лигата на Шампионите против ФК Стеауа Букурешт на 12 декември,[24] а во Премиер Лигата се врати против Виган на 9 март, кога влезе како замена во второто полувреме. Првиот гол по враќањето го постигна од пенал во победата од 3:2 против Болтон Вандерерс.

Ван Перси ја започна сезоната 2008-09 на 31 август со два гола во победата од 3:0 против Њукасл Јунајтед.[25] На 29 октомври, го постигна својот педесети гол за Арсенал во дербито против ривалите Тотенхем кое заврши 4:4. На 1 ноември го доби и својот прв црвен картон за 2008-09 откако го турна голманот Томас Соренсен на поразот од 2:1 против Стоук Сити. Соренсен подоцна призна дека го „зафркавал“ Ван Перси со цел да го испровоцира реакција.[26]

Манчестер Јунајтед[уреди]

На 15 август 2012 година, Арсенал објавија дека се договорени условите со Манчестер Јунајтед за неговиот трансфер, но Ван Перси требаше уште да ги договори личните услови со клубот. На 17 август 2012 година, Ван Перси и официјално стана фудбалер на Манчестер Јунајтед за сума од £ 24.000.000, потпишувајќи четиригодишен договор.[27] Тој стана првиот играч којшто преминал од Арсенал во Манчестер Јунајтед уште од Вивијан Андерсон кој во 1987 направи ваков трансфер. На 20 Август 2012, Ван Перси го направи своето деби за Манчестер Јунајтед во поразот на неговиот тим од 1 - 0 од Евертон [28] Пет дена подоцна тој го постигна својот прв погодок за клубот со својот прв удар за клубот, за да го израмни резултатот на 1-1 во натпреварот со Фулам на Олд Трафорд. Јунајтед забележа победа од 3-2 на тој натпревар.

Репрезентативна Кариера[уреди]

Ван Перси (горе) и Руд Ван Нистелрој на тренинг пред ЕП 2008.

Првите настапи за Холандија Ван Перси ги направи за помалку од недела, прво во победата од 2:0 од квалификациите за Светското Првенство 2006 против Романија на 4 јуни, 2005,[29][30] а потоа во друг натпревар од квалификациите, четири дена подоцна против Финска, натпревар на кој го постигна својот прв репрезентативен гол во победата од 4:0.[31]

Светско Првенство 2006[уреди]

И покрај тоа што не беше редовен стартер во составот на Арсенал, Ван Перси беше дел од составот на Марко ван Бастен за Светското Првенство 2006. Играше на сите четири натпревари на Холандија, и го постигна својот единствен гол во групната фаза против Брегот на Слонова Коска од слободен удар, по што Холандија беше елиминирана во првата елиминациона фаза.[32][33]

Европско Првенство 2008[уреди]

На квалификациите за ЕП „008, Ван Перси постигна 4 гола, најмногу во холандската репрезентација,[34][35] и играше како крило за време на првенството, зад единствениот напаѓач Руд ван Нистелрој откако Ван Бастен реши да смени во 4-2-3-1 формација. На 13 јуни, постигна гол откако влезе во 55 минута, во победата од 4:1 против финалистот од СП 2006 Франција, и беше стартер на следниот натпревар против Романија, кога постигна гол на асистенција од Деми де Зеуф. Првенството го заврши со само два гола, откако Холандија заврши на врвот во групата Ц, но повторно беше исфрлена во првата елиминациона фаза.[36]

Личен живот[уреди]

Ван Перси и жена му, холанѓанка со мароканско потекло, Бушра имаат еден син, Шекил, кој е роден на 16 ноември 2006. Тие живеат во Гофс Оук, Хертфордшајр.[3]

Обвинение за силување[уреди]

На 13 јуни 2005, додека беше во Ротердам на припреми со тимот на Холандија за квалификациите за СП 2006, Ван Перси беше уапсен поради сомнение за силување од страна на холандската полиција откако поранешната холандска Мис Нигерија Сандра Кријгсман изјавила дека тој наводно ја нападнал два дена порано во хотел.[37] Тој помина две недели во затвор додека полицијата ги истражувала обвинението на Кријгсман,[38] по што беше ослободен по одлука на судот дека нема потреба да седи во затвор, но сè уште важеше за осомничен.[39]

