Ела Фицџералд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ела Фицџералд
Фицџералд во ноември 1946
Животописни податоци
Родено имеЕла Џејн Фицџералд
Роден(а)април 25, 1917(1917-04-25)
Newport News, Virginia
Починал(а)јуни 15, 1996(1996-06-15) (возр. 79)
Beverly Hills, California
ЖанровиSwing, Bebop, traditional pop, vocal jazz
ЗанимањаПејачка, Глумица
ИнструментиVocals
Период на активност1934–1993
ИздавачиCapitol, Decca, Pablo, Reprise, Verve
Мреж. местоOfficial website

Ела Фицџералд (25 април 1917 – 15 јуни 1996) ,исто така позната како „Првата дама на песна“, „Кралица на џезот и „Лејди Ела“ е американска џез пејачка со гласовен распон што опфаќал три октави. Била позната по чистината на тонот на нејзиниот глас, беспрекорната дикција, фразирање, интонација и импровизирачката способност што наликувала на труба, посебно кога пеела скет. Фицџералд исто така била познат толкувач на The Great American Songbook. Во текот на нејзинта 59-годишна кариера има продадено над 40 милиони копии од нејзините повеќе од 70 албуми, освоила 13 Греми награди и и била наградена со Националниот медал за уметност од страна на Роналд Реган и претседателскиот медал на слобода од Џорџ Х. В. Буш.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Фицџералд е родена во Њупорт Њуз, Вирџинија, а нејзини родители биле Темперенс „Темпи“ и Вилијам Фицџералд. Набргу откако се родила, нејзините родители се разделиле, а Ела заминала да живее со нејзината мајка во Јонкерс, Њујорк, каде по извесно време се вселиле кај долгогодишниот партнер на нејзината мајка, Џозеф Да Силва. Во детството таа сакала да биде танчерка иако обожувала да ги слуша џез песните на Louis Armstrong, Bing Crosby и Босвел сестрите. За нејзиниот идол, пејачката Кони Босвел, има кажано: „Мајка ми донесе дома една нејзина плоча и се вљубив во неа... Се обидував да звучам како неа.“ Нејзината мајка починала од срцев удар во 1932 година и по оваа трагедија интересот на Ела за училиште се намалил. Заминала да живее со нејзината тетка откако била злоупотребувана од нејзиниот очув и некое време работела како набљудувач за еден бордел и била поврзана со игри на среќа поврзни со мафијата. Кога властите ја фатиле, Ела прво била сместена во сиропиталиште за сираци со обоена кожа во Ривердејл, Бронкс. Меѓутоа, кога сиропиталиштето било преполно, таа заминала во училиште за обучување на девојчиња во Хадсон, Њујорк. По извесно време побегала и одредено време била бездомник.

Рана кариера[уреди | уреди извор]

Своето пејачко деби го имала на 21ви ноември,1934, на 17 години, во театарот Аполо, во Харлем, Њујорк. Таму прилекувала неделна публика и имала шанса да се натпреварува во една најраните познати Аматерски ноќи. Најпрво планирала да настапува со танц, но, заплашена од изведбата на сестрите Едвардс, таа одлучила да запее во стилот на Кони Босвел. Ја отпеала Judy и The Object of My Affection и освоила 25 долари за првото место. Во јануари 1935, Фицџералд добила шанса да настапува една недела со Tiny Bradshaw бендот во операта во Харлем. Таму се запознала со тапанарот и фронтменот Чак Веб. Веб веќе го најмил пејачот Чарли Линтон да свири со бендот и овозможил да има проба со неговиот бенд кога свиреле на една игранка на Yale University. Почнала често да пее со оркестарот на Веб сè до 1935 година во Савој Болрум во Харлем. Фитцџералд снимила неколку хитови со нив, вклучувајќи ги и Love and Kisses (If You Can’t Sing It) You’ll Have to Swing It (Mr. Paganini). Но, она со што ја воодушевила публиката била нејзината верзија на детска песна од 1938 "A-Tisket, A-Tasket". По смртта на Чик Веб, на 16ти јуни 1939, бендот се преименувал во Ела и Нејзиниот Познат Оркестар.

