Кажани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кажани
Кажани во рамките на Македонија
Кажани
Местоположба на Кажани во Македонија
Кажани на карта

Карта

Координати 41°3′55″N 21°8′49″E / 41.06528° СГШ; 21.14694° ИГД / 41.06528; 21.14694Координати: 41°3′55″N 21°8′49″E / 41.06528° СГШ; 21.14694° ИГД / 41.06528; 21.14694
Општина Битола
Население 31 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7314
Шифра на КО 02059
Надм. вис. 903 м
Кажани на општинската карта

Атарот на Кажани во рамките на општината
Кажани на Ризницата
Панорама на селото

Кажани — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Во подножјето на Баба Планина помеѓу котлините Пелагонија на исток и Преспа на запад, поточно помеѓу Битолското Поле на исток и превојот Ѓавато (1.169 м), кој ја одвојува Баба Планина од Бигла планина и Ресенското Поле со Преспанското Езеро на запад, се наоѓа мала но коса висорамнина наречена Цапарско Поле(за време на турското ропство Ѓават-кол), која се издига кон планинскиот масив со највисокиот врв Пелистер, (2.601 м) сместени се десетина планински населби меѓу кои и селото Кажани кое доаѓа на запад на оваа висорамнина. Ова село се наоѓа на половина на патниот правец Битола-Ресен Р-106. Релјефот на околината на селото Кажани е претежно ридско-планински со оглед на надморската височина од 900 мнв и затвореноста на котлината од влијанијата на топли морски струења, владее умерено континентална клима која во одредени периоди се модифицира и преминува во планинско-континентална клима, а се одликува со свежи зими и пријатни лета. Кажани е село со висока концентрација на кислород во воздухот со оглед на тоа што неговата околина која практично е прекриена со букови и дабови шуми и голем дел на планински пасишта и мал дел на рамнински терени кои ги има околу речното корито на реката Шемница чии води доаѓаат од високите делови на Баба Планина носејќи со себе пријатна свежина на чист и свеж планински воздух.

Стариот регионален пат Битола-Ресен кој врви низ с. Кажани

Историја[уреди | уреди извор]

На ова место прво се доселиле двајца браќа христијани по име Миле и Соколе, а дошле од Дебарско. Оттаму со себе донеле многу овци (200-300 глави). За подобро да живеат тргувале со кожи и оттука местото Кожани. Подоцна, некој Албанец од Тирана се добрал ноќта до овчарите и ги прашал каде живеат. Откако разбрал дека добро живеат ги помолил браќата и тој со своето семејство да се досели таму. Добрите браќа му дозволиле. По некое време, од една албанска куќа се намножиле повеќе и станале 300, а христијаните биле помалубројни.

Римски период[уреди | уреди извор]

Според местоположбата ова село имало централно место и значење и улога како административно место за населбите во висорамнината Цапарска котлина како значаен показател од римскиот период е податокот дека на 1 км северно од селото Кажани врвел познатиот пат Вија Егнација (Via Egnatia) а како остатоци во денешно време се ѕидините на археолошкото наоѓалиште Кале кое се наоѓа меѓу селото Кажани и соседното село Доленци (Битолско).

Nicea. Statio (mutatio) сместена според Ит. Ант. (318,4) а спорет Појтигеровата карта на 11 m.p од Хераклеја. Kiepert пресметал дека Nicea. треба да се бара во близината на сегашното село Кажани, односно би требало да се совпаѓа врз растојанието и со името на станицата за промени на запреги (mutation) парамболе, се мисли дека би можела да биде сместена во близина на с. Кажани поточно помеѓу селата Кажани и Доленци, каде Вилиќ во 1928 година ја открил старата античка населба Кале една римска тврдина од доцно-античкиот период.

Турско ропство - османлиски период[уреди | уреди извор]

Кажани(лево)и Цапари(десно) за време на Првата светска војна

За време на османлиското ропство село Кажани се зголемило со куќи, но претежно било населено со османлиско население од кои дел служеле за османлиската војска на Отоманското Царствобашибозук станало едно воено-административно место во потпелистерскиот дел бидејќи тука на само 200 до 300 метри јужно од селото Кажани врвел пазарџискиот пат од Битола кон Охрид или кон Корча, но исто така претставувало и крстопат за другите патни локални правци помеѓу населението на населените места од овој крај, за што покрај поголем број на занаетчии, во селото имало и анови за преноќевање за големите каравани со трговци во Отоманското Царство, но и место за трговска размена на стоки. Според статитички податоци ова село броело над 70 куќи со близу 550 жители,(65 христијани),(480 муслимани).

