Општина Вранештица
|
денес дел од Општина Кичево
|
||||||||||
| Општи податоци | ||||||||||
| Седиште | Вранештица | |||||||||
| Регион | ||||||||||
| Површина | 109,13 км² | |||||||||
| Основање | 2004 | |||||||||
| Службен јазик | македонски и турски јазик | |||||||||
| Демографија | ||||||||||
| Население | 1.322 жители | |||||||||
| - проценка од 31.12.2011 | 1.254 жители | |||||||||
| Густина на население | 12,11 жит/км² | |||||||||
| Населени места |
15
|
|||||||||
| Етнички групи | Македонци и Турци | |||||||||
| Локална управа | ||||||||||
| Градоначалник | Ванчо Србаковски (последен градоначалник) | |||||||||
| Совет | 9 члена | |||||||||
| Контактни податоци | ||||||||||
| Портал | Службен портал | |||||||||
Општина Вранештица била општина во Западна Македонија. Центар на општината било село Вранештица.Општината била формирана со територијалната поделба од 2004 година, а според предлог-измените за територијална поделба во 2013 општината се припоила кон Општина Кичево, заедно со општините Зајас, Другово и Осломеј[1] со воспоставување на новата локална власт по изборите на 24 март 2013.
Содржина |
Географија [уреди]
Општина Вранештица се наоѓала во Западна Македонија, дел од Југозападниот регион. Општината се наоѓала во Кичевското поле и имала вкупна површина од 109.13 километри квадратни. На север општината граничела со општините Македонски Брод и Осломеј, на запад со Кичево и Другово, на исток со Македонски Брод и Пласница, на југ со Другово.
Економија [уреди]
Вранештица била позната по грнчарството. Во селото Вранештица има долга традиција на изработна на грнчарски производи, као што се стомни, тави, ќупови и сл.
Иселеништво [уреди]
Населените места во општина Вранештица забележале пад на населението поради миграцијата село-град. Добар дел од луѓето се иселувале во поголемите урбани центри во Македонија.
Демографија [уреди]
Според пописот на население од 2002 година, општината имала вкупно население од 1.322 жители со густина на население од 12.11 жители на километар квадратен. Оваа општина била една од најмалите во државата. Етничкиот состав на општината бил следниот[2]:
| етникум | број | процент |
| Македонци* | 1.033 | 78.14% |
| Турци* | 276 | 20.88% |
| Албанци | 10 | 0.76% |
| Срби | 2 | 0.15% |
| други | 1 | 0.07% |
- * Во општината има Македонци-муслимани кои се изјасниле како Турци поради различни политички причини.
Мајчин јазик на населението според пописот од 2002[3]:
| јазик | број |
| македонски | 1.068 |
| албански | 10 |
| турски | 239 |
| српски | 2 |
| бошњачки | 2 |
| други | 1 |
Религија на населението според пописот од 2002 година:
| религија | број |
| православие | 1.033 |
| ислам | 287 |
| други | 2 |
Администрација и политика [уреди]
Последен градоначалник на општина Вранештица бил Ванчо Србаковски. Општината имала вкупно 9 советници кои го претставуваат 15 села од општината.
Во склоп на општина Вранештица биле следниве села: Атишта, Бигор Доленци, Вранештица, Дупјани, Карбуница, Козичино, Крушица, Миокази, Орланци, Патец, Рабетино, Речани-Челопечко, Светораче, Староец и Челопеци.
Општествени институции [уреди]
- Црква „Св. Димитрија“ - Атишта - црквата е посветена на Св.Димитирја, во која интересен е фактот дека само тука се сретнуваат икони кои ги нема низ другите цркви низ Македонија.
- Црква „Св. Антониј“ - Бигор Доленци - црква од 1865 година[4]
- Црква „Св. Петка“ - Бигор Доленци - црква од 1858 година
Културни и природни знаменитости [уреди]
- Св. Антониј - археолошки локалитет, населба од бронзеното време[5]
- Градиште - средновековна населба и некропола;
- Кале - утврдување од доцноантичкото време;
- Св. Ѓорѓи - црква и некропола од доцниот среден век;
- Св. Илија - црква и некропола од доцниот среден век;
Личности [уреди]
- Петар Илиевски (Вранештица, р. 1920) - македонски лингвист и академик.
- Тома Николов, македонски свештеник.
- Ванчо Србаков - македонски револуционер
- Димо Калевски - македонски револуционер
- Евгени Попсимеонов - македонски револуционер
- Никола Трајков - македонски револуционер
- Софрониј Пречистански - македонски духовник
- Трајко Ковачев - македонски револуционер
- Христо Србаков - македонски револуционер
- Јане Скаев - македонски револуционер
Наводи [уреди]
- ↑ „ДУИ бара помош од иселениците“, Нова Македонија (проверено на 2012-11-20). (на македонски)
- ↑ Попис на населението во Македонија, 2002
- ↑ Попис на Македонија, 2002: јазик, националност, религија
- ↑ „Цркви во Кичевкото архиерејско намесништво“ (на македонски). Дебарско-кичевска епархија. http://dke.org.mk/namesnistva/kicevsko.asp#01_prva_kicevska_parohija. проверено на 2011-04-05.
- ↑ Коцо, Димче (1996).Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано [уреди]
Надворешни врски [уреди]
- Општина Вранештица во „АБВ - деловен именик“
- Општина Вранештица на „Златна Книга“
- Општина Вранештица на mojsovetnik.org.mk