Години во “Decca”[уреди | уреди извор]

Во 1942 година, Фицџералд го напуштила бендот за да започне сопствена кариера. За време на нејзината соработка со продукцентската куќа Decca, таа имала неколку популарно хитови работејќи со артисти како Bill Kenny & The Ink Spots и The Delta Rhythm Boys. Појавувањето на бибоп довело до нови развивања во вокалниот стил на Фицџералд, поттикнат од нејзината соработка со бендот на Dizzy Gillespie. Токму во тој перид Фицџералд почнала да го вклучува скет пеењето како главен дел од нејзините настапи. Пеејќи со Gillespie, Фицџералд се присетува :“ Само се обидував ( со гласот ) да го сторам она што го прават трубите во бендот “. Нејзината снимка на песната “ Flying Home “ во 1945 година, адаптирана од Vic Schoen, е подоцна опишана од весникот New York Times како “една од вокално највлијателните џез песни на деценијата.... Додека други пејачи, особено Луис Армстронг, имале слични импровизации, никој како госпоѓицата Фицџералд не ја применил таа техника со таква импресивна креативност “. Нејзината бибоп снимка на песната “ Oh, Lady Be Good “ (1947) била со приближна популарности и ја зголемила нејзината репутација како една од водечките џез вокалисти.

Години во “Verve”[уреди | уреди извор]

До 1955 година, Фицџералд сè уште настапувала на концертите на Jazz at the Philharmonic. Ги напуштила Decca и сега нејзиниот менаџер, Гренз, ја основал продуцентската куќа Verve за неа. Тој период Фицџералд подоцна го опишува како стратешки важен, мислејќи дека бибап е модерно и дека се што треба да стори е да оди и да пее бибап. “Тогаш сфатив дека музиката е многу повеќе од бибап. Норман мислеше дека треба да пејам и други работи, па затоа заедно ја продуциравме The Cole Porter Songbook. Тоа беше пресвртница во мојот живот.” Објавена во 1956 година, Ella Fitzgerald Sings the Cole Porter Songbook, била прва од осумте збирки со песни што Фицџералд ги снимила за Verve во периот од 1956 до 1964. Композиторите и авторите на текстовите означени на секоја збирка, во целина го претставуваат најголемиот дел од културниот каноник познат како The Great American Songbook. Ella Fitzgerald Sings the Duke Ellington Song Book била единствената збирка со песни каде учествувал и композиторот чии песни Ела изведувала. Duke Ellington и неговиот долгогодишен соработник Billy Strayhorn пееле на половина од 38те песни од збирката и напишале две нови песни за албумот “ The E and D Blues “ и музички портрет на Фицџералд во четири дела (тоа е единствената песна од збирката каде Фицџералд не пее). Збирките на песни биле со воодушевување прифатени од критиката и биле комерцијално успешни и се најзначајниот подарок за американската култура. Во 1996, New York Times напишал, “Овие албуми се меѓу првите кои посветуваат многу внимание на поединечните композитори и имале важна улога во утврдувањето на поп албумите како средство за сериозно музичко истражување”. Неколку дена по смртта на Фицџералд, колумнистот на New York Times, Frank Rich, напишал дека “со збирката на песни Фицџералд направила извонредна трансакција како што сторил Елвис со истовремената интеграција на белата и африканско-американска душа. Тоа беше црна жена која ги направи популарни урбаните песни, често напипани од Евреи имигранти, за публика каде доминираат белите христијани”.

Исто така, Фицџералд снимила албуми посветени на песните на Porter и Gershwin во 1972 и 1983 година, а албумите биле по овој редослед, Ella Loves Cole и Nice Work If You Can Get It. Подоцна, колекцијата посветена на еден композитор, Ella Abraca Jobim, била објавена за време на нејзината соработка со Pablo Records, каде се појавуваат и песните на Antonio Carlos Jobim.