Според местоположбата покрај крстопатот на патиштата кон другите населени места ова село имало и стратегиско значење за турската војска. Од височинката Јашарова кула се гледа и има видик целосно на сите патишта и другите населени места на висорамнината Цапарско поле. Непосредно со повлекувањето на османлиската власт голем број на населението од с. Кажани претежно турско население заминуваат во Турција, голем дел во регионот на Измир.

Периодот по Балканските војни и Кралството Југославија[уреди | уреди извор]

Периодот после балканските војни и Првата светска војна до Втората светска војна во село Кажани се стационира српска жандармерија и административен апарат, бидејќи голем дел од турското население заминало, одреден број на занаети претежно од угостителство, анови, меана-крчма (ресторан), мелничката индустрија -воденици-млин особено се развил и бил познат млинот во с. Кажани. Користејќи ја водата на реката Шемница, но и услужни занаети како колари, самарџии, дел од населението од с. Ѓавато се населуваат во с. Кажани.

Железничка линија со тесен колосек(теснолинејка) Прилеп-Алинци–Бучим-Кажани[уреди | уреди извор]

Централна траса на теснолинејката во Македонија помеѓу Првата и Втората светска војна

Во периодот меѓу Првата и Втората светска војна била изградена и пуштена во сообраќај железничка линија со тесен колосек (теснолинејка) на патниот правец : ГрадскоПрилепБитола, на 07.04.1931 година. Пред Втората светска војна изградена е и железничка линија како крак на оваа пруга со тесен колосек (теснолинејка) Прилеп-Алинци-Боротино–Бучим-Демир Хисар-с. Свињиште-с. Кажани. Во војната голем дел од пругите, железничките мостови и тунелите биле целосно или делумно уништени од непријателот при нивното повлекување.

Штрајк на млинските работници во Кажани во 1938 година[уреди | уреди извор]

1938 година Штрајк на млинските работнициво Кажани На самиот пат меѓу Битола и Ресен, во село Кажани се наоѓал млин во кого работеле седум работници под неповолни услови за работа, без социјално осигурување и мала надница. Работниците, поучени од Драги Тозија се зачлениле во ЈРС-овите синдикати. Кога работниците побарале нивниот раководител да склучи со нив работен договор, тој откажал. Тоа било повод работниците да стапат во штрајк, кој траел 20 дена. Штрајкот успеал. Надниците од 8 динари на ден им биле зголемини на 20 динари, а работниците добиле и социјално осиурување. За време на Втората светска војна во селото се сместува административен апарат на бугарската војска и полиција (Бугарски полициски подучасток)

Податотека:Макета на с.Кажани во спомен-куќата на Стив Наумов-Битола.jpg
Напад на полицискиот участок во с. Кажани
Зграда на полициската станица с. Кажани изградена во 1936 година - Поранешен бугарски полициски подучасток за време на НОВ на РМ

Напад на полицискиот подучасток во село Кажани (18 Август 1942 година)[уреди | уреди извор]

Штабот на Битолско-преспански НОПО „Даме Груев“ за да му помогне на прилепскиот партизански одред „Димитар Влахов“ и ги одвлече окупаторските сили, кои се сконцентрирале за да го рзбијат, во координација со партиските ќелии од Први реон подготвил акција за напад. Цел на нападот бил IV пограничен подучасток засилен со воени единици. Времето на нападот било одредено да биде 0 часот помеѓу 18 и 19 Август.Одредот се поделил на три групи со строго определени задачи. Водачи на групите биле Ѓаваштаните Лазе Ласовски, Мијал Грбевски и Стојан Бендев. Покрај Ѓаваштани во акцијата зеле учество партијци, скоевци и симпатизери од селата Братиндол, Ротино, Доленци и Лера со тоа што ги исекле телефонските жици меѓу Битола и Кажани и Кажани и Ресен. Поради непредвиден настан акцијата започнала нешто порано, т.е. 18 Август 1942 година и траела 2-3 саати. Партизаните немале мртви. Окупаторот бил изненаден и дал неколку жртви. Напорите што ги вложиле војниците и полициските сили да го откријат Одредот не им успеале.

Овоштарство во Кажани.
Ресторан со продавница „Интернационал“ и Месна канцеларија
Пчеларство во Кажани.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во селото најзастапено е градинарство, полјоделство, овоштарство, и мал дел сточарство, со зајакнување на помошта која ја добиваат земјоделците од државата во последните две децении се градат современи мини фарми за млекопроизводство, како и живинарство.

Интересно е да се напомене дека посебно во текот на пролетните, летните и есенските месеци добрите климатски услови во село Кажани овозможуваат развој на пчеларство и билкарството односно собирањето на лековити билки и растенија, чај, шумски и други споредни производи.

Заради местоположбата на самото село, кое претставува крстосница на патишта за с. Ѓавато, за с. Доленци-Лера и Гопеш и патот за с. Маловиште, односно самото поминување на стариот Регионален пат Битола - Ресен Р-106, некогаш опстојуваа 3-три Ресторани и секако надалеку познатата Фурна Кажани која произведуваше леб печен на дрва по 5 до 6 фурни на ден, и сите пролазници застануваа да земат од лебот, ден денес фурната работи повремено, односно послем големата миграција со почетокот на 21-ви Век, сè уште е задржана традицијата на услужни дејности во село Кажани посебно во текот на пролетните и летните месеци кога има поголема раздвиженост има еден ресторан и две продавници за колонијална стока.

ДОО АМАНИТА Анести Пановски 9/1 - Битола Општина : Битола[уреди | уреди извор]

Погон во село Кажани за Откуп, преработка и извоз на шумски печурки. На оддалеченост од 15 киллометри од Битола.

Ова друштво -Компанија покрај вработување на луѓе од с. Кажани и околните села ја потикнува и чува старата традиција на собирање на шумски плодови и други споредни производи донесени директно од природата, на најтрадиционален начин она што е вистинскиот вкус и хранливост. Голем број на љубители на природата, Искусни луѓе, со семејната традиција за разбирање и собирање печурки, далеку од било која индустрија, урбаниот живот и загадување, длабоко од шумските предели на поднебјето на планините Баба, Бигла и други планини низ Македонија, се носат во откуп центри каде се цени квалитетот, и грижливо се одбираат само најубави шумски печурки, како што се Boletus edulis ВргањCantharellius Cibarius ЛисичаркаAmanita caesarea, (Јајчарка)Lactarius(Рујница) итн. По преработката и класирање во главниот производствен објект во село Кажани се одобрува и испорака на товар преку специјални камиони да се задржи свежината на производот се извезуваат главно низ Европските пазарии. Покрај свежа печурка вработените внимателно го испитуваат видот,квалитетот на храната (според меѓународни микологија стандарди) со цел да се продолжи со понатамошни процеси, чување на одредени производи откако ќе ги спакуваат како свежа, сува или тегла нив, вкусни печурки, испорачани за секого како вкусна и вистинска храна од природата.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948138—    
1953178+29.0%
1961134−24.7%
1971180+34.3%
1981165−8.3%
ГодинаНас.±%
1991145−12.1%
1994104−28.3%
200275−27.9%
202131−58.7%
Зграда на поранешната Амбуланта во селото.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кажани живееле 515 жители, од кои 450 Албанци и 65 Македонци.[2]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кажани имало 545 жители, од кои 480 Албанци и 65 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци и 50 Албанци.[4]

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 75 жители, од кои 59 Македонци, 13 Албанци, 2 Турци и 1 останат.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 31 жител, од кои 21 Македонец, 8 Албанци и 2 Турци.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 138
1953 130 45 1 ... 2 178
1961 98 34 ... ... 2 ... 134
1971 143 26 10 ... ... 1 180
1981 132 23 1 ... 9 165
1991 102 30 3 ... 10 145
1994 73 26 5 ... 104
2002 59 13 2 1 75
2002 21 8 2 0 31

Кажани во почетокот на XX век и по повлекувањето на Османлиското Царство е зафатено од поголем бран на миграции, па така денес граѓани на Кажани и нивни потомци имаат мигрирано низ цел свет, а поголеми миграции се забележуваат во екот на Балканските војни и миграцијата на турското население кое било многубројно во с. Кажани тече кон Турција, но има семејства кои имаат мигрирано во Австралија, САД. Втор бран на миграција се случува по Втората светска војна вонглавно кон Австралија, Канада, САД,Белгија и други земји низ Европа Во последните две децени исто така Кажани е зафатено од голема миграција кон внатрешноста на Македонија пред сè Ресен и Битола вонглавно од економски причини.

