ФК Спортинг Лисабон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Спортинг Лисабон
Целосно имеФудбал Клуб Спортинг Лисабон
ПрекарLeões (Лавови)
Verde e Brancos (зелено-бели)
Основан1 јули 1906
СтадионЖозе Алваладе
Лисабон, Португалија
Капацитет50,095
СопственикПортугалија Фредерико Варандас
ТренерПортугалија Рубен Аморим
Лига Примеира лига
2022–23Примеира лига, 4. место
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

ФК Спортинг Лисабон или само Спортинг е португалски фудбалски клуб од Лисабон, кој во моментов се натпреварува во Примеира лига, највисокото ниво на португалскиот фудбал.

Клубот е основан во 1906 година и важи за еден од најуспешните клубови во Португалија, заедно со нивните најголеми ривали Бенфика и Порто со кои ја сочинуваат големата фудбалска тројка во земјата. Во клупската историја со освоени 19 национални титули, 17 купови и 9 суперкупови, Спортинг е трет клуб по успешност во Португалија зад Бенфика и Порто. Покрај тоа, клубот има и една титула во европските натпреварувања, освоена во Купот на победниците на куповите во сезоната 1963-1964, кога во финалето го победиле унгарскиот МТК.

Својте домашни натпревари, Спортинг ги игра на стадионот Жозе Алваладе, изграден во 2003 година, кој го заменил стариот стадион со истото име. Традиционалните бои на клубот се зелената и белата, а прекарот на клубот е Leões (Лавови), симбол кој што се наоѓа и на средината од грбот на клубот. Химната на клубот е насловена како "A Marcha do Sporting" (Маршот на Спортинг).

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Бр. Позиција Играч
1 Шпанија ГМ Антонио Адан
2 Бразил ОД Матеус Реис
3 Холандија ОД Џери Сент Жуст
4 Уругвај ОД Себастијан Коатес
5 Јапонија СР Хидемаса Морита
8 Португалија НП Педро Гонсалвеш
9 Шведска НП Виктор Ѓекереш
10 Англија НП Маркус Едвардс
11 Португалија СР Нуно Сантош
12 Уругвај ГМ Франко Исраел
13 Португалија ОД Луис Нето
17 Португалија НП Франсиско Тринкао
Бр. Позиција Играч
20 Португалија НП Паулињо
21 Мозамбик НП Жени Катамо
22 Шпанија ОД Иван Фреснеда
23 Португалија СР Даниел Браганса
25 Португалија ОД Гонсало Инасио
26 Брег на Слоновата Коска ОД Усман Диоманде
41 Бразил ГМ Диего Калаи
42 Данска СР Мортен Хјулманд
43 Португалија ОД Жоао Мунис
47 Португалија ОД Рикардо Есгајо
72 Португалија ОД Едуардо Кварежма
80 Франција СР Коба Коиндреди

Тренери[уреди | уреди извор]

Тренери на Спортинг Лисабон

Стручни кадри[уреди | уреди извор]

Управен одбор[уреди | уреди извор]

Уго Виана
Позиција Име
Претседател и сопственик Португалија Фредерико Варандас
Заменик претседатели Португалија Франсиско Салгадо
Португалија Педро Жозе Кореја
Спортски директор Португалија Уго Виана
Тим менаџер Португалија Бето
Маркетинг директор Португалија Паулињо
Скаутинг директор Португалија Раул Жозе
Рубен Аморим

Тренерски штаб[уреди | уреди извор]

Позиција Име
Тренер Португалија Рубен Аморим
Втор тренер Португалија Карлош Фернандеш
Асистенти Ангола Аделио Кандидо
Португалија Емануел Феро
Тренери на голманите Португалија Жорже Витал
Португалија Тијаго Фереира
Фитнес тренер Португалија Гонсало Алваро
Координатор на младинските екипи Португалија Жоао Пауло Кошта
Општ лекар Португалија Жоао Педро Араужо
Физиотерапевти Португалија Пауло Бареира
Португалија Уго Фонтес
Португалија Рубен Фереира

Трофеи[уреди | уреди извор]

Домашни натпреварувања[уреди | уреди извор]

1940-1941, 1943-1944, 1946-1947, 1947-1948, 1948-1949, 1950-1951, 1951-1952, 1952-1953, 1953-1954, 1957-1958, 1961-1962, 1965-1966, 1969-1970, 1973-1974, 1979-1980, 1981-1982, 1999-2000, 2001-2002, 2020-2021.
1940-1941, 1944-1945, 1945-1946, 1947-1948, 1953-1954, 1962-1963, 1970-1971, 1972-1973, 1973-1974, 1977-1978, 1981-1982, 1994-1995, 2001-2002, 2006-2007, 2007-2008, 2014-2015, 2018-2019.
2017-2018, 2018-2019, 2020-2021, 2021-2022.
1982, 1987, 1995, 2000, 2002, 2007, 2008, 2015, 2021.

Меѓународни натпреварувања[уреди | уреди извор]

1963-1964
Финалист : 2004-2005
Стадион Жозе Алваладе

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]