Џон Винсент Атанасов

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џон Винсент Атанасов

Џон Винсент Атанасов (англиски: John Vincent Atanasoff) (4 октомври 1903 - 15 јуни 1995) беше истакнат американски компјутерски инженер, со бугарско потекло. Познат е по тоа што го дизајнирал и составил првиот електронски, дигитален компјутер (непрограмабилен).

Џон Винсент Атанасов е роден на 4 октомври 1903, во Хамилтон, Њујорк. Татко му Иван Атанасов емигрира во САД на 13-годишна возраст, станува електроинженер и се жени за учителка по математика. Џон Винсент е првиот од десетте деца од фамилијата. Уште како 9-годишен си игра со логаритамска таблица. Завршува средно училиште за 2 години и се запишува на универзитетот Гејнсвил, Флорида. Таму во 1925 година дипломира електроинженерство. Потоа станува магистер на државниот универзитет во Ајова, и доктор на физичко-математички науки на универзитетот во Висконсин. Започнува работа како асистент по математика и физика на универзитетот во Ајова, каде што работи до 1945 година. Таму експериментира со електронски ламби. Во декември 1939 заедно со својот студент Клифорд Бери го создава прототипот за ABC (Atanasoff Berry Computer), целосно завршен во 1942. Во 1943 Атанасов се среќава со Џон Мокли и му го покажува компјутерот ABC. Мокли тоа го искористува да го создаде сметачот ЕНИАК (ENIAC). По неколку години судски тужби за повреда на авторски права, во 1973 година, американските судови одлучуваат дека заслугата за првиот електронски компјутер му припаѓа на Атанасов. Нешто пред тоа, во 1970 година, тој е поканет во Бугарија, каде што му е доделен орденот „Кирил и Методиј“ I степен.Дури во 1990 Атанасов се здобива со американско признание за неговиот труд - Националниот медал за наука и технологија, врачен од претседателот Џорџ Буш (постариот). Во 1995 година умира во САД во 91-вата година.

Образование[уреди]

Џон Винсент Атанасов учел во Мулбери средно училиште каде изучил многу научни и математички курсеви. Дипломирал во две години но не се запишал на колеџ бидејки сакал да работел и да заштеди пари. Во 1921 година Џон Винсент се запишал во универзитетот во Флорида и во 1925 година дипломирал и се стекнал со дипломата електроинжинер. Потоа се запишал во државниот колеџ во Ајова во 1926 година и во истата година стапил во брак со Лура Мекес. Атанасов потоа одишол на универзитетот во Висконсин за својот докторат по теоретска физика. Во 1930 година Џон се здобива со звањето како теориски физичар од универзитетот во Висконсин. Доктор Џон Винсент Атанасов се вратил во државниот колеџ во Ајова како асистент професор по математика и физика. Со ваквото искуство тој успеал да го создаде првиот дигитален компјутер во светот.

Атанасов-Бери Компјутер[уреди]

АБК бил создаден уште во 1937 година но, небил многу програмибилен. Единствено што можел да реши биле системите од линеарни равенки. Компјутерот бил успешно тестиран во 1942 година. АБК не беше познат се до 1973 година бидејки дотогаш се сметаше дека првиот електронски компјутер бил ЕНИАК. Доктор Атанасов и дипломираниот студент Клифорд Бери во подрумот на зградата на државниот универзитет во Ајова го изградиле во текот од 1939 година до 1942 година. АБК тежел повеќе од 320 килограми, содржел околу 1,6 километри жица,280 вакумски цефки и со големина на работна маса.

Атанасов-Бери Компјутер

Функции[уреди]

АБС е дизајниран за посебна намена како решавање истовремено на системи линеарни равенки. Тој можел истовремено да се справи со системи до дваесет и девет равенки кој било доста тежок проблем во тоа време. Машината можела да реши и две линеарни равенки со по дваесет и девет променливи , но овој процез неможела самата автоматски да го реши требало корисникот да елеминира по една променлива и овој процес морал да се пофторува се додека не се дојде до решението.

Признаниjа за неговиот труд[уреди]

  • U.S. Navy Distinguished Service Award (1945)
  • Citation, Seismological Society of America (1947)
  • Citation, Admiral, Bureau of Ordnance (1947)
  • Cosmos Club membership (1947)
  • Order of Cyril and Methodius (1970)
  • Iowa Inventors Hall of Fame (1974)
  • Honorary membership, Society for Computer Medicine (1974)
  • Doctor of Science, University of Florida (1974)
  • Governor's Science Medal (1985)
  • Order of Bulgaria, First Class Award (1985)
  • Computing Appreciation Award, EDUCOM (1985)
  • Holley Medal, American Society of Mechanical Engineers (1985)
  • Coors American Ingenuity Award (1986)

Надворешни врски[уреди]