На 15ти март 1955 година, Ела го започнала нејзиниот ангажман со ноќниот клуб Мокамбо, во Холибуд, откако Мерлин Монро вршела притисок врз менаџерот за да ја резервира. Ова резервирање било клучно за кариерата на Фицџералд. Бони Грир тој настан го претставила како претстава во 2005 година. Било општо изјавено дека Ела била првиот африканско-американски настапувач во Мокамбо, што не било вистина. Други африканско-американски пејачи какоHerb Jefferies, Eartha Kitt и Joyce Bryan настапувале во Мокамбо во 1952 и 1953 година, заклучено од статиите објавени во тоа време во Jett Magazine и Billboard. Има неколку албуми со песни отпеани во живо во Verve кои се многу ценети од критичарите. Ella at the Opera House покажува еден типичен ЈАТР сет од Фицџералд. Ella in Rome и Twelve Nights in Hollywood го покажуваат нејзиниот вокален џез канон. Ella in Berlin е сè уште еден од нејзините најпродавани албуми; овој албум вклучува и настап, кој освоил Греми награда, од “Mack the Knife” каде таа го заборавила текстот на песната, но надоместила со одлично импровизирање. Verve Records била продадена на MGM во 1963 година за 3 милиони долари, но MGM не го обновил повторно договорот со Ела во 1967. Во наредните пет години таа се селела помеѓу многу музички куќи како Atlantic, Capitol и Reprise. Во тоа време, нејзиниот материјал за песни претставувал отстапување од нејзиниот типичен џез репертоар. За Capitol таа го снимила албумот со химни Brighten the Corner, албумот со традиционални божиќни песни Ella Fitzgerald’s Christmas, албумот со влијание од кантри и вестерн музиката, Misty Blue и 30 by Ella, низа од шест песни состаени од разлицни делови кои ги исполнуваат нејзините должности кон музичката куќа. Во тој период, таа го имала нејзиниот последенсингл на американските топ листи, тоа била преработка на “Get Ready” од Smokey Robinson, поранешен хит на The Temptations и неколку месеци подоцна бил хит меѓу првите пет за Rare Earth. Неочекуваниот успех на албумот од 1972, Jazz at Santa Monica Civic ’72, го поттикнало Granz да ја формира неговата прва музичка куќа по породажбата на [[Verve, Pablo Records. За оваа музичка куќа Фицџералд снимила околу 20 песни. Албумот Ella in London, сниман во живо во 1974 со пијанистот Tommy Flanagan, гитаристот Joe Pass,басистот Keter Betts и тапанарот Bobby Purham е сметан од многумина за нејзино најдобро дело. Наредната година таа повторно настапувала со Joe Pass на германската телевизиска станица NDR во Хамбург. Годините работа со Pablo Records исто така го документирале и влошувањето на нејзиниот глас. “Често користеше кратки, остри фрази и нејзиниот гласстана груб, со пошироко вибрато”, пишува еден биограф. Измачена од здравствените проблеми, Фицџералд ја направила својата последна снимка во 1991, а нејзиниот последен јавен настап бил во 1993 година.

Нејзиниот живот подоцна и смрт[уреди | уреди извор]

Во 1985 година, Фицџералд била кратко хоспитализирана поради проблеми со дишењето, во 1986 поради конгестивна срцева слабост и во 1990 поради исцрпеност. Во 1993 година морале нозете под колената да и бидат ампутирани поради дијабетис што исто така влијаел и врз нејзиниот вид. Повторно била хоспитализирана во 1996 во Niagara Falls, New York каде и била дијагностицирана срцева слабост и нејзиното здравје продолжило да се влошува. Потоа, изморена од престојувањата во болници, таа сакала своите последни денови да ги помине во нејзиниот дом. Прикована за инвалидската количка, ги поминала своите последни денови во дворот на нејзината палата во Беверли Хилс, со нејзиниот син Реј и 12 годишната внука Алис. “Сакам само да го почувствувам воздухот, да ги слушам птиците и да ја слушам Alice како се смее”, рекла таа. На нејзиниот последен ден, била однесена надвор на околу еден час за последен пат. Потоа, внатре, погледнала со нежна насмевка и рекла, “Подготвена сум да заминам сега”. Починала во нејзиниот дом на 15ти јуни 1996 на 79 години. Неколку часа по нејзината смрт, започнал Playboy Jezz фестивалот во Hollywood Bowl. Во знак на почит, на големиот шатор пишувало: Ела, ќе ни недостигаш. Погребот бил приватен и била закопана на гробиштата Inglewood во Лос Анџелес.

