Азиска фудбалска конфедерација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Азиска фудбалска конфедерација
КратенкаAFC
ГеслоАзија е иднината
Основанамај 8, 1954; пред 69 години (1954-05-08)
ВидСпортска организација
СедиштеКуала Лумпур, Малезија
РегионАзија и Австралија
Членство47
Службени јазицианглиски јазик
ПретседателСалман Бин Ибрахим ал-Калифа
Потпретседател
Генерално СобраниеВиндзор Пол Џон [1][2]
Матична организацијаФИФА
Мреж. местоthe-afc.com

Азиска фудбалска конфедерација (AFC) — главно фудбалско тело во Азија, составено од 47 членки.

Организацијата била основана на 8 мај 1954 во Манила, Филипини, и е една од шестте континентални конфедерации на ФИФА. Седиштето се наоѓа во Букит Јалил, Куала Лумпур, Малезија. Во моментот претседател е Салман Бин Ибрахим ал-Калифа.

Натпревари организирани од АФЦ[уреди | уреди извор]

АФЦ го организира Азискиот Куп, натпреварување наменето за фудбалските репрезентации од Азија кој се одржува секои четири години, како и Азиските Квалификации за Светското првенство и АФЦ Challenge Cup. Таа исто така ги организира квалификациите во фудбал за Олимписките игри за регионот на Азија. АФЦ организира три различни меѓународни клупски натрпреварувања секоја година. Најзначајно (и најстаро од постоечките клупски натрпреварувања на АФЦ) е Лигата на шампиони на АФЦ, организирано врз основа на Лигата на шампиони од УЕФА, создадена во сезоната 2002/03 со соединување на Азискиот Куп на шампиони и Азискиот Куп на Победници на Купови.

Останатите натпреварувања се создадени во 2004 година кога бил формиран „Vision Asia blueprint“ за развој. Ова довело до тоа 14-те најдобро рангирани АФЦ нации, да ги испратат своите најдобро екипи во Лигата на шампиони на АФЦ. Следните 14 нации, учествуваат со свои екипи во АФЦ купот.

Остатокот од членките на АФЦ го формираат со свои екипи АФЦ Претседателскиот Куп. Екипи кои се квалификуваат од секоја земја за меѓународните натпревари обично се шампионите и победниците на националниот куп. Моментно не постои напредување или пак испаѓање од секое од овие натрпреварувања. Во текот на годините, организацијата започнала реформи, кои вклучувале зголемена транспарентност, зголемување на компететивноста, подобрување на опремата за тренинг и задолжување на лигите да создадат систем за унапредување и назадување. Први 10 лиги кои треба да бидат реформирани се: Австралија, јапонија, Кина, Јужна Кореја, Сингапур, Индија, Иран, Обединети Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Катар. Предлогот предвидел радикални промени во Австралија, каде што професионалните лиги во сите спортови се организирани врз модел на затворено членство и ограничен буџет, систем главно применуван во Северна Америка.

Постојат 12 АФЦ Федерации кои учествуваат во Арапскиот Национален Куп организиран од УАФА (UAFA). Тоа се Бахреин, Ирак, Јордан, Кувајт, Либан, Катар, Оман, Палестина, Саудиска Арабија, Сирија, Обединети Арапски Емирати и Јемен.

Женски фудбал во Азија[уреди | уреди извор]

Азиската Женска Фудбалска Конфедерација (ALFC) е дел од АФЦ (AFC) кој се занимава со развој на женскиот фудбал во Азија. АЛФЦ е создадена како независна асоцијација во април 1968 година на состанок на кој учествувале Тајван, Хонгконг, Малезија и Сигапур. Во 1986 година АЛФЦ се спојува со АФЦ.[3] Азиската Женска Фудбалска Федерација помогна во организацијата на AFC Азискиот Куп за жени, за првпат одржан во 1975 година, како и на AFC првенство до 19 години за жени и AFC првенството до 17 години за жени.

Членство[уреди | уреди извор]

Азиска фудбалска конфедерација има 47 членки

  • 12 од Западна Азија
  • 6 од Средна Азија
  • 7 од Јужна Азија
  • 10 од Источна Азија
  • 12 од Југоисточна Азија
Code Асоцијација Репрезентација Основан ФИФА
прием
АФЦ
прием
МОК
прием
Западна азиска фудбалска федерација (WAFF)
BHR Бахреин Бахреин (М, Ж) 1957 1968 1969 да
IRQ Ирак Ирак (М, Ж) 1948 1950 1970 да
JOR Јордан Јордан (М, Ж) 1949 1956 1970 да
KUW Кувајт Кувајт (М, Ж) 1952 1964 1964 да
LIB Либан М, Ж) 1933 1936 1964 да
OMA Оман Оман (М, Ж) 1978 1980 1980 да
PLE Палестински територии М, Ж) 1928 1995 1995 да
QAT Катар Катар (М, Ж) 1960 1972 1974 да
KSA Саудиска Арабија Саудиска Арабија (М, Ж) 1956 1956 1972 да
SYR Сирија Сирија (М, Ж) 1936 1937 1970 да
UAE ОАР Обединети Арапски Емирати (М, Ж) 1971 1974 1974 да
YEM Јемен Јемен (М, Ж) 1962 1980 1980 да
Централноазиска фудбалска федерација(CAFA)
AFG Авганистан Авганистан (М, Ж) 1933 1948 1954 да
IRN Иран Иран (М, Ж) 1920 1948 1954 да
KGZ Киргистан Киргистан (М, Ж) 1992 1994 1993 да
TJK Таџикистан Таџикистан (М, Ж) 1936 1994 1993 да
TKM Туркменистан Туркменистан (М, Ж) 1992 1994 1993 да
UZB Узбекистан Узбекистан (М, Ж) 1946 1994 1993 да
Јужна азиска фудбалска федерација (SAFF)
BAN Бангладеш Бангладеш (М, Ж) 1972 1976 1973 да
BHU Бутан Бутан (М, Ж) 1983 2000 1993 да
IND Индија Индија (М, Ж) 1937 1948 1954 да
MDV Малдиви Малдиви (М, Ж) 1982 1986 1984 да
NEP Непал Непал (М, Ж) 1951 1972 1954 да
PAK Пакистан Пакистан (М, Ж) 1947 1948 1954 да
SRI Шри Ланка Шри Ланка (М, Ж) 1939 1952 1954 да
Источна азиска фудбалска федерација (EAFF)
CHN Кина Кина (М, Ж) 1924 1931 1974 да
GUM Гуам Гуам2 (М, Ж) 1975 1996 1991 да6
HKG Хонгконг Хонгконг (М, Ж) 1914 1954 1954 да
JPN Јапонија Јапонија (М, Ж) 1921 1921 1954 да
PRK Северна Кореја Северна Кореја (М, Ж) 1945 1958 1974 да
KOR Јужна Кореја Јужна Кореја (М, Ж) 1928 1948 1954 да
MAC Макао Макао (М, Ж) 1939 1978 1978 да
MNG Монголија Монголија (М, Ж) 1959 1998 1993 да
NMI Северни Маријански Острови Северни Маријански Острови1,2 (М, Ж) 2005 N/A 2009 (норвешки)5
TPE Кинески Таипеј3 (М, Ж) 1936 1954 1954 да
Фудбалска федерација ASEAN (AFF)
AUS Австралија Австралија2,4 (М, Ж) 1961 1963 2006 да6
BRU Брунеј Брунеј (М, Ж) 1959 1972 1969 да
CAM Камерун Камбоџа (М, Ж) 1933 1954 1954 да
IDN Индонезија Индонезија (М, Ж) 1930 1952 1954 да
LAO Лаос Лаос (М, Ж) 1951 1952 1968 да
MAS Малезија Малезија (М, Ж) 1933 1954 1954 да
MYA Мјанмар Мјанмар (М, Ж) 1947 1948 1954 да
PHI Филипини Филипини (М, Ж) 1907 1930 1954 да
SIN Сингапур Сингапур (М, Ж) 1892 1952 1954 да
THA Тајланд Тајланд (М, Ж) 1916 1925 1954 да
TLS Источен Тимор Источен Тимор (М, Ж) 2002 2005 2002 да
VIE Виетнам Виетнам (М, Ж) 1960 1964 1978 да

1: Член на AFC member, не е член на FIFA.
2: Земја или територија на Океанија, но не е член на AFC.
3: Поранешен член на Конфедерацијата за фудбал во Океанија (1976–1982), приклучен кон AFC.
4: Поранешен член на Конфедерацијата за фудбал во Океанија (1966–2006), приклучен кон AFC.
5: Дел од Олимпискиот комитет на САД.
6: Земјата или територијата на Океанија е член на Националните олимписки комитети на Океанија, наместо Олимписки комитет на Азија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-11-29. Посетено на 2017-10-06.
  2. Christopher Raj (3 December 2015). „Prime choice to lead FIFA“. The Star. Посетено на 25 March 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]