Родови[уреди | уреди извор]

Кажани е мешано македонско-албанско село, родови во селото Кажани се.

  • Албански родови во селото се: Рустемовци (4 куќи), Муратовци (1 куќа) и Салиевци (1 куќа) доселени се во XIX век од околината на Корча.
  • Македонски родови во селото се: Чоневци (3 куќи), Доневци (2 куќи) и Цветковци (1 куќа) не се знае дали се староседелци или стари доселеници; Талевци (1 куќа) потекнуваат од домазет доселен од Битола; Здравевци (3 куќи), Манговци (1 куќа), Љасовци (1 куќа), Бозбеќар (1 куќа), Питропче (1 куќа) и Чунковци (1 куќа) доселени се после 1912 година од Ѓавато; Поповци (1 куќа) доселени се од околината на Струга; Љубојчани (1 куќа) доселени се од Љубојно, Преспа; Раде Марковиќ (1 куќа) по потекло се од Лика (денес Хрватска).[7]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ од 1951 година, родови во селото се:

Македонски

  • Доселеници: Талевци и Соклевци (7 к.), а се делат уште на Цветковци, Доневци и Чоневци. Доселени се на почетокот од XIX век од некое село во Охридско; Марковиќи (1 к.) доселени се во 1919 година од Ријека; Ластагарка (1 к.) доселени се во 1931 година од селото Љубојно во Преспа; Ласовци (2 к.), Чунковци (1 к.), Питропчевци (1 к.), Манговци (1 к.) и Здравевци (3 к.) доселени се од 1931 до 1939 година од селото Ѓавато; Ора оли Орести (1 к.) доселени се во 1936 година од Струга.

Албански

  • Доселеници: Раманлији или Шабановци (3 к.) доселени се во 1876 година од селото Рамна; Тировци (1 к.) доселени се во 1825 година од околината на Тирана во Албанија; Рустемовци (1 к.) доселени се од околината на Колоња во Албанија.[8]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Полициска Канцеларија во с. Кажани на Полициската станица Битола, Канцеларија за матична евиденција на Министерството за правда, Пошта Кажани., Шумска куќа на ЈП Македонски Шуми РЕ Кајмакчалан Битола

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Месна заедница с. Кажани

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 205 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на шумарска куќа.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 77 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Карактеристична белата земја на 1500 м западно од с. Кажани
Висорамнина Студена Чешма – Јашарова Кула западно од с. Кажани

Студена Чешма – Јашарова Кула, населба од римското време. На околу 2 км западно од селото, на височинка карактеристична по белата земја, при обработувањето на нивите се откриени остатоци од населба (фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал).

Кажанска корија[уреди | уреди извор]

Просторот, Студена Чешма,Јашарова Кула, Арнаутско гумно, Лозја, Зли дол е поширок простор кај месното население познат и под името Кажанска корија се наоѓа во склоп на Националниот парк Пелистер, изобилува со планински ливади, и прекриен е со дабави и букови шуми. Богат е со голем број на флора, лековити растенија и билки, Преку целиот период на пролет и лето, Свежиот и чист планински воздух со идеална надморска височина од 1000 до 1100 метри н.в, го прави овој простор идеален за пријатни рекративни прошетки во природа и одмор, но сепак треба да се внимава при престојот во природа особено во текот на летните месеци,бидеки е прекриен со висока трева, да се почитуваат предупредувањата на ЈУ Национален парк и режимот за движење низ шума, престои опасност од пожри, Исто така потребно е носење на високи чевли заради змии, панталони со долги ногавици, кошула со долги ракави и капа заради пајаци и друг вид на инсекти. Вашиот престој ќе го разубават големиот број на птици и нивната песна, но сепак потребна е внимателност бидејќи На овој простор може да се сретнат пелистерскиот рис, лисица, срна, дива свиња, волк и кафеава мечка.

