Шиме Врсаљко
| Лични податоци | |||
|---|---|---|---|
| Роден на | 10 јануари 1992 | ||
| Роден во | Задар, Хрватска | ||
| Висина | 1,83 м | ||
| Положба | десен бек | ||
| Клупски податоци | |||
| Сегашен клуб | Динамо Загреб | ||
| Број | 14 | ||
| Младинска кариера | |||
| ФК Динамо Загреб | |||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Apps† | (Gls)† |
| 2009– | Динамо Загреб | 45 | (2) |
| 2009 | →Локомотива (позајмен) | 17 | (0) |
| Репрезентација ‡ | |||
| 2001- | Хрватска | 3 | (0) |
| * Senior club appearances and goals counted for the domestic league only and correct as of 17 јануари 2012. † Appearances (Goals). |
|||
Шиме Врсаљко (роден на 10 јануари 1992) е хрватски професионален фудбалер кој игра за Динамо Загреб, и Хрватскиот националниот фудбалски тим како и Хрватската репрезентација за играчи до 21-на година. Неговата примарна позиција е десен бек, но тој лесно може да игра и како лев бек, што го прави многу разноврсен играч кој може да биде користен на неколку позиции.
Врсаљко се смета за еден од најталентираните хрватски фудбалери, дотолку што некои стручњаци велат дека има поголем потенцијал дури и од Лука Модриќ кои, како и Врсаљко, израснал во Задар и потоа доаѓа во младинските категории на Динамо Загреб.
Содржина |
Клупска кариера [уреди]
Врсаљко ја започна својата сениорска кариера во Динамо Загреб со позајмица во фидер тимот Локомотива, каде тој отиде на позајмица за сезоната 2009-10. Тој дебитираше за Локомотива во хрватската лига во меч против Ријека на 26 јули 2009 година, на возраст од 17 години. Врсаљко започна во секој еден од седумнаесет натпревари за Локомотива во 2009 година, притоа беше заменет само во една случај, на деведесет минути пред крајот. Тој се врати во Динамо Загреб на 22 декември 2009 година пред тимот да отиде на зимски одмор. Врсаљко го одигра својот прв натпревар за Динамо Загреб на 27 Февруари, 2010 против Кроатија Сесвете во Прва ХНЛ. Тој направи уште девет настапи до крајот на сезоната за Динамо Загреб, одигрувајќи вкупно 27 лигашки натпревари во текот на целата сезона. Врсаљко исто така, забележа еден настап во полу-финалето на Хрватскиот куп.
Врсаљко ги пропушти првите натпревари на Динамо Загреб во сезоната 2010-2011, бидејќи беше повикан на меѓународни обврски со репрезентацијата на Хрватска до 19 години. Тој го направи своето прво појавување во сезоната на 31 јули во лигашки натпревар против Ријека која Динамо Загреб ја загуби со 2-1. Врсаљко потоа го направи своето деби во Европски натпревар, кога неговиот тим губи со 6-5 на пенали од молдавскиот Шериф Тираспол во квалификацииите за Лигата на шампионите. Во текот на август, тој е поврзан со трансфер во Олимпик Марсеј за сума од € 4 милиони евра, но извршниот заменик-претседател на клубот Здравко Мимиќ ја одби понудата на францускиот клуб. На 29 август тој го постигна својот прв официјален гол за клубот во лигашки натпревар против Цибалија кога Динамо Загреб победи со 2-0.
Репрезентативна кариера [уреди]
Тој го доби својот прв повик за Фудбалска репрезентација на Хрватска на 2 ноември 2010 година за Евро 2012 квалификациите против Малта. Тој го направи дебито за националниот тим на 9 февруари 2011 во пријателски натпревар против Чешка.
Статистика на кариерата [уреди]
| сезона | Клуб | Лига | Лига | Куп | Лига куп | Европа | ||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Меч | Голови | Меч | Голови | Меч | Голови | Меч | Голови | Меч | Голови | |
| 2009–10 | Локомотива | Прва ХНЛ | 17 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 17 | 0 |
| Динамо Загреб | 10 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 11 | 0 | ||
| 2010–11 | 9 | 1 | 0 | 0 | 5 | 1 | 14 | 2 | ||
| 2011–12 | 10 | 0 | 2 | 0 | 8 | 0 | 20 | 0 | ||
Титули [уреди]
Динамо Загреб [уреди]
- Прва ХНЛ - 2009-2010, 2010-2011, 2011-2012
- Хрватски Куп - 2010-2011
- Хрватски Супер Куп- 2010
Надворешни врски [уреди]
- Šime Vrsaljko на Transfermarkt.de (германски)