Пиза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед од Плоштадот деи Мираколи

Пиза (италијански: Pisa) — италијански град сместен на реката Арно во регионот Тоскана и главен град на истоимената покраина. Овој град е познат по многубројните културно-историски споменици, од кои најзначајна е Кривата кула, висока 56 метри, изградена во 12 век.

Пиза во 1540 г., карта на Јакопо Филипо Форести
Катедралата во Пиза
Ѕидините кои го опкружуваат историскиот центар на Пиза

Овој италијански град е родно место на научникот Галилео Галилеј. Во овој град се наоѓа најзначајниот аеродром во овој регион, Аеродромот Галилео Галилеј и исто така Пиза е седиште на три важни универзитети и бројни истражувачки центри.

Географија[уреди | уреди извор]

Градот Пиза е сместен во близина на утоката на реката Арно, во низинска област која на север е затворена со планинскиот венец Монти Пизани.

Клима[уреди | уреди извор]

Климата во Пиза е условена од два фактори: близината на морето кое ги ублажува силните зимски студови и летни жештини, и континенталноста на низината Валдарно. Следната табела ги содржи средните вредности кои се регистрираат во текот на годината:

Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Година
Максимална средна темпер. (°C) 10 11 15 18 22 26 30 29 26 21 16 11 19,6
Минимална средна темпер. (°C) 2 3 4 7 10 14 18 17 14 11 6 2 9
Дождови (mm) 69 71 72 85 56 48 28 52 93 112 135 80 901

Пиза како мотив во уметноста[уреди | уреди извор]

  • „Пиза и Венеција“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.[1]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 17.