Бајконур (космодром)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Бајконур (руски: Космодром Байконур; казашки: Байқоңыр ғарыш айлағы) е космодром, кој се наоѓа до градот Бајконур во Казахстан. Тој е првиот и најстариот космодром во светот. Се наоѓа во пустинските степи во Казахстан околу 200km (124mi) од Аралното Море, северно од реката Сир Дарја близу до железничката станица Тјуратам. Космодромот го добил своето име по[градот Бајконур кој е во близина. Космодромската област е позајмена на Руската Федерална вселенска агенција од страна на Казахшката влада до 2050 година. Целата област е во форма на елипса која се протега 90 km исток-запад и 85 km север-југ со космодромот на средина. Космодромот бил изграден во 50-тите години на минатиот век од страна на СССР за нивната вселенска програма. Од Бајконур Космотромот е лансиран Восток 1, првото летало кое го управувало човек во историјата на човештвото, а исто така одовде полетал и космонаутот Јуриј Гагарин, првиот човек во вселената.

Содржина

Советcка ера[уреди]

Бајконур е пуштен на работа на 2 јуни, 1955 година. Бил прво направен за да се тестираат проектили за долг достел но подоцна и за летови во вселената. Сергеј Королев бил еден од главните луѓе на космодромот тоа време. Тој е одговорен за проширување на космодромот и градење на повеќе стартни места за ласирање на ракети. Тој исто така изградил и патишта и железници околу космодромот и тој претставувал еден од најмодерните инфраструктурни објекти тоа време во СССР. Многу познати летови се лансирани токму од овој космодром, како што се Спутник 1, 4.10.1957, првиот сателит во вселената, Луна 1, првиот сателит кој летнал до месечината (2.1.1959), Јури Гагарин на 12.4.1961, првата жена во вселената Валентина Терешкова и многу други.

Руска ера[уреди]

После распадот на СССР во 1991 г., Руската вселенска програма продолжи да го користи Бајконур космодромот, заедно со некои други земји на Заедницата на Независни Држави. Во 1995 г., градот околу космодромот бил прекрстен Бајконур. Бидејки космодромот се наоѓа на Казахшка територија, Руската вселенска агенција им плаќаат 115 милиони американски долари годишно на Казахстан. Договорот е космодромот да припаѓа на Русија до 2050, но тој сепак претставува спор меѓу овие две држави. До тогаш, Русија планира да направи нов космодром на руска терирорија.

Галерија[уреди]

Надворешни врски[уреди]