Ајндховен

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Ајндховен
Eindhoven
Официјално знаме на Ајндховен
Знаме
Официјален грб на Ајндховен
Грб
Локација
Локација на Ајндховен
Координати

Erioll world.svg 51°26′″N, 5°29′″E

Временска зона +1 СЕВ
+2 СЕЛВ
Општи податоци
Име
- изворно
Ајндховен
  Eindhoven
Прво доселување 8 век
Основан во 1232 година
Поштенски код 5600-5658
Повикувачки број +31 40
Официјална страница eindhoven.eu
Управа
Земја Flag of the Netherlands.svg Холандија
Провинција North Brabant-Flag.svg Северен Брабант
Градоначалник Герит Бракс (ЦДА)
Географија
Површина
- копно
- вода
88,84 km² km²
87,75
1,09
Население
Население 209 716 (1 јануари 2007[1])
Густина 2,377 ж./km² (2007)
Етнички групи Холанѓани, Турци, Мароканци, Суринамци, Холандски Антилци/Арубанци


Конференцискиот центар Еволуон.

Ајндховен (хол: Eindhoven) е општина и град во провинцијата Северен Брабант на југот на Холандија, првобитно поставен на устието на реките Домел и Гендер. Гендер е исушен со брана по Втората Светска војна, но Домел сѐ уште тече низ градот.

Блиски градови и гратчиња се Сон ен Бругел, Нунен, Гелдроп-Миерло, Ваарле, Велдховен, Оиршот и Бест. Оваа агломерација има околу 440.000 жители. Целата област (заедно со Хелмонд) има околу 750.000 жители. Ајндховен е исто така дел од урбаната област Брабант Стад, којашто има над 2 милиони жители.

Содржина

[уреди] Демографија

Во 2006 година населението на Ајндховен се состоело од 209,179 лица, од кои 26.5% или околу 55,400 луѓе со странско потекло[2]. Како лица со странско потекло се сметаат луѓе кои се родени надвор од Холандија, или барем еден од нивните родители е роден надвор од Холандија.

Големи малцински групи се[се бара извор]:

Други големи малцински групи се Германци и Индонезијци.

Музичкиот објект Ефенаар.

[уреди] Економија

Ајндховен прераснал од мало село во 1232 година во еден од поголемите градови во Холандија со околу 210.000 жители во 2006 година. Голем дел од овој раст се должи на Филипс и ДАФ.

[уреди] Спорт

  • ПСВ Ајндховен е главниот фудбалски клуб во градот. Неговиот стадион е Стадионот Филипс и е доминантен клуб во највисоката холандска лига. ПСВ бил национален шампион 20 пати. Во 2000, 2001, 2003, 2005, 2006 и 2007 го има освоено првото, а во 2002 и 2004, второт место во лигата. На меѓународно ниво, ПСВ во 1988 го има освоено Европскиот куп во Лигата на шампиони.

[уреди] Римскиот скелет

Најголемиот скелет на римски војник најден досега е откопан во близина на Ајндховен во 1982 година. Неговата должина била 196 cm, а бил најден во подрумот на уништена таверна од 4 век од н.е.[се бара извор]

[уреди] Видете исто така

[уреди] Референци

  1. cbs.nl - Биро за статистика на Холандија
  2. Население на Ајндховен Општина Ајндховен.

[уреди] Надворешни врски

Commons logo
Заедничката ризница има категорија поврзана со