Во февруари 2006, случајот беше целосно отфрлен од страна на холандското јавно обвинителство откако заврши нивната истрага. Обвинителството изјави, по темелната истрага, дека немало насилен сексуален контакт.[40] Ван Перси јавно проговори за времето поминато во затвор неколку месеци подоцна, опишувајќи го искуството како понижувачко, исто така изјави и дека во затворот бил третиран како криминалец, и покрај фактот што не бил виновен. Во октомври 2005 излезе извештај во кој пишуваше дека над 200 полицајци од Ротердам се обиделе да го видат неговото досие, и покрај фактот што голем дел од нив немале одобрение.[41]

Статистика[уреди]

Club performance[9]
Клуб Сезона Лига Куп Европа Вкупно
Настапи Голови Асист. Настапи Голови Асист. Настапи Голови Асист. Настапи Голови Асист.
Феенорд 2001-02 8 0 0 0 0 0 7 0 0 15 0 0
2002–03 23 9 0 0 0 0 2 0 0 25 9 0
2003–04 28 6 0 0 0 0 3 0 0 31 6 0
Феенорд вкупно 71 15  ?
Арсенал 2004–05 26 5 1 9 4 0 6 1 0 41 10 1
2005–06 24 5 1 7 4 0 7 2 0 38 11 1
2006–07 22 11 7 1 0 0 8 2 1 31 13 8
2007–08 15 7 3 1 0 0 7 2 2 23 9 5
2008–09 9 5 3 0 0 0 3 2 2 12 7 5
Арсенал вкупно 145 50 20
Кариера вкупно 216 65 20

(Клубска статистика заклучно со 16 ноември 2008)

Репрезентативни голови[уреди]

# Датум Стадион Противник Гол Конечен Натпреварување
1. 8 јуни, 2005 Олимписки Стадион Хелсинки, Хелсинки, Финска Финска 0:4 0:4 Квалификации за СП 2006
2. 16 јуни, 2006 Стадион Готлиб-Дајмлер, Штутгарт, Германија Брегот на Слонова Коска 0:1 1:2 Светско Првенство во Фудбал 2006
3. 16 август, 2006 Стадион Ландсоун Роуд, Даблин, Ирска Ирска 0:4 0:4 Пријателски натпревар
4. 6 септември, 2006 Стадион Филипс, Ајндховен, Холандија Белорусија 1:0 3:0 Квалификации за ЕП 2008
5. 6 септември, 2006 Стадион Филипс, Ајндховен, Холандија Белорусија 2:0 3:0 Квалификации за ЕП 2008
6. 7 октомври, 2006 Национален Стадион Васил Левски, Софија, Бугарија Бугарија 1:1 1:1 Квалификации за ЕП 2008
7. 11 октомври, 2006 Амстердам Арена, Амстердам, Холандија Албанија 1:0 2:1 Квалификации за ЕП 2008
8. 13 јуни, 2008 Стад де Суис, Берн, Швајцарија Франција 2:0 4:1 ЕП 2008
9. 17 јуни, 2008 Стад де Суис, Берн, Швајцарија Романија 2:0 2:0 ЕП 2008
10. 20 август, 2008 Стадион Локомотив, Москва, Русија Русија 0:1 1:1 Пријателски натпревар
Репрезентативна изведба[42]
Репрезентација Сезона Настапи Голови
Холандија 2004–05 2 1
2005–06 12 1
2006–07 5 5
2007–08 8 3
Вкупно 32 10

(Репрезентативна статистика заклучно со 16 ноември, 2008)

Почести[уреди]

Феенорд[уреди]

Арсенал[уреди]

  • Комјунити Пилд: 2004
  • ФА Куп: 2005
  • Лига на Шампиони - второ место: 2006

Манчестер Јунајтед[уреди]

Индивидуални почести[уреди]

  • Најдобар млад талент на холандската лига 2000-01
  • Играч на Месецт во Премиер Лига: ноември 2005
  • Ротердамски спортист на годината: 2006
  • Гол на месецот во Премиер Лига: септември 2006