Табла Национален Парк Пелистер на 1 км,од с. Кажани на локалниот пат за с. Маловиште
Студена Чешма на оддалеченост од 2 км западно од с. Кажани

Доколку се одлучите за собирање на лековити билки, ќе биде потребно претходна најава во ЈУ Национален парк Пелистер, и добивање на посебна дозвола за која треба да платите годишна чланарина да се регистрирате како билкособирач и да ги почитувате инструкциите и Упатствата на надлежните стручни лица или чувари во националниот парк Пелистер - Битола.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

18.Август ден на нападот на полицискиот участок во с. Кажани, Боречката организација од Битола, секоја година, доаѓа со свои членови на боречката организација, и на споменикот во с. Кажани полагаат свежо цвеќе во спомен на сите загинати од НОБ,

Споменикот од НОВ во с. Кажани спроти Полициската станица

Личности[уреди | уреди извор]

Саит Аслан Наим[уреди | уреди извор]

Наим е роден во 1908 година во село Кажани. По занимање бил колар, а во време на окупацијата одржувал врски со прогресивните сили и активно ја помагал Народната револуција. Во познатата акција на Одредот „Даме Груев“ 1942 година на подучастокот во село Кажани, Наим дал свој скромен придонес. Во 1943 година и пристапил на единиците на НОВЈ. Наскоро бил заробен, а фашистичките бугарска полиција по физичкото и психичкото измачување го стрелала во селато Штрбово-Преспа.

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Алтернативен туризам[уреди | уреди извор]

Македонија поседува непроценливо природно богатство. Таа е облагородена со извонредни предели во кои чистиот воздух предизвикува вистинско уживање. Придобивките се во различни области. Меѓу нив туристичкиот развој заслужува посебно внимание. Алтернативниот туризам претставува можност за користење на заштитените подрачја на одржлив начин. Тоа е во исто време начин да се користи, штити и унапредува животната средина, богата со инзвонредни природни и внесени (од човекот) содржини и елементи. Развојот на алтернативните форми на туризам е посебно значаен во подрачјата во кои постои автентична природа и културно наследство сврзани со можности за рекреација, културни доживувања и забава.

Планинарство[уреди | уреди извор]

Панорама на цапарско поле, поглед од врвот Вртешка 2010 м.н.в.

Планинарската патека Панџуров мост-Св.Спас е оддалечена на еден километар јужно од с. Кажани движејќи се по асфалтниот пат с. Кажани - с. Маловиште, од 960 м.н.в југозападно се искачува од источната страна по сртот до најзападниот врв на "Баба" планина Вртешка висок 2010 м.н.в. Висинската разлика на почетната точка и крајната точка е 1050 м.н.в која се совладува за приближно 2 часа и половина движејќи се по коса стрмнина со повеќе лакови на патеката, попатно ви се отворат пејсжи на цапарска котлина со 8 населени места (с. Кажани, с. Цапари, с. Ротино, преслапта Превалец, с. Г.Српци, с. Рамна, с. Лера, с. Доленци, с. Ѓавато како и вливот на река Шемница во вештачката акумулација Стрежево) гледајќи на исток а на југ се забележува единственото планинско село во самиот национален парк Пелистер с. Маловиште. Пред самиот врв на само 50 метри испод врвот Вртешка се наоѓа една од петте цекви на с. Маловиште црквата Свето Вознесение Господово или народот ја нарекува Св. Спас, исто како и православниот празник кој е со променлив датум зависно од датумот на празникот Велигден, а Св. Спас доаѓа секогаш во четврток во шестата недела по Велигден, обично е втората половина на месец мај или првата полиовина на месец јуни во една прекрасна природна реткост обвиена во зеленило и со многубројни пролетни цветови во разни бои. Покрај самата црква месното население во последните години изгради и засолниште за 10 до 15 лица за престој во неповолни временски услови. На овој празник вообичаено се собираат граѓани на месното население од с. Маловиште во поголем број од 100 до 150 граѓани од самото село или кои мигрирале во Битола или соседните градови на РМ, овој празник претставува планинарска атракција каде редовно покрај месното население во текот на денот се искачуваат планинари од Битола, Ресен и други делови во бројка од 300 до 500 планинари. Вртешка 2010 м.н.в Од самата црква Св.Спас на само 10 минути ќе се искачите на самиот врв Вртешка од каде се отвораат прекрасни глетки кон преслапот Ѓавато, планината Бигла, Стрежевското Езеро, Цапарската Котлина од исток на запад кон Ресен, Ресенското Поле, Преспанското Езеро, а на југ врвот Пелистер кој високо се издига пред вас, врвовите Голема Чука, Мала Чука и висорамнината Кодро.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 239.
  3. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 174-175.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  7. Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  8. Русиќ, Бранислав. Цапарско Поле. Архивски фонд на МАНУ к-4, AE 94/16.
  9. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]