Жанаозен
Жанаозен Жаңаөзен | ||
---|---|---|
Град | ||
Парк на Втора светска војна | ||
Локација на Жанаозен во Казахстан | ||
Координати: 43°20′16″N 52°51′19″E / 43.33778° СГШ; 52.85528° ИГД | ||
Земја | Казахстан | |
Област | Мангистауска | |
Основан | 1964 | |
Статус на град | 1968 | |
Управа | ||
• Akim (градоначалник) | Максат Ибагаров | |
Површина | ||
• Град | 516 км2 (199 ми2) | |
Надм. вис. | 171 м | |
Население (2019) | ||
• Град | 81 581 | |
• Густина | 290/км2 (800/ми2) | |
• Метро | 151 098 | |
Час. појас | UTC+5 (UTC+5) | |
Пошт. бр. | 130200 | |
Повик. бр. | +7 72934 | |
Рег. таб. | 12 | |
Мреж. место | http://www.zhanaozen.gov.kz |
Жанаозен (казашки: Жаңаөзен, Jaŋaözen; руски: Жанаозен), порано познат како Нови Узењ (руски: Новый Узень), е град во областа Мангистау во Казахстан, сместен југоисточно од градот Актау. Името на градот на казашки значи „нова река“.
Жанаозен е град со регионално значење. Тој е целосно опкружен со територијата на областа Каракија, но административно не припаѓа на округот. Населението во 2019 изнесувало 151 098 жители, во 2009 градот имал 113 014 жители, а во 1999 имал 63 337 жители.
Историја
[уреди | уреди извор]Жанаозен е основан во 1964 година на полуосторвот Мангишлак, во близина на нафтеното наоѓалиште Узењ. Градот првично се викал Нов Узењ, сè до 7 октомври 1993 кога името било променето во Жанаозен.[1]
2011 штрајк на нафтените работници
[уреди | уреди извор]Во мај 2011 година, работниците од нафтеното поле Озенмунаигас штрајкуваа за зголемување на платата и подобри услови на работното место. Штрајкот беше прогласен за незаконски од страна на локалната власт, а државната нафтена компанија отпушти скоро 1000 вработени. Некои од отпуштените работници потоа го заземаа градскиот плоштад во знак на протест. На 16 декември 2011 година полицијата беше обвинета дека пукала врз нив. Петнаесет лица (работници и полицајци) беа убиени според владините претставници, иако извори од опозицијата говорат за десетици лица. Во немирот тој ден беа запалени канцелариите на локалната самоуправа, хотел и канцеларија на државната нафтена компанија. Осумдесет и шест лица беа повредени во судирите - според властите - и поради недостаток на болнички кревети во Жанаозен, многумина беа однесени на лекување во градот на Актау, оддалечен околу 150 км.[2]
Вонредна состојба беше прогласена на 17 декември, патиштата кон Жанаозен беа блокирани, а локалниот аеродром беше затворен за летови. Опфатеноста на мобилните телефони беше блокирана, како и интернет-врските.[3]
Судењето на демонстрантите започна во Актау во мај 2012 година. Многу обвинети се пожалија дека биле физички малтретирани, а некои дури и мачени, додека биле во полициски притвор и за време на распит. Некои сведоци тврдат дека им се заканувала полицијата да дадат лажно сведочење.[4]
Популарниот казашки пејач Бавирјан објави песна со која отворено го критикуваше претседателот Назарбаев дека не ги слушал поплаките на демонстрантите работници на Жанаозен. Песната беше забранета од владата.
Географски податоци
[уреди | уреди извор]Жанаозен се наоѓа во пустината на полуостровот Мангишлак. Од регионалниот центар Актау е оддалечен околу 150 км.