Филм и телевизија[уреди | уреди извор]

Во нејзината најпозната филмска улога, Фицџералд го играла ликот на пејачката Maggie Jackson во џез филмот од 1955 на Jack Webb, Pete Kelly’s Blues. Во филмот глумеле и Janet Leigh и пејачката Peggy Lee. Иако таа веќе глумела во филмови ( пеела накратко во филмот на Abbott и Costello, Ride’Em Cowboy, 1942), била почестена кога Norman Granz и ја обезбедил улогата и во тоа време… ја сметал нејзнината улога во филмот на Warner Brothers како најголемото нешто што некогаш и се случило. Нејзината раса го попречила огромниот успех на големите екрани. По Pete Kelly’s Blues, таа повремено имала кратки филмски појавувања во St. Louis Blues (1958) и Let No Man Write My Epitaph (1960). Многу подоцна, таа се појавила и во телевизиската драма The White Shadow (1980). Направила многубројни гостувања во телевизиски емисии, пеела на The Frank Sinatra Show, The Andy Williams Show, The Pat Boone Chevy Showroom покрај великани како Nat King Cole, Dean Martin, Mel Tormé и многу други.Исто така, таа често настапувалана The Ed Sullivan Show. Но, можеби најневообичаен и најинтригантен настап и бил оној на песната “The Three Little Maids” на Gilbert и стрип оператата на Sullivan, “The Mikado”, со Joan Sutherland и Dinah Shore на различните неделни серии на Shoe во 1963 година. Настапот во џез клубот на Ronnie Scott во Лондон бил сниман и прикажан на BBC. Фицџералд, исто така направила и еднократен настап заедно со Sarah Vaughan и Pearl Bailey во специјална телевизиска програма во 1979 во чест на Bailey. Во 1980, испеала мешавина на стандардни песни во дует со Karen Carpenter на телевизиската програма на Carpenters, Music, Music, Music. Фицџералд се појавила и во телевизиски реклами, од кои најзапаметена е онаа за касетите Memorex. Во рекламите, таа пее нота од која се крши чаша додека се снима песната на Memorex касета. Кога ја пуштаат касетата, на снимката се слуша истото кршење и прашањето е: “Дали е тоа во живо или е Memorex?” Исто така, таа пеела во многубројни реклами за Kentucky Fried Chickes и СКЕТУВАЛА за долгогодишниот слоган на синџирите за брза храна, “ We do chicken right! ”. Нејзината последна рекламна кампања била за American Express, во која била фотографирана од Annie Leibovitz.

Соработки[уреди | уреди извор]

