Лукас Подолски
Лукас Подолски во 2012 |
|||
| Лични податоци | |||
|---|---|---|---|
| Полно име | Лукас Подолски[1] | ||
| Роден на | 4 јуни 1985 | ||
| Роден во | Гливице, Полска | ||
| Висина | 1.82 m[2] | ||
| Положба | напад[3] | ||
| Клупски податоци | |||
| Сегашен клуб | ФК Арсенал | ||
| Број | 9 | ||
| Младинска кариера | |||
| 1991–1995 | FC 07 Bergheim | ||
| 1995–2002 | ФК Келн | ||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Apps† | (Gls)† |
| 2002–2004 | ФК Келн II | 2 | (0) |
| 2003–2006 | ФК Келн | 81 | (46) |
| 2006–2009 | ФК Баерн Минхен | 71 | (15) |
| 2007–2008 | ФК Баерн Минхен II | 2 | (0) |
| 2009–2012 | ФК Келн | 88 | (33) |
| 2012– | ФК Арсенал | 14 | (4) |
| Репрезентација ‡ | |||
| 2001–2002 | Германија U17 | 6 | (2) |
| 2002–2003 | Германија U18 | 7 | (4) |
| 2003 | Германија U19 | 3 | (6) |
| 2004 | Германија U21 | 5 | (0) |
| 2004– | Германија | 106 | (44) |
| * Senior club appearances and goals counted for the domestic league only and correct as of 16:42, 1 декември 2012 (UTC). † Appearances (Goals). |
|||
Лукас Подолски (роден на 4 јуни 1985 година во Гливице, Полска) e германски фудбалер со полско потекло кој во моментов настапува за aнглискиот клуб Арсенал во Премиер лигата. Тој е син на поранешниот полски фудбалер Владемар Подолски. Иако Лукас е роден во Полска, тој настапува за репрезентацијата на Германија, каде неговото семејство се преселило кога тој имал само 2 години. Израснал во градот Бергхајм.
Своето деби во националниот тим на Германија го имал на 6 јуни 2004, на возраст од 19 години, против Унгарија во пријателски натпревар одигран во Кајзерслаутерн.
Содржина |
Кариера [уреди]
Келн [уреди]
Подолски ја започнал својата професионална кариера во тимот на Келн, за кого дебитирал во натпревар од Бундеслигата на 22 ноември 2003, на возраст од 18 години, во поразот на домашен терен од Хамбургер со 1-0. Следната сезона постигнал 24 голови и бил најдобар стрелец во Бундеслига 2, со кој му помогнал на Келн да се врати во Бундеслигата. Сезоната 2005-06 ја завршил со 12 постигнати голови и го привлекол вниманието на голем број клубови како Ливерпул, Баерн Минхен, Хамбургер, Вердер и Реал Мадрид.
Баерн Минхен [уреди]
Во летото 2006 година Подолски го комплетирал својот трансфер во Баерн за сума која се претпоставувало дека изнесува 10 милиони €. Своето деби за Баерн го направил на 11 август 2006 против Борусија Дортмунд, влегувајќи како замена во 88-та минута. Тој бил дел од клубот во периодот од 2006 до 2009 година и одиграл преку 100 натпревари во сите натпреварувања во кој постигнал 26 голови. Доаѓањето на италијанскиот напаѓач Лука Тони го истиснува Подолски од стартната постава на Баерн и тој одлучил да се врати назад во Келн во летото 2009 година.
Враќање во Келн [уреди]
Подолски ги послушал советите на селекторот на Германија Јоаким Лев и се вратил во Келн како би ги задржал шансите за настап во националниот тим. Тој бил главна фигура во тимот во следните три сезони во кој Келн се натпреварувал во Бундеслигата. Сепак, и покрај 18 голови на Подолски во сезоната 2011-12 Келн испаѓа од лигата.
Арсенал [уреди]
На 30 април 2012 Подолски потпишал за англискиот премиерлигаш Арсенал за сума од 14 милиони €.
Надворешни врски [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ „List of Players“ (PDF). FIFA. http://www.fifa.com/mm/document/tournament/competition/01/22/85/78/fwc_2010_squadlists.pdf. проверено на 8 November 2010.
- ↑ „Player Profile: Lukas Podolski“, Sky Sports (проверено на 31 July 2012).
- ↑ „Lukas Podolski“. „Arsenal Football Club“. http://www.arsenal.com/first-team/players/lukas-podolski. проверено на 20 August 2012.
|
|||||