Лука Модриќ

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лука Модриќ
Luka Modric
Luka Modric playing for Spurs in November 2010
Лични податоци
Роден на 9 септември 1985 (1985-09-09) (27 г.)
Роден во Задар, СФРЈ
Висина &100000000000001730000001,73 м
Положба централен играч од среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Тотенхем Хотспар
Број 14
Младинска кариера
ФК Динамо Загреб
Кариера*
Години Клуб Apps (Gls)
1998–2004 Динамо Загреб 112 (31)
2003-2004 Зрињски (позајмен) 22 (8)
2004-2005 Интер Запрешиќ (позајмен) 18 (4)
2008- Тотенхем 120 (12)
Репрезентација
2001- Хрватска 54 (8)
* Senior club appearances and goals counted for the domestic league only and correct as of 17 јануари 2012.

† Appearances (Goals).

‡ National team caps and goals correct as of 17 јануари 2012

Лука Модриќ (хрватски: Luka Modrić, Задар, 9. септември 1985.) е хрватски професионален фудбалер и хрватски репрезентативец кој моментно настапува за англискиот Премиер лигашки клуб Тотенхем. Најчесто игра на позицијата централен играч во халфовата линија или пак како лево крило.

Фудбалската кариера ја започнал во младите категории на фудбалскиот клуб Задар, за да во 2000.-та година да се преселил во Динамо каде, преку позајмиците во Зрињски од Мостар и Интер од Запрешиќ, се изборува за место во првите 11 на загребчаните сини. Со Динамо освојува три титули по ред на државен првак 2006, 2007 и 2008 и две титули победник на Хрватскиот фудбалски куп 2007 и 2008. На тоа придодава и еден освоен Суперкуп во 2006.-та година. Истотака тој е добитник на наградата Спортски новости за најдобар играч на Првата Хрватска фудбалска лига, која му е доделена во 2008.-ма година. Добитник е и на наградата за најголема надеж на хрватскиот фудбал која му е доделена на 21. декември 2004. од страна на весникот Вечерњи лист.

На 15. мај 2008.-ма година тој потпиша за англискиот премиерлигаш Тотенхем Хотспар за сума од 16,5 милиони фунти, со што го изедначи рекордниот износ на сума кој оваа екипа го има платено за еден играч, претходно тоа беше напаѓачот Дарен Бент.. Иако веднаш по доаѓањето во тимот не ги покажуваше својте квалитети и не играше толку добро , по смената на менаџерската позиција и доаѓањето на Хари Реднап, Модриќ станува клучен играч за својот тим и постојан дел од почетните 11. Првиот значаен успех со лондонскиот тим го прави веќе во својата прва сезона кога Тотенхем стига до финалето на Лига купот, но губи на пенали од Челси.

За хрватската фудбалска репрезентација настапил на Светското првенство 2006-тата во Германија и на Европското 2008-ма година во Австрија и Швајцарија. Со одличнитe игри во националниот дрес го заслужува епитетот за најважен игра на селекторот Славен Билиќ.


Титули [уреди]

Хрватска Динамо Загреб [уреди]


Надворешни врски [уреди]