Бистрица (Битолско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бистрица

Глетка на Бистрица

Бистрица во рамките на Македонија
Бистрица
Местоположба на Бистрица во Македонија
Бистрица на карта

Карта

Координати 40°58′44″N 21°21′54″E / 40.97889° СГШ; 21.36500° ИГД / 40.97889; 21.36500Координати: 40°58′44″N 21°21′54″E / 40.97889° СГШ; 21.36500° ИГД / 40.97889; 21.36500
Општина Битола
Население 734 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7221
Шифра на КО 02007
Надм. вис. 586-680 м
Бистрица на општинската карта

Атарот на Бистрица во рамките на општината
Бистрица на Ризницата

Бистрица — село во Општина Битола, во околината на градот Битола. До 2004 година селото беше седиште на истоимената општина.

Грб на поранешната Општина Бистрица.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Населбата од Битола е оддалечена 5 км, се наоѓа на регионалниот пат Битола-Драгош или Р508 кој води до граничниот премин, каде Р Македонија граничи со Грција (Леринско). Населбата има географски координати 40˚ 52’ СГШ и 21˚ 30’ ИГД. Катастарската површина на селската населба изнесува 570,33 ха и се наоѓа на надморска висина од 585-990 метри. Околу две третини од селскиот атар е во полето или 419,0 ха на надморска височина од 586-680 метри кое претставува земјоделско земјиште и една третина пасишта 98,4 ха, шуми 2,1 хаи неплодно земјиште.[2]

Поголемиот дел од селото Бистрица е рамничарски, бидејќи се наоѓа во котлината Пелагонија. Бистрица во долниот дел е на надморска нисочина од 586 метри додека во горниот дел е 680 метри.

Атарот на селото Бистрица граничи со атарите на следните села: Крстоар и Кравари од север, Оптичари од исток, Злокуќани од запад, и Олевени од југ.

Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња: Кула, Стара црква, Сува река, Бендолица, Грмаѓе, Тумба, Калдрма, Бразда, Слатина, итн. Селото се дели на три маала, Долна, Средна и Горна.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Според кажувањата се вели дека населбата своето име го добива по бистрата и чиста река. Таа претставува стара населба. Од сочуваните документи се забележува дека истата се среќава уште во 1468 год, во Големиот пописен турски дефтер, во неа живееле 90 семејства и би броела од 470-570 жители. Македонското население и од Бистрица било принудено да бара заем за покривање на своите долгови кои доаѓале поради разните давачки што ги собирала османлиската власт. Давачките биле многубројни и разновидни. Задолжувањето на жителите кај приватни лица или „вакав“ продолжило и во наредните години. Долговите се плаќале со голема лихва што се одразувало на нивниот живот. Во 1640 г. поради ненавремено враќање на долгот, еден жител по име Димо бил затворен, а познатиот Бендо Али со својата чета го нападнал затворот и го ослободил. Во 1713 г. веќе се споменуваат и чифлизи кај Бистрица и тоа неколку такви, сите во сопственост на муслимани, што зборува дека пропаѓањето на селаните и во ова село е евидентно.

Вкупно 10 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Покрај овоштарството, застапени се житните и градинарските култури, а помалку се застапени индустриските култури. Со овоштарство се занимаваат 77% од населението, со полјоделство 20%, а најмалку со 3% е застапено сточарството. Нема индустрија.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948565—    
1953636+12.6%
1961734+15.4%
1971965+31.5%
19811.140+18.1%
ГодинаНас.±%
19911.122−1.6%
1994988−11.9%
20021.015+2.7%
2021734−27.7%

Во втората половина на XV век брои 90 семејства кои се проценува дека имале 470-570 жители, со олкав број во времето била голема населба. Во втората половина на XVI век имала 50 семејства и би броела 294-345 жители, од нив и едно муслиманско семејство. Со преминот од тимаро-спахискиот во чифлигарски систем во Османлиското Царство бројот на жителите се намалува.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бистрица живееле 245 жители, сите Македонци.[5]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Бистрица имало 256 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Бистрица се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 36 куќи.[7]

Кон крајот на XIX и почетокот на XX век се намалува населението, по Балканските војни во 1914 г. населбата имала 28 домаќинства со 107 жители. Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[8]

Бројот на населението од 1948 г. кога има 565 жители постојано расте сè до 1981 г. кога е најголем 1140 жители, во 1994 година се намалува на 988 жители, додека во 2002 година незначително се зголемува на 1015 жители.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 734 жители, од кои 660 Македонци, 43 Албанци, 1 Влав, 6 Срби, 1 Бошњак, 3 останати и 20 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 245 256 565 636 734 965 1140 1122 988 1015 734
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови[уреди | уреди извор]

Бистрица е чисто македонско православно село, сите родови во селото се доселенички, а првиот род дошол почетокот на XIX век.

