Општина Цапари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Цапари
денес дел од Општина Битола


Општи податоци
Седиште Цапари
Површина н.п. км2
Демографија
Население 1.424[1] жит.
Густина н.п. жит./км2
Населени места
Самоуправа
Градоначалник н.п.
Контактни податоци

Општина Цапари — поранешна општина во Југозападна Македонија, создадена во 1996 година,[2] а престанала да постои согласно законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година на 12 април 2005 година[2], кога била припоена со Општина Битола. Локалното и поширокото население не било задоволно од ова припојување. Центар на општината било селото Цапари.

Населени места[уреди | уреди извор]

Во Општина Цапари спаѓале следниве села: Ротино, Српци, Рамна, Лера, Доленци, Ѓавато, Кажани, Маловиште, Стрежево, Свиниште, Метимир, Гопеш и Цапари.

Население[уреди | уреди извор]

Според последниот попис од 2002 година, Општина Цапари има 1.424 жители,[1] од кои:

националност број
Македонци 1.011
Турци 2
Албанци 318
Власи 87
Срби 1
Бошњаци 1
останати 4

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Архивирано од изворникот на 2012-03-24. Посетено на 31 август 2011.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. 2,0 2,1 „Закон за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа, "Сл. Весник на Република Македонија" бр. 49/96 од 14.09.1996 година“.

Поврзано[уреди | уреди извор]