Игор Тудор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Игор Тудор
Igor Tudor
Лични податоци
Роден на 16 април 1978 (1978-04-16) (36 г.)
Роден во Сплит, СФРЈ
Висина &100000000000001930000001,93 м
Положба одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Хајдук Сплит (тренер)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1995-1999 Хајдук Сплит 58 (3)
1999–2007 Јувентус 110 (15)
2005–2006 Сиена (позајмен) 39 (2)
2007-2008 Хајдук Сплит 8 (1)
Репрезентација
1994–2006 Хрватска 55 (3)
Раководител на екипите
2013– Хајдук Сплит
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 21 септември 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 септември 2011

Игор Тудор (роден на 16 април 1978 година во Сплит) е поранешен хрватски фудбалер кој играл како централен одбранбен играч и моментален тренер на хрватскиот прволигаш Хајдук Сплит. Тој се смета за еден од најдобрите дефанзивци на Хрватска во периодот помеѓу крајот на 1990-тите и средината на 2000-тите.

Тудор го најави своето пензионирање на 22 јули 2008 година, на само 30 години, по проблеми со глуждот на десната нога кој повторно се појавуваа. Пред да се пензионира тој мина една сезона во клубот во кој настапуваше во младоста, екипата на Хајдук Сплит.

Клупска кариера[уреди]

Рани години[уреди]

Тудор ја започна својата професионална кариера во Хајдук од Сплит во 1995 година постигнувајќи 5 гола во 58 натпревари, и се смета за големо откритие и голема надеж на хрватскиот фудбал поради неговата техника и контрола над топката кој се надпросечни за еден одбранбен играч.

Јувентус[уреди]

По три сезони во Хајдук, тој беше купен од страна на италијанскиот гигант Јувентус во 1998 година. Во текот на своето време со Јувентус, ја освои наградата играч на годината во Хрватска во 2002 година. За време на неговиот 8-годишен престој со клубот, Тудор беше во одлична форма, иако некој повреди го оддалечуваа од терените тој остави одличен впечаток. Тудор формираше импресивни партнерства во последната линија на Јувентус со врвни светски стопери како Паоло Монтеро, Марк Јулиано, Џанлука Песото, Лилијан Тирам, Алесандро Бириндели, Никола Легротаље, Џанлука Ѕамброта, Џонатан Зебина, Џорџо Кјелини и Фабио Канаваро. Во овој период Јувентус беше еден од најсилните тимови во светот и Тудор придонесе многу за екипата, со повеќе од 150 настапи во сите натпреварувања за клубот, постигнувајќи речиси 20 голови, какоцентрален одбранбен играч. Сепак, по тешката повреда во 2004 година, Тудор беше позајмен на Сиена во јануари 2005 година, по 7 сезони со Јувентус. По скандалот со наместени натпревари Калчополи и истекот на неговиот договор за заем со Сиена, Тудор се врати во Јувентус, но поради повредите неуспеа да се наложи во тимот. Неговиот договор истече на 30-ти јуни 2007 година.

Враќањето во Хрватска[уреди]

Иако постојано се бореше со повредите и мистериозната бактериска инфекција на глуждот, Тудор беше речиси принудени да ја заврши кариерата во 2007 година, но во јуни 2007 година тој одлучи да му се приклучи на неговиот поранешен клуб Хајдук Сплит откако не доби обновување на неговиот договор со Јувентус. По многу претпазливи рехабилитации, своето враќање на терените го имаше во натпреварот против НК Задар на 20-ти октомври 2007 година. Ова беше неговиот прв официјален натпревар во текот на 16 месеци. Сепак, тој не беше во можност да стигне до својата претходна форма и неговата повреда на глуждот продолжи да му прави проблеми. На 22 јули 2008 година, го објави своето предвремено пензионирање, кое се должеше на неговите периодични проблеми со повредата на глуждот.

Репрезентативна кариера[уреди]

Тудор играше за хрватскиот национален фудбалски тим во периодот од 1997 до 2006 година. Тој исто така е поранешен репрезентативец на хрватска и во селекциите под-17, под-19 и под-21-на година во периодот помеѓу 1993 и 2000 година.

Тој го направи своето деби во сениорскиот тим на Хрватска во квалификациите за Светското првенство 1998 година, во ремито 1-1 со Украина на 15 ноември 1997 година, влезе како замена за Аљоша Асановиќ во 89 минута. Тој беше дел, исто така, и од тимот на хрватска кој го освои бронзениот медал во 1998-та година на Светското првенство во Франција. На турнирот, тој направи три настапи како замена во мечевите против Јапонија, Романија и Холандија.

По Светското првенство 1998, тој направи 4 настапи во неуспешната квалификациона кампања на хрватскиот национален тим во квалификациите за Евро 2000, и беше стартер в сите натпревари. Тој, исто така се појави во 6 натпревари за време на квалификациите на Хрватска за Светското првенство 2002 година, но го пропушти финалниот турнир во Јужна Кореја и Јапонија поради повреда.

Во 2006-та година на Светското првенство, тој ги почна трите натпревари на Хрватска во групата и одигра по 90 минути во две од нив. Сепак, Хрватска беа елиминирани од турнирот по нерешените 2-2 против Австралија во последниот натпревар во групата, кога Тудор доби втор жолт картон на турнирот по фаулот што го направи за пеналот на Австралија за израмнување на 1-1. Тој потоа не направи натамошни настапи за националниот тим по овој турнир.

Титули[уреди]

Клупски[уреди]

Италија Јувентус[уреди]

Репрезентативни[уреди]

Хрватска[уреди]

Надворешни врски[уреди]