Христо Делчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Христо Делчев
Роден 1887
Кукуш, денес Грција
Починал 15 јуни 1927
Горна Џумаја, Бугарија

Христо Николов Делчев — македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација и ВМРО.

Животопис[уреди | уреди извор]

Валандовската чета

Христо Делчев е роден 1885 година во Кукуш, тогаш во Отоманското Царство. Четврт по големина син на Никола Делчев и Султан Делчева, а негови браќа се Гоце, Димитар и Милан Делчев. Завршил гимназија во Кукуш. Работел како продавач на манифактура. Влегува во Организацијата и станал член на Кукушкиот револуционерен комитет. При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година, Христо Делчев бил доброволец во Македонско-одринското ополчение и служел во Кукушко чета при 15 Штипска дружина[1]. По Втората балканска војна, Делчев учествувал во создавањето на ВМРО и бил војвода во Кукушко. Во 1915 година земал учество во Валандовската акција [2].

Христо Делчев, оженет со три деца, се преселил да живее во Горна Џумаја, со него подоцна живеел и неговиот татко Никола [3]. Христо Делчев умрел во 1927 година [4].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 203.
  2. Гоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 133 и 147.
  3. Удостоверение, издадено от д-р Хр. Татарчев и Христо Матов на Никола Делчев за участието на синовете му Гоце, Мицо и Милан Делчеви в националноосвободителното движение в Македония
  4. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 44.