Џон Тошак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џон Тошак
John Toshack
John Toshack 2011.jpg
Селектор на Македонија од 2011
Лични податоци
Полно име Џон Бенџамин Тошак
Роден на 22 март 1949 (1949-03-22) (65 г.)
Роден во Кардиф, Велс
Положба напад
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1965–1970 ФК Кардиф Сити 162 (74)
1970–1978 ФК Ливерпул 246 (96)
1978–1984 ФК Свонси Сити 63 (25)
Total 471 (195)
Репрезентација
1968–1969 Велс-23 4 (0)
1969–1980 Велс 40 (13)
Раководител на екипите
1978–1983 ФК Стоук Сити
1983–1984[1] ФК Свонси Сити
1984–1985 ФК Спортинг Лисабон
1985–1989 ФК Реал Сосиедад
1989–1990 ФК Реал Мадрид
1991–1994 ФК Реал Сосиедад
1994 Велс
1995–1997 ФК Депортиво Ла Коруња
1997–1999 ФК Бешикташ
1999 ФК Реал Мадрид
2000–2001 ФК Сент-Етјен
2001–2002 ФК Реал Сосиедад
2002–2003 ФК Катанија
2004 ФК Реал Мурсија
2004–2010 Велс
2011–2012 Македонија
2013– ФК Хазар Ланкаран
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари.
† Учества (Голови).

Џон Бенџамин Тошак (англиски: John Benjamin Toshack; р. 22 март 1949) е поранешен велшки фудбалер и поранешен селектор на Македонската фудбалска репрезентација.

Како играч, останал запомнат по своите настапи во ФК Ливерпул во 1970-тите години, формирајќи заедно со Кевин Киган еден од најдобрите напади.

Биографија[уреди]

Тошак е роден во 1949 во Кардиф, Велс, од татко Шкот и мајка Велшанка.

Кариера како играч[уреди]

Кардиф Сити[уреди]

Тошак ја започнал својата фудбалска кариера играјќи во Cardiff City, потпишувајќи за нив на 16 години. Тој стана најмладиот играч на клубот кој играл во лигата откако влегол на натпреварот против Лејтон Ориент, во кој го постигнува дебитанскиот гол за победа од 3-1 на 13 ноември 1965. Првиот хет-трик го постигнал во Јануари 1968 во победата од 8-0 против Ебу Вејл во Вешкиот Куп.

Ливерпул[уреди]

После четири години во Кардиф Сити, Тошак потпишува за ФК Ливерпул на 11 ноември 1970. Тошак дебитирал за Ливерпул 3 дена подоцна. Неговиот прв гол го постигнал недела подоцна на 21ви во Мерсисајд дербито на Енфилд.

Во Ливерпул постигнал 96 голови; бил дел од тимот кој станал шампион на Англија во 1873, 1876 и 1977, го освоил Англискиот куп во 1974 и УЕФА купот во 1973 и 1976 година.

Тренерска кариера[уреди]

Џон Тошак има богата тренерска кариера, која ја започнал во тимот на Свонси Сити, но како тренер бил и во екипите Спортинг Лисабон, Реал Сосиедад, Реал Мадрид, Депортиво Ла Коруња, Бешикташ, Сент-Етјен, Катанија, Реал Мурсија, како и селектор на репрезентациите на Велс и Македонија.

Трофеи[уреди]

Како играч[уреди]

Како играч-менаџер[уреди]

Како менаџер[уреди]

Индивидуални почести[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Тошак го напуштил Свонси во октомври 1983, за повторно да се врати во декември.