Најпознатите соработки на Фицџералд биле со вокалниот квартет Bill Kenny & The Ink Spots, трубачот Louis Armstrong, гитаристот Joe Pass и бендовите на Count Basie и Duke Ellington. • Од 1943 до 1950, Фицџералд снимила седум песни со The Ink Spots и со Bill Kenny. Од сите седум песни, четири достигнале до врвот на поп-листите, вклучувајќи ги “I’m Making Believe” и “Into Each Life Rain Must Fall” кои и двете го достигнале првото место на поп-листите. • Фицџералд снимила три студиски албуми за Verve со Armstrong, два албума со стандардните песни ( Ella and Louis во 1956 и Ella and Louis Again во 1957) и трет албум со музика од Gershwin, Porgy and Bess. • Фицџералд е понекогаш нарекувана совршена пејачка на свинг и нејзините состанувања со Count Basie се многу ценети од критичарите. Таа пее во една песна од албумот на Basie од 1957, One O’Clock Jump, а нејзиниот албум od 1963, Ella and Basie!, е запаметена како една од нејзините најдобри снимки. Фицџералд и Basie, исто така, соработувале за албумот од 1972, Jazz at Santa Monica Civic’72 и на албумите Digital III at Montreux, A Classy Pair и A Perfect Match. • Фицџералд и Joe Pass заедно снимиле четири албуми кон крајот на кариерата на Фицџералд. Заедно соработувале за албумите Take Love Easy (1973), Easy Living (1986), Speak Love (1983) i Fitzegerald and Pas... Again (1976). • Фицџералд и Duke Ellington снимиле два албума со песни отпеани во живо и два студиски албума. Нејзината збирка на песни со Ellington цврсто го поставила во канонот познат како the Great American Songbook и во 1960-тите Фицџералд и Дјук работеле на нивниот албум од 1966, Ella and Duke at the Cote D’Azur. Фицџералд имала голем број на познати џез музичари и солисти како членови на оркестарот низ нејзината долга кариера. Трубачите Рој Елдриџ и Дизи Гилиспе, гитаристот Херб Елис и пијанистот Томи Фланаген, Оскар Питерсон, Лу Ливај, Пол Смит, Џими Ролс и Елис Ларкинс, сите работеле со Ела. Можеби најголемата нереализирана соработка за Фицџералд (во поглед на популарната музика) бил студио или албумот во живо со Френк Синатра. Двајцата повремено се појавувале на иста сцена низ текот на годините, на телевизиски промоции во 1958 и 1959, и повторно на шоуто од 1967, A Man and His Music + Ella + Jobim, шоу за Antonio Carlos Jobim. Пијанистот Paul Smith има кажано, “Ела обожаваше да работи со Френк. Кога бил прашуван, Norman Granz наведувал “комплекси договорни причини” за фактот што овие уметници никогаш не снимале заедно. Појавувањето на Фицџералд со Синатра и Count Basie во јуни 1974, за низа концерти во Caesar’s Palace, Las Vegas, е сметано за важен поттик на Синатра за да се врати од неговото, самонаметнато, пензионирање во раните 1970-ти.

Награди, цитати и признанија[уреди | уреди извор]

Фицџералд има освоено тринаесет Греми награди, вклучувајќи и една за животно дело во 1967 година. Други големи награди и признанија кои таа ги добила за време на нејзината кариера се почесниот медал за изведувачки уметности од центарот Кенеди, Националниот медал за уметност, наградата за животно достигнување од првото здружение на пејачи, наречено Ела, во нејзина чест, Претседателскиот медал на слободата и the George and Ira Gershwin наградата за животно музичко дело, UCLA Spring Song. Од другата страна на градот, на Универзитетот на Јужна Калифорнија, таа добила USC "Магнум Опус" награда која виси во канцеларијата на добротворната фондација, Ела Фицџералд. Во 1990 година, таа добила и почесна докторска титула на музиката од Универзитетот Харвард.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Фицџералд била во брак најмалку двапати, иако има докази дека можеби била мажена и третпат. Во 1941 година се омажила за Benny Kornegay, осуден дилер на дрога и локален пристаништен работник. Две години подоцна, нивниот брак бил поништен. Нејзиниот втор брак,во декември 1947, бил со познатиот басист Ray Brown, кој таа го запознала додека била на турнеја со бендот на Дизи Гилеспи претходната година. Заедно го посвоиле детето на нејзината полусестра, Френсис, и го крстиле Ray Brown, Jr. Детето било одгледано од нејзината тетка Вирџинија бидејќи таа и Ray често зафатени со турнеи и снимања. Фицџералд и Браун се развеле во 1953 поради разните притисоци кои ги имале во тоа време во нивните кариери иако продолжиле да настапуваат заедно. Фицџералд била непоправливо срамежлива. Трубачот Mario Bauzá, кој свирел зад Фицџералд во раните години со Chick Webb, се сеќава: “Таа не се дружеше многу. Кога дојде во бендот, таа беше посветена на нејзината музика... Беше осамена девојка од НуЈорк која не разговараше често со другите и се интересирала за настапите.” Кога, подоцна во нејзината кариера, Oпштеството на пејачи именувало награда по неа, Фицџералд објаснила, "Не сакам да кажам нешто погрешно, бидејќи секогаш тоа го правам, но мислам дека е подобро кога пеам." Фицџералд била голем поддржувач на многу добротворни и непрофитабилни организации, вклучувајќи ги и American Heart Association и медицинскиот центар City of Hope. Во 1993 година, таа ја воспоставила добротворната фондација Ела Фицџералд.