Белешки[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Young Gunner, timesonline.co.uk. Retrieved September 19 2008.
  2. Robin Van Persie Bio, tv.com. Retrieved November 16 2007.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Young man’s game“. „Sunday Times“. http://www.timesonline.co.uk/article/0,,2093-1378139,00.html. 
  4. FEYENOORD DRINK FROM CUP OF CHEER - feyenoord.com, 2/6/03. Retrieved on 11/9/08.
  5. Take care with Persie - The Sun Sport, 4/29/04. Retrieved on 11/9/08.
  6. Feyenoord slap £5m price tag on Van Persie - The Telegraph, 1/20/04. Retrieved on 11/9/08.
  7. Arsenal win the race to capture £3m Van Persie, Independent Online Edition, April 29 2004. Retrieved on 1 декември 2007.
  8. 8,0 8,1 Van Persie hits spot for Wenger - The Guardian, 12/3/05. Retrieved on 11/9/08.
  9. 9,0 9,1 Robin van Persie - History, soccernet.espn.go.com, accessed 29 септември 2007.
  10. CBBC Newsround, Arsenal sign Reyes for record fee, January 27 2004. Retrieved on November 30 2007.
  11. BBC Sport, Arsenal 3-1 Man Utd, August 8, 2004. Retrieved on November 30 2007.
  12. Man City 1-2 Arsenal, BBC Sport, October 27 2004. Retrieved on November 30 2007.
  13. Southampton 1-1 Arsenal, BBC Sport, February 26 2005. Retrieved on November 30.
  14. Brain is not used by Van Persie - The Telegraph, 2/26/05. Retrieved on 11/9/08.
  15. Van Persie wants to make amends - ESPN Soccernet, 3/11/05. Retrieved on 11/9/08.
  16. 4thegame Profile, retrieved on November 30.
  17. Van Persie signs new Arsenal deal, BBC Sport, January 6 2006. Retrieved on November 30 2007.
  18. Arsenal's Van Persie to miss cup tie with broken toe - ESPN Soccernet, 1/10/06. Retrieved on 11/9/08.
  19. Barcelona 2-1 Arsenal - BBC Sport, 5/17/06. Retrieved on 11/9/08.
  20. Wenger: 'Winner was the goal of a lifetime', Arsenal.com, September 30 2007. Retrieved on December 10 2007 (dead link)
  21. Goal of the month, BBC SPORT, January 8 2007. Retrieved December 8 2007.
  22. „Van Persie set to sit out season“. „BBC Sport“. http://news.bbc.co.uk/sport1/hi/football/teams/a/arsenal/6301085.stm. конс. 30 март 2007. 
  23. Van Persie could be sidelined for a month, Arsenal.com, October 20, 2007. Retrieved on November 30, 2007.
  24. Arsenal 2–1 Steaua Bucharest, BBC SPORT, December 12, 2007. Retrieved on December 12, 2007.
  25. Van Persie double seals winning display - The Guardian, 8/31/08. Retrieved on 11/9/08.
  26. Stoke keeper admits: I wound van Persie up to get him red card Northampton Chronicle and Echo, 11/3/08. Retrieved on 11/9/08.
  27. Coppack, Nick. „Van Persie transfer completed“, „ManUtd.com“, Manchester United, 17 август 2012 (конс. 17 август 2012).
  28. "Everton 1-0 Man Utd" BBC Sport. 20 August 2012. Retrieved 20 August 2012.
  29. 17 Robin van Persie Holland Stats, ITV Sport, World Cup 2006. Retrieved on December 11 2007.
  30. Soccerbase stats for Romania vs. Holland game
  31. Soccerbase stats for Finland vs. Holland game
  32. Soccerbase stats for Van Persie's World Cup (see bottom of list)
  33. Soccerbase stats for Holland's 2006 World Cup game against Ivory Coast
  34. Soccerbase stats for Albania vs. Holland
  35. Soccerbase stats for Luxembourg vs. Holland
  36. „Gespeelde wedstrijden“. KNVB. http://knvb.nl/oranje/selectie/spelers/detail/gesp-wedstr?player_id=20030901143325607. конс. 16 мај 2007. 
  37. Arsenal star held over rape claim, BBC News, June 14 2007. Retrieved on November 17 2007.
  38. Rape quiz Arsenal star still held, BBC News, June 16 2007. Retrieved on November 17 2007.
  39. Rape claim Arsenal star released, BBC News, June 27 2007. Retrieved on November 18 2007.
  40. Van Persie no longer rape suspect | FOOTBALL | SPORT | tvnz.co.nz
  41. "Над 200 полицајци во Ротердам се обиделе да ѕирнат во дигиталното досие составено за напаѓачот на Арсенал Робин ван Перси.", Telegraaf, October 12 2005 (холандски)
  42. Robin van Persie statistics from voetbalstats.nl. Retrieved on 2007-11-15

Надворешни врски[уреди]