Клима
[уреди | уреди извор]Жанаозен има ладна пустинска клима со остри континентални влијанија. Силни ветрови се присутни во текот на целата година. Зимите не се долги, но ладни. Просечна зимска температура од -5 до -7 степени Целзиусови, понекогаш може да достигне и до -17 степени Целзиусови. Снежна покривка со мала моќност. Силните ветрови предизвикуваат долги снежни бури. Летото секогаш е жешко, сушно и долго. Просечна летна температура е од +34 до +36 Целзиусови степени, понекогаш може да достигне и до +45 Целзиусови степени. Исклучително ретките дождови имаат бурен карактер. Просечна годишна количина на врнежи до 120 mm. Врнежите се рамномерно распоредени за цела година, малку се забележува зголемување на врнежите во пролетниот период.[5]
Климатски податоци за Жанаозен | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Прос. висока °C (°F) | 0.8 (33.4) |
1.3 (34.3) |
7.3 (45.1) |
17.2 (63) |
24.7 (76.5) |
29.7 (85.5) |
32.7 (90.9) |
32.6 (90.7) |
25.7 (78.3) |
16.8 (62.2) |
9.1 (48.4) |
3.3 (37.9) |
16.77 (62.18) |
Сред. дневна °C (°F) | −2.9 (26.8) |
−2.7 (27.1) |
2.8 (37) |
11.5 (52.7) |
18.7 (65.7) |
23.5 (74.3) |
26.6 (79.9) |
25.7 (78.3) |
19.5 (67.1) |
11.6 (52.9) |
5.1 (41.2) |
0.3 (32.5) |
11.64 (52.96) |
Прос. ниска °C (°F) | −6.5 (20.3) |
−6.7 (19.9) |
−1.6 (29.1) |
5.9 (42.6) |
12.7 (54.9) |
17.4 (63.3) |
20.5 (68.9) |
18.8 (65.8) |
13.3 (55.9) |
6.4 (43.5) |
1.1 (34) |
−2.6 (27.3) |
6.56 (43.79) |
Прос. врнежи мм (ин) | 8 (0.31) |
8 (0.31) |
14 (0.55) |
16 (0.63) |
16 (0.63) |
9 (0.35) |
8 (0.31) |
6 (0.24) |
7 (0.28) |
11 (0.43) |
13 (0.51) |
12 (0.47) |
128 (5.02) |
Извор: http://en.climate-data.org/location/25822/ |
Население
[уреди | уреди извор]На почетокот на 2019 година, населението на градот изнесувало 81 581 лице, или 12,03% од вкупното население во облста. На територијата на градот во која влегуваат и околните рурални населби населението изнесува 151 098 жители. Од нив, Казаците се најбројни, и сочинуваат над 98% од населението на градот. Покрај градот, градската управа на Жанаозен ги опфаќа и селото Тенге со население од 11,5 илјади жители и селото Кизилсај, со 3,5 илјади луѓе. Во 2012 година, селото Рахат беше формирано како дел од градот; населението броеше 30,8 илјади луѓе.
Населението во градот се зголемува на 3-4 илјади луѓе годишно на сметка на мигрантите, а во 2000-тите години порасна, според различни извори, еден и пол до двапати. Жанаозен е град со најголем пораст на населението во Казахстан.
Етнички состав
[уреди | уреди извор]Народ | Вкупно | Удел (%) |
---|---|---|
Казаци | 149 092 | 98.67 |
Руси | 1 008 | 0.67 |
Каракалпаци | 280 | 0.18 |
Узбеци | 220 | 0.15 |
други | 498 | 0.33 |
вкупно | 187 690 | 100.00 |
Економија
[уреди | уреди извор]Најразвиена е индустријата за нафта и гас. Во градот постоел работен камп, во кој работеле воени осуденици во времето на СССР. Покрај тоа, во градот постои посебна радарска компанија на противвоздушната бригада на вооружените сили на Република Казахстан - воена единица 51809-G и воена единица 5548 отворена во 2012 година, обезбедувајќи контрола над јавниот ред на Националната гарда на Република Казахстан. Сместена е на местото на стариот аеродром.
Транспорт
[уреди | уреди извор]Железничката линија Север - Југ (Жанаозен - Берекет (Туркменистан) - Горган (Иран)) започнува од градот.
Градскиот превоз го сочинуваат патнички „GAZ“ автобуси (12 линии и приближно 120 возила) и приватно такси.
Спорт
[уреди | уреди извор]Футсалскиот клуб Мунаиши се натпреварува во футсалското првенство на Казахстан.
Спортски стадиони
[уреди | уреди извор]- Стадион на Амин Тујаков.
- Комплекс за подобрувања во физичката култура - Рахмет Утесинов.
- „Енергетик“ спортско училиште за деца и младинци.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Фонтана во градот
-
Џамија во Жанаозен
-
Медицински универзитет
-
Дом на културата
-
Централна улица во градот
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Жанаозен / Портал visitkazakhstan.nur.kz“. web.archive.org. 2012-02-04. Архивирано од изворникот на 2012-02-04. Посетено на 2020-11-10.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Kazakh oil strike: 10 dead in Zhanaozen clashes“. BBC News (англиски). 2011-12-16. Посетено на 2020-11-10.
- ↑ „Kazakhstan curfew on oil town Zhanaozen after fatal clashes“. BBC News (англиски). 2011-12-17. Посетено на 2020-11-10.
- ↑ „Abuse claims swamp Kazakh oil riot trial“. BBC News (англиски). 2012-05-15. Посетено на 2020-11-10.
- ↑ „Климат мира - Погода и климат России и СНГ“. www.pogodaiklimat.ru. Посетено на 2020-11-10.