Признанија и наследство[уреди | уреди извор]

Историјата на кариерата и архивските материјали од долгата кариера на Ella се сместени во Центарот за Архива на Националниот музеј на американската историја, Смитсонијан, додека пак нејзините лични музички аранжмани се во библиотеката на Конгресот. Во 1997 година, во Њупорт Њуз, Вирџинија се создаде музички фестивал со Универзитетот Кристофер Њупорт во чест на Ела Фицџералд во нејзиниот роден град. Музичкиот фестивал Ела Фицџералд е отпочнат за да ја научи младината од тој регион за музичкото наследство на Фицџералд и за џез музиката. Изведувачи кои во минатото настапувале на еднонеделниот фестивал биле Diana Krall, Arturo Sandoval, Jean Carne, Phil Woods, Aretha Franklin, Freda Payne, Cassandra Wilson, Ethel Ennis, David Sanborn, Jane Monheit, Dianne Reeves, Dee Dee Bridgewater, Ramsey Lewis, Patti Austin и Ann Hampton Callaway.

Callaway, Dee Dee Bridgewater и Patti Austin имаат снимано албуми во чест на Фицџералд. Албумот на Callaway, To Ella with Love (1996), е составен од четиринаесет џез стандарди направени популарни од Фицџералд, а на албумот исто така, свири и трубачот Wynton Марсалис. Албумот на Bridgewater, Dear Ella (1997), вклучува многу музичари кои биле тесно поврзани со Фицџералд за време на нејзината кариера, вклучувајќи го и пијанистот Лу Леви, трубачот Бени Пауел, и вториот сопруг на Фицџералд, свирачот на двоен бас, Ray Brown. Албумот на Остин, For Ella (2002), бил составен од 11 песни кои се веднаш поврзани со Фицџералд, и дванаесетта песна, "Hearing Ella Sing" е почесна од Остин за Фицџералд. Албумот беше номиниран за Греми. Во 2007 година, We All Love Ella, бил објавен како почестен албум, снимен за 90-годишнината од раѓањето на Фицџералд. Албумот вклучувал голем број уметници пеејќи песни најчесто се поврзани со “Првата дама на песната”. Фицџералд е исто така спомната во песната од 1987, "Ела, Elle L'", на француската пејачкаFrance Gall, во хитот од 1976 на Стиви Вондер "Sir Duke" од неговиот албум Songs in the Key of Life, и во песната "I Love се тука со тебе ", напишана од Peggy Lee и Bill Schluger. Снимањето на Синатра од 1986 на "Mack the Knife" од неговиот албум, L.A. Is My Lady (1984), вклучува оддавање почит на некои од претходните изведувачи на песната, вклучувајќи ја и самата ‘Lady Ella’. Исто така и е оддадено почит во песната "First Lady" на канадскиот уметник, Nikki Yanofsky.

Една песна на полската поетеса Вислава Шимборска носи наслов „Ела на небото“.[1]

Дискографија и колекции[уреди | уреди извор]

Првичната збирка на медиумските записи и сувенири за Фицџералд се наоѓаат и се поделени меѓу институцијата Smithsonian и Библиотеката на Конгресот на САД.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 398.
General
  • Гурс, Лесли (1998). The Ella Fitzgerald Companion. London: Omnibus Press. ISBN 0-7119-6916-7.
  • Џонсон, Џ. Вилфред (2001). Ella Fitzgerald: An Annotated Discography. McFarland. ISBN 0-7864-0906-1.