Родови во селото се:

  • Доселеници: Кузевци (5 к.) доселени се во првата половина на XIX век од селото Врањевци. Таму биле староседелци. Во турско време нивната задруга чувала околу 400 овци, и поголем број на биволи; Шмаќе (1 к.) доселени се од селото Крушеани во Прилепско. Основачот на родот дошол како домазет во Кузевци; Жабјанци (2 к.) по потекло се од селото Врањевци. Таму биле староседелци. Од Врањевци се иселиле во Жабјани, а потоа некој предок прешол во Бистрица; Каракотевци (1 к.) доселени се од селото Орехово; Парчевци (4 к.) доселени се од селото Кравари, каде исто така биле доселени однекаде; Шалевци (1 к.) доселени се од селото Ивањевци; Којовски (2 к.) доселени се од селото Буково; Вашаревци (1 к.) доселени се од селото Вашарејца; Милевци (1 к.) доселени се од селото Кривогаштани во Прилепско; Павловци (5 к.) доселени се од селото Љубојно во Преспа; Кечевци (7 к.), Кавалиновци (4 к.), Лажиовци (4 к.), Ѓупаревци (4 к.), Самарковци (3 к.), Келемузевци (2 к.), Кајчиновци (2 к.), Ташковчиња (1 к.), Пангаловци (1 к.), Огњевци (1 к.) и Талевци (1 к.) за овие родови местото од каде се доселиле е непознато; Николовци (2 к.) доселени се во 1918 година од селото Герман во егејскиот дел од Преспа; Ристевци (1 к.) доселени се во 1918 година од селото Неред во леринско; Фотевци (2 к.) доселени се во 1919 година од селото Герман во егејскиот дел од Преспа; Герговци (2 к.) доселени се во 1920 година од селото Наколец во Преспа; Бошевци (1 к.) доселени се во 1920 година од Битола; Поповци (3 к.) доселени се во 1922 година од селото Љубојно во Преспа; Новаковци (1 к.) доселени се во 1921 година од селото Арменско во леринско; Чолаковци (1 к.) доселени се во 1922 година од селото Љубојно во Преспа; Гаштевци (2 к.) доселени се во 1922 година од селото Котори во леринско; Видановци (2 к.) доселени се во 1922 година од селото Крстоар. Таму имале истоимени роднини, подалечно потекло од Преспа; Караивановци (2 к.) доселени се во 1922 година од селото Крстоар; Мавнивиловци (1 к.) доселени се во 1923 година од селото Љубојно во Преспа; Трајковци (1 к.) доселени се во 1923 година од селото Дреновени во Костурско; Мирчевци (2 к.) доселени се во 1923 година од селото Барешани, таму биле староседелци. И имале истоимени роднини; Грујевци (1 к.) доселени се во 1924 година од селото Крстоар; Генчовци (1 к.) и Филевци (4 к.) доселени се во 1926 година од селото Поздивишта во Костурско; Николовци (3 к.) доселени се во 1928 година од селото Герман во егејскиот дел од Преспа; Сидеровци (3 к.) доселени се во 1928 година од селото Кономлади во Костурско; Чанчуковци (1 к.) доселени се во 1928 година од селото Крстоар. Таму биле староседелци, и имале роднини; Митовци (1 к.) доселени се во 1932 година од селото Пополжани во леринско; Бошевци (1 к.) доселени се во 1938 година од селото Српци; Пашкини (1 к.) доселени се во 1945 година од селото Брезница во Костурско; Маневци (1 к.) доселени се во 1945 година од селото Војница во Велешко; Трајковци (2 к.) доселени се во 1946 година од селото Опеница во Охридско; Ѓераловци (1 к.) доселени се од селото Буково.[14]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Од 1996 г. со новата територијална поделба на државата, Бистрица доби статус на седиште на општина. Во нејзин склоп вкупно беа 19 селски населби: Бистрица, Крстоар, Олевени, Барешани, Канино, Велушина, Граешница, Драгош, Кишава, Острец, Злокуќани, Кравари, Жабени, Породин, Лажец, Оптичари, Егри, Меџитлија и Кременица. Во дел од нив (во планинскиот и граничниот појас) живее албанско население. Општината Бистрица се простираше на крајниот југ од Р. Македонија и непосредно се граничеше со Р. Грција, со вкупна површина од 23.100 км2 а бројот на жители изнесуваше (ДЗС: Попис на населението…2002): 5.779 жители. Ден на општината беше 25 декември, и истата опстојуваше осум години т.е сè до 2005 г., кога со новата територијална поделба на општините, беше припоена кон Општина Битола.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 149 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 755 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[17]
Археолошки наоѓалишта[18]

Споменик во чест на загинатите борци во НОБ поставен 1971 г.Чешма во спомен на Крстин Чулаковски, над селото постои и бункер кој служел за воени дејствија.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Образование[уреди | уреди извор]

Во учебната 1960/61 година се отвора осумгодишно основно училиште, кое го носи името “Крсте Петков Мисирков”. Во училиштето учат околу 270 деца, од кои најголем дел доаѓаат од соседните села со организиран автобуски превоз. Во склоп на училиштето има и училишна библиотека со книжен фонд од преку 6000 книги. Исто така има терени за кошарка, одбојка и ракомет, но тие се во дворот на училиштето, недостига сала за физичка култура. Новата училишна зграда беше изградена 2000 г.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Има доста иселеници во: Австралија, Америка, Шведска, Австрија, Италија и уште во многу други земји. Исто така многу луѓе емигрирале во Битола, како голем административен центар.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 26<. ISBN 9989-862-00-1.
  3. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина. Белград: Српска академија наука и уметности. стр. 215-216-217.
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 236.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 166-167.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 12.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Трифуноски, Јован Ф., 1914-1997. (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања. Српска академија наука и уметности. ISBN 86-7025-267-8. OCLC 469501519.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  18. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]