12 јуни
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | јуни | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | ||||||
| 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
| 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
| 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
| 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
| 30 | ||||||
12 јуни е 163-тиот ден во годината според григоријанскиот календар (164-ти во престапна година). Остануваат 202 дена до крајот на годината.
Настани:
| 1691 | Ахмед II на турскиот престол го наследи султанот Сулејман III. |
| 1798 | Француската армија го зазеде средоземниот остров Малта. |
| 1812 | Наполеон Бонапарта, француски император, на чело на „големата армада“ ја мина реката Њемен и ја започна офанзивата на Русија. |
| 1898 | Филипинскиот генерал Емилио Агиналдо за време на американско - шпанската војна со поддршка на САД прогласи независност на Филипини. Американците, потоа ги окупираа Филипините и го срушија отпорот на филипинските националисти, а тој пацифички архипелаг стекна формална независност во 1946 година. |
| 1944 | Кај селото Стрмешево - Неготинско, дел од Втората македонска НОУ бригада го нападна и го разби бугарскиот полициски одред "Бенковски". Во оваа борба загина и Коце Стојановски-Металец, истакнат борец и револуционер. |
| 1945 | Грчка воена единица го опколи селото Кономлади, Костурско, Егејска Македонија. Притоа, командантот на единицата ги собра сите жители и со сила ги тераше да признаат дека се Грци. Но, тој не успеа во тоа, бидејќи насобраните му изјавија дека се Македонци. |
| 1946 | Одигран е фудбалски натпревар за првиот повоен шампион на Македонија помеѓу Победа и Македонија (2:1). Притоа е остварен и првиот фудбалски радио-пренос на Радио Скопје со коментар на Коле Чашуле. |
| 1964 | Водачот на Африканскиот национален конгрес, Нелсон Мендела и уште 7 противници на расистичкиот режим во Јужноафриканската Република, осудени се на доживотна робија. Ослободен е во 1990 година, а во 1994 година даде заклетва како прв црнец претседател на земјата. |
| 1976 | При воениот удар во Уругвај од власт е симнат претседателот Хуан Бордабери, со што започна деветгодишната диктатура на армискиот врв. |
| 1991 | Борис Елцин е избран за претседател на Русија. |
| 1993 | Република Македонија стана членка на Меѓународната поштенска заедница. |
| 1997 | Република Македонија и Република Џибути воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво. |
| 2001 | Генерал потполковник Јован Андревски, Началник на Генералштабот на АРМ, поднесе неотповиклива оставка, во екот на борбените дејства. |
Родени:
| 1856 | Спиро Гулапчев, македонски анархист. |
| 1877 | Јохан Фридрих Хегер, германски архитект. |
| 1915 | Дејвид Рокфелер, американски банкар. |
| 1924 | Џорџ Херберт Вокер Буш, претседател на САД (1988.-1992.). |
| 1928 | Петрос Моливијатис, грчки политичар. |
| 1929 | Ана Франк, холандска еврејка, жртва на холокаустот (п. 1988.). |
| 1949 | Тодор Мицов, македонски поет. |
| 1955 | Мурат Мурати, македонски лингвист. |
| 1977 | Николас Васкез, аргентински глумец. |
| 1981 | Адријана Лима, бразилски модел. |
Починале:
| 816 | Папа Лав III, римски папа. |
| 1903 | Милан Делчев, македонски револуционер. |
| 1912 | Фредерик Паси, француски хуманист и нобеловец (р. 1822.). |
| 1943 | Тодор Ангеловски, македонски учител. |
| 1944 | Коце Стојановски-Металец, македонски револуционер. |
| 1997 | Булат Окуџава, советски и руски поет. |
| 2003 | Грегори Пек, американски филмски актер (р. 1916) |
| 2007 | Барон Ги Едуар Алфонс Пол де Ротшилд, француски банкар (р. 1909.). |
Празници:
| * | Ден на Русија. |
| * | Светски ден против злоупотребата на детскиот труд. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |