15 јуни
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | јуни | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | ||||||
| 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
| 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
| 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
| 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
| 30 | ||||||
15 јуни е 166-тиот ден во годината според григоријанскиот календар (167-ми во престапна година). Остануваат 199 дена до крајот на годината.
Настани:
| 1752 | Бенџамин Френклин, го докажа односот меѓу молњата и електричното празнење со пуштање на детско летало за време на бура. На овој ден е пронајден громобранот. |
| 1919 | Во директен лет од Њу Фаундленд, Северна Америка до Ирска, британските авијатичари Артур Браун и Џон Оклок први го прелетаа Атлантикот. Летот траеше 10 часа и 12 минути. |
| 1920 | На Конгресот во Хаг е основана Светската конференција на трудот. |
| 1967 | Жорж Помпиду е избран за претседател на Франција. |
| 1994 | Израел и Ватикан воспоставија целосни дипломатски односи по историскиот договор за меѓусебно признавање и помирување, и формално окончувајќи го вековното несогласување меѓу Евреите и Римокатолиците. |
| 1994 | Република Македонија и Република Боливија воспоставија дипломатски односи. Република Боливија е прва земја од Латинска Америка и Карибите со која Република Македонија воспостави дипломатски односи. |
Родени:
| 1330 | Едвард, наречен „Црниот Принц“. |
| 1479 | Лиза дел Џокондо, позната како Мона Лиза. |
| 1519 | Хенри ФицРој, незаконски син на Хенри VIII. |
| 1843 | Едвард Григ, норвешки романтистички композитор. |
| 1882 | Јон Антонеску, премиер на Романија. |
| 1882 | Павел Шатев, македонски револуционер. |
| 1899 | Федерико Гарсија Лорка, шпански писател. |
| 1922 | Јусуф Реџепи, македонски лекар. |
| 1930 | Фахри Каја, македонски поет. |
| 1980 | Икер Ромеро, шпански ракометар. |
| 1953 | Сји Џинпинг, претседател на НР Кина. |
Починале:
| 1389 | Мурат I, отомански султан. |
| 1927 | Христо Делчев, македонски револуционер. |
| 1986 | Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Ангелариј, поглавар на Македонската православна црква. |
| 1990 | Џорџ Накашима, јапонско - американски столар. |
| 1995 | Џон Винсент Атанасов, американски компјутерски инженер. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |