Сузан Сарандон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Susan Sarandon
Susan Sarandon by David Shankbone.jpg
Susan Sarandon in April 2007
Роден(а) Susan Abigail Tomalin
октомври 4 1946 (1946-10-04) (68 г.)
New York City, U.S.
Сопруг(а/и) Крис Сарандон (1967-1979)

Сузан Сарандон (родена на 4 октомври,1946), американска актерка и добитничка на Оскар е една од најмаркантните личности на XX век. Како актерка со јасно изградени политички ставови и голем поборник за човековите права Сузан Сарандон се стекна со голема слава. Учествува во многу хуманитарни мисии низ целиот свет и анти-воени протести. Сузан Сарандон има 61 година.

Биографија[уреди]

Сузан Сарандон, најстарата од деветте деца, е родена како Сузан Абигеил Томалин (прев. од анг. Susan Abigail Tomalin) во Њу Јорк, ќерка на Ленора Мари (моминско Крисчионе) и Филип Лесли Томалин, кој работел како директор за маркетинг, телевизиски продуцент и пејач во ноќните клубови за време на “ерата на големите бендови”[1][2]. Нејзиниот татко бил од англиско, ирско и велшко потекло а мајка и била потомок на Италијанци од Сицилија[3][1] . Сарандон има изјавено дека нејзината баба, Анита Регали, била поврзана со мафијата. Сарандон израснала во големо римо-католичко семејство. Дипломирала на Edison High School во 1964 и тогаш се запишува на Католичкиот Универзитет на Америка (прев. од анг. Catholic University of America), кој го воделе калуѓерки , од 1964 до 1968 и за тој период зема диплома по драма. Се до нејзиното издигање до славата, Сарандон ги нагласува нејзините несогласувања со конзервативната политика на училиштето, посебно во врска со абортусот и хомосексуалноста. Во тоа време Сузан живее со нејзините баба и дедо, а своите пари ги заработува работејќи како секретарка, чистејќи станови, а исто така позирала и за некое списание. Сузан никогаш ни не сонувала да стане актерка, но за време на студентските денови таа го запознава и се мажи за колегата студент Крис Сарандон во 1967, кој ќе ја убеди да биде она што е денес[4] . Тие се разведоа во 1979 а таа го задржа нејзиното венчано презиме како свој псевдоним.

Приватен живот[уреди]

Во средината на осумдесетите, Сарандон излегуваше со режисерот Франко Амури, од кого има ќерка, актерката Ева Амури. Од 1988, Сарандон е во врска со актерот Тим Робинс, кого го запознава на снимањето на “Bull Durham”. Двојката има две деца: Џек Хенри (роден 1989) и Мајлс Гaтри (прев.од анг. Miles Guthrie) (роден 1992). Таа и Робинс се добро познати по нивната инволвираност во либералните општествени случувања, поради што се постојано на мета на конзервативците. Сарандон има изразено поддршка за многу настани за толеранцијата и човековите права. Во 1999 г. Сарандон беше назначена за Амбасадор на добра волја на UNICEF. Сарандон во 2003 зборуваше против војната во Ирак, изразувајќи интерест да ја толкува “мајката на мирот” (прев. од анг. peace mom), Синди Шиан (прев. од анг. Cindy Sheehan), во филм за нејзината кампања за мир. Исто во 2003, таа се појави во филмот “Love is Love is Love” , којшто истовремено го промовираше прифаќањето на хомосексуалните и транссексуалните индивидуи. Во 2000 го поддржа Ралф Нејдер во кампањата за претседaтел. Во 2004 се обиде да го убеди да не се кандидира за претседател. Сарандон беше водител на дел од Live 8 концертот во Единбург, Шкотска, во 2005. Во 2006 учествуваше во отворањето на Зимските Олимписки Игри, носејќи го олимпиското знаме во Торино, Италија. Во 2007 Сарандон се појави на анти-воениот протест во Вашингтон со Тим Робинс и Џејн Фонда. Нејзиното мото беше “Да се спротиставиме на војната”, “Да ја мразиме војната во сите форми без разлика дали оружјето е ракета или авион”. Сарандон и 10 нејзини роднини (вклучувајќи го и нејзиниот син Мајлс) отпатуваа во Велс да ги пронајдат нејзините велшки корени. Нејзиното патување беше документирано од страна на BBC Wales програмата.

Кариера[уреди]

Во 1969 година Сарандон беше на аудиција за филмот “Џо” со нејзиниот сопруг Крис Сарандон; иако тој не доби улога, таа ја добива главната улога на незадоволна тинејџерка која исчезнува во валканиот подземен свет (филмот беше прикажан во 1970). Сузан не го достигна успехот на тој филм и прифаќајќи улоги во помали филмови како “Љубејќи ја Моли” (прев. од анг. Lovin’ Molly) и требаа уште цели 5 години пред да се појави во “The Rocky Horror Picture Show”, култна класика. Истата година ја играше главната женска улога во “The Great Waldo Pepper” заедно со Роберт Редфорд.

Сузан Сарандон на млади години

Сузан беше номинирана за Оскар во 1981 за “Atlantic City”. Нејзиното најконтроверзно филмско појавување беше во “The Hunger” во 1983, модерна вампирска приказна која беше голема утка во Box Office-от. Сепак филмот доби дури и култен статус пред се благодарение на графичката лезбејска љубовна сцена помеѓу Сарандон и ко-ѕвездата Катрин Денјув (прев. од анг. Catherine Denеuve). Сепак најголемиот пробив во кариерата Сарандон го оствари во 1988 година со филмот “Bull Durham”, којшто набргу стана огромен комерцијален успех.Сарандон доби четири номинации за Оскар во деведесетите, конечно освојувајќи ја за филмот “Dead Man Walking”. Други филмови на Сарандон се: “Stepmom”(1998), “Anywhere but here”(1999), “Cradle will rock”(1999), “Romance & cigarettes”(2005) и многу други. Сарандон се има појавувано во “Симпсонови” (прев. од анг. The Simpsons) (го позајмува гласот), “Пријатели” (прев. од анг. Friends), “Сабота навечер во живо”(прев. од анг. Saturday Night Live) и други серии. Сарандон е исто позната по нејзиното носење на раскошни деколтеа. Најскорешни активности на Сарандон е тоа дека се пријави на аудиција за “The lovely bones”, со Rachel Weisz, а се појавува со нејзината ќерка, Ева Амури, во “Middle of Nowhere”, и двата филма снимани во 2007.

Филмографија[уреди]

Почнувајќи од 1970 година, па до ден денес, Сарандон има снимено над 70 играни филмови со поголем или помал успех, но филмови со кои си ја осигурала култната позиција која ја ужива во филмографијата. Покрај играните филмови, Сарандон има учествувано и во голем број документарци (во некои од нив се јавува и како наратор) а исто така се има појавувано и во повеќе ТВ серии меѓу кои и “Friends”. Сарандон е рангирана на 35-то место на Empire магазинот, на нивната листа “Топ 100 филмски ѕвезди на сите времиња”. Филмови во којшто зела најголем хонорар се “The Client” (5,000,000.00 $) и “Lorenzo’s Oil”(3,500,000.00 $).

Поважни филмови:

  • 1970
    • Joe
  • 1971
    • Lady Liberty
    • The Apprentice
  • 1974
    • Lovin' Molly
    • The Rimers of Eldritch
    • The Front Page
  • 1975
    • The Great Waldo Pepper
    • The Rocky Horror Picture Show
  • 1976
    • Dragonfly
  • 1977
    • Checkered Flag or Crash
    • The Other Side of Midnight
    • The Last of the Cowboys
  • 1980
    • Atlantic City
    • Loving Couples
  • 1983
    • The Hunger
  • 1988
  • 1992
  • 1995
    • Dead Man Walking
  • 1998
    • Stepmom
  • 1999
    • Cradle Will Rock
    • Anywhere but here
  • 2002
    • The Banger sisters
  • 2007

Награди[уреди]

Сузан Сарандон во текот на својата кариера има добиено повеќе признанија за својата работа, голем број на награди меѓу кои и најпрестижната награда - Оскар, за која е номинирана дури 5 пати.

Оскар

  • 1981 - Номинирана - Најдобра актерка во главната улога - Atlantic City
  • 1991 - Номинирана - Најдобра актерка во главната улога - Thelma & Louise
  • 1992 - Номинирана - Најдобра актерка во главната улога - Lorenzo's Oil
  • 1994 - Номинирана - Најдобра актерка во главната улога - The Client
  • 1995 - Освои - Најдобра актерка во главната улога - Dead Man Walking

Литература[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: