Ротино

Координати: 41°3′25″N 21°12′42″E / 41.05694° СГШ; 21.21167° ИГД / 41.05694; 21.21167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ротино
Ротино во рамките на Македонија
Ротино
Местоположба на Ротино во Македонија
Ротино на карта

Карта

Координати 41°3′25″N 21°12′42″E / 41.05694° СГШ; 21.21167° ИГД / 41.05694; 21.21167
Општина Битола
Население 93 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 02103
Надм. вис. 1014 м
Ротино на општинската карта

Атарот на Ротино во рамките на општината
Ротино на Ризницата

Ротино — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Напуштено основно училиште.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Цапарското Поле, во близина на северните пазуви на планината Баба, оддалечено 12,5 километри западно од Битола, во близина на патот Битола - Ресен - Охрид.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Ротино било село во Битолската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948575—    
1953598+4.0%
1961573−4.2%
1971566−1.2%
1981513−9.4%
ГодинаНас.±%
1991269−47.6%
1994193−28.3%
2002113−41.5%
202193−17.7%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ротино живееле 680 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ротино имало 680 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ротино се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 42 куќи.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Власи.[6]

Во 1961 година во селото има 573 жители, додека во 1994 година имало 193 жители.

Според пописот од 2002 година, во селото Ротино има 113 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 93 жители, од кои 91 Македонец и 2 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 230 280 575 598 573 566 513 269 193 113 93
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Ротино[уреди | уреди извор]

Ротино е македонско православно село, сите родови во селото се доселенички. Селото потекнува од почетокот на XIX век.

Родови во селото Ротино се: Петревци (17 куќи) први доселеници во селото, доселени се од селото Трн, основачот на родот се викал Соколе, го знаат следното родословие: Павле (жив на 62 г. во 1951 година) Ристе-Петре-Соколе, кој се доселил од Трн; Трпеновци (14 куќи) доселени се одма после првиот род, местото на старина не го знаат; Бошевци (14 куќи) доселени се од некое село во битолско поле; Штерјовци (8 куќи), Унчевци (6 куќи), Лозановци (6 куќи), Лалевци (5 куќи), Павловци (4 куќи), Милевци (4 куќи), и Наневци (3 куќи) доселени се со непозната старина; Милошевци (3 куќи) доселени се во XIX век од селото Горно Српци каде биле староседелци; Толевци (7 куќи) и Наумовци (1 куќа) најмлади родови во селото, потекнуваат од предок кој бил Влав, и дошол од селото Трново, овде работел како слуга, и потоа се оженил.[13]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ од 1951 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Петревци или Соколевци (21 к.), Папалевци или Милошовци (3 к.), Лозановци (6 к.), Субашовци или Толевци (7 к.), Чунтревци (7 к.), Трпеновци и Тасевци (18 к.), Бошевци (14 к.), Стојчевци и Наумовци (1 к.) и Доневци (4 к.)
  • Доселеници: Лалевци (5 к.) доселени се околу 1820 година од околината на Колоња во јужна Албанија; Ѓерасовци (7 к.) доселени се околу 1844 година од селото Штрбово во Преспа; Трајчевци (1 к.) доселени се околу 1880 година од уништеното село Кочишта; Наневци (3 к.) доселени се во 1903 година од селото Ѓавато.[14]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 213 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 104 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[17]
Археолошки наоѓалишта[19]
Води

Иселеништво[уреди | уреди извор]

До 1951 година од селото имало иселеници во Романија (5 семејства), Австралија (4 семејства), САД (5 семејства), Битола (3 семејства), Србија (1 семејство) и во Бугарија (1 семејство).[13][14]

Иселеници имало и потоа и населението е иселено во Битола, Скопје, прекуокеанските земји (САД, Канада и Австралија), како и низ Европа.[20]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  3. Васил Кънчов. „Македония, Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 253.
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques", Paris, 1905.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 14.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. 13,0 13,1 Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина. Белград: САНУ. стр. 233–234.
  14. 14,0 14,1 Русиќ, Бранислав. Цапарско Поле. Архивски фонд на МАНУ к-4, AE 94/16.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  18. Цркви и манастири во Националниот парк Пелистер. Архивирано од изворникот на 2013-07-29. Посетено на 2014-04-06.
  19. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  20. Bojchevski, Design by Angela Hristovska, Developed by Dijana Manchevska and Jovan. „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2021-07-17. Посетено на 2021-07-17.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]