Нани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Луис Нани
Nani
Nani.JPG
Лични податоци
Роден на 17 ноември 1986
Роден во Праја, Капе Верде
Висина &100000000000001750000001,75 м
Положба крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Манчестер Јунајтед
Број 17
Младинска кариера
Спортинг Лисабон
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005–2007 Спортинг Лисабон 58 (9)
2007– Манчестер Јунајтед 129 (26)
Репрезентација
2006- Португалија 62 (13)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 22 мај 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 27 јуни 2012

Луиш Карлош Алмеида да Куња или попзнат како Нани (португалски: Luís Carlos Almeida da Cunha) е португалски фудбалер од средниот ред, кој во моментот настапува за екипата на Манчестер Јунајтед и Фудбалската репрезентација на Португалија. Најчесто игра на позицијата десно крило, но често е користен и на левата страна.

Нани е роден на 17 ноември 1986 година во Праја, Капе Верде. Неговото семејство емигрирало во Португалија каде ја започнал својата фудбалска кариера и почнува да игра за локалниот тим Реал Масама. На 16 годишна возраст тој почнува да тренира со ФК Спортинг Лисабон и ФК Бенфика на одредени денови. На крајот тој му се приклучи на младинскиот состав на Спортинг бидејќи тие му нудат да тренира со нив во пред сезонските подготовки. Во 2005 година, тој го направи своето професионално деби за клубот и го освои португалскиот куп за време на неговата втора сезона со нив. Нани беше прогласен за SJPF млад играч на месецот за месец мај 2007 година и неговите настапи со Спортинг кулминираа со потег на англискиот клуб Манчестер Јунајтед кој во јули 2007 година за сума од 25,5 милиони € го донесе Нани на Олд трафорд. Нани го освои ФА Комјунити Шилд во неговото официјално деби за Манчестер Јунајтед на 5 август 2005 кога беше победен Челси. На оваа титула тој додаде трофеи од Премиер лигата и Лига на Шампиони уште во својата дебитантска сезона со црвените ѓаволи. Откако тој се етаблира како прв избор на крилото на Манчестер Јунајтед успеа да освои и уште две титули во Премиер лигата, Лига куп, ФИФА Клупско Светско првенство, и три ФА Комјунити Шилд наслови.

Нани е исто така репрезентативец на Португалија. Пред да игра на сениорско ниво, тој играше за репрезентацијата до 21-на година. Тој го направи својот сениорски деби во септември 2006 година во пријателски натпревар против Данска и го постигна својот прв репрезентативен погодок во текот на поразот од 4-2 на тој натпревар во Копенхаген. Од своето деби, тој има направено 51 настапи и постигнато 12 гола за Португалија.

Титули[уреди]

Португалија Спортинг[уреди]

Англија Манчестер Јунајтед[уреди]

Надворешни врски[уреди]