Кривогаштани
| Кривогаштани | |
| Поглед на Кривогаштани од Крушево | |
| Координати41°20′9″N 21°19′59″E / 41.33583°N 21.33306°EКоординати: 41°20′9″N 21°19′59″E / 41.33583°N 21.33306°E | |
| Општина | Општина Кривогаштани |
| Географски регион | Прилепско Поле |
| Население (2002) | 1870 жители |
| Поштенски број | 7524 |
| Повикувачки број | |
| Надморска височина | 607 m |
| Селска слава | |
Кривогаштани е село во Општина Кривогаштани, на патот меѓу градовите Прилеп и Крушево. Народните преданија говорат за две легенди поврзани за името на селото Кривогаштани. Според првата легенда, селото Кривогаштани, своето име го добило по некогашниот град, кој бил во непосредна близина на денешната населба, а се викал Крив Град. Градот се одликуал со криви, долги и тесни улички низ кои жителите, пред своите куќи, си ги сушеле „гаштите“, односно алиштата што ги носеле. Втората легенда зборува дека жителите од Кривогаштани ги носеле своите „гашти“ (панталони) накриво, па поради тоа жителите од околните населби им се потсмевале, викајќи ги кривогаштанци. Интересно е да се напомене дека и денес жителите од некои соседни села не велат Кривогаштани и Кривогаштанци туку „Кривограждани“ и „Кривогражданци“, што пак се поврзува со средновековниот Крив Град.
Содржина |
[уреди] Географиja и местоположба
Населбата Кривогаштани се наоѓа во пелагониската рамница, во северозападниот дел на Прилепското Поле. На запад од Кривогаштани е Бушева Планина, а на југ, исток и север се простира Пелагонија, а самата населба лежи на надморска височина од околу 607 метри. Кога се зборува за сообраќајната поврзаност и географската местоположба не може а да не се спомне дека Кривогаштани претставува вистинска крстосница, бидејќи тука поминуваат главните патишта кои ги поврзуваат блиските градови. Имено, источно од Кривогаштани е градот Прилеп, кој е оддалечен 19 километри, а на запад се наоѓа Крушево, оддалечено 11 километри од Кривогаштани. Кон југ, т.е кон Демир Хисар води асфалтен пат, кој кривулесто минува низ богати селски населби, а потоа продолжува кон Битола. Исто така и кон север води асфалтен пат кон селото Ропотово, од каде продолжува кон Македонски Брод. Климата, како и во целата Пелагониска рамница, па така и во Кривогаштани е изменето средоземноморска. Врнежите се движат од 700 до 900 милиметри воден талог во текот на годината. Тие се најинтензивни во пролет и есен, а првиот снег обично паѓа кон крајот на ноември или во почетокот на декември. Ветровите дуваат во текот на целата година, но најинтензивно во пролет и есен. Покрај Кривогаштани не поминуваат некои позначајни реки, а исто така нема ни езера. Реките кои што минуваат во близина на Кривогаштани се мали и главно пресушуваат во текот на летниот период. Најблиска река до населбата е Крушевско - норовската река која со вода се храни главно од Крушевското Езеро, а се наоѓа западно и југозападно од Кривогаштани. Оваа река се влива во реката Блато која е источно од Кривогаштани. Во непосредна близина на Кривогаштани, а особено на источната страна, кај Крајни Рид, Петочна Ричка, Градиште, Манастириште и Лозје доста е богато со животински свет, а најзастапен е ситниот дивеч: зајак, лисица, ласица и повеќе влекачи. А на источната страна, односно во областите кај реката Блато, околу која се наоѓаат областите Солунов Даб, Чаир и Ливаѓе има поголем број видови на птици како што се дивите гуски, дивите гулаби, дивите пајки, еребици и друго. Во самата населба се среќаваат цели јата на диви гулаби, чавки, гугутки, врапци, штркови, ластовици, а посебно внимание привлекуваат сивите чапји кои се населени на стариот даб во црквата Св. Димитрија, која се наоѓа во центарот на населбата. Сивите чапји доаѓаат во почетокот на март, а си одат во август.
[уреди] Историja
[уреди] Економија
Како и во пошироката околина така и во Кривогаштани се среќаваат поголем број на растенија. Се среќаваат и следниве култури, како позастапени: тутунот, житните култури (пченица, јачмен, рж, овес), сончогледот, пченката, пиперот, кромидот, компирот, гравот и друго. Сепак, најзастапена култура е тутунот.
Во Кривогаштани се наоѓа еден од најголемите сточни пазари во Македонија.
[уреди] Демографија
Во почетокот на XX век во селото Кривогаштани живееле околу 860 жители.[1] Според пописот од 1948 година во селото биле попишани 1 913 жители. Во наредните години бројот на жители се зголемувал на 2 288 (во 1953 год.), 2 366 (во 1961 год.) и 2 380 (во 1971 год.). Потоа следувало намалување на населението на 2 356 (во 1981 год.), 2 191 (во 1991 год.) и 1950 (во 1994 год.). Според пописот од 2002 година, селото Кривогаштани брои 1870 жители.[2]
| Етничка припадност | Вкупно |
| Македонци | 1860 |
| Албанци | 0 |
| Турци | 0 |
| Роми | 8 |
| Власи | 0 |
| Срби | 1 |
| Бошњаци | 0 |
| Останати | 1 |
Од нив 971 биле мажи, а 899 жени.[3]
[уреди] Општествени институции
Локална самоуправа - Кривогаштани; Комунално претпријатие „Пелагонија“ - Кривогаштани Централно основно училиште „Манчу Матак“ - Кривогаштани; Одделение на полициска станица - Кривогаштани; Амбуланта - Кривогаштани; Ветеринарна станица - Кривогаштани.
[уреди] Администрација и политика
[уреди] Културни и природни знаменитости
Во Кривогаштани секоја година во март се одржува манифестацијата „Денови на македонската народна носија“. На манифестацијата која е од ревијален и натпреварувачки карактер учествуваат културно-уметнички друштва од цела Македонија.
[уреди] Редовни настани
[уреди] Личности
[уреди] Култура и спорт
ФК Младост, КК Младост.
[уреди] Иселеништво
[уреди] Наводи
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.244.
- ↑ „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика. http://www.stat.gov.mk/pxweb2007bazi/Dialog/varval.asp?ma=Popis_nm_1948_2002_NasPoEtnPrip_mk&ti=%CD%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5+%ED%E0+%D0%E5%EF%F3%E1%EB%E8%EA%E0+%CC%E0%EA%E5%E4%EE%ED%E8%BC%E0+%F1%EF%EE%F0%E5%E4+%E8%E7%BC%E0%F1%ED%F3%E2%E0%9C%E5%F2%EE+%E7%E0+%E5%F2%ED%E8%F7%EA%E0%F2%E0+%EF%F0%E8%EF%E0%E4%ED%EE%F1%F2%2C+%EF%EE++%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8+%EC%E5%F1%F2%E0%2C+%F1%EF%EE%F0%E5%E4+%EF%EE%EF%E8%F1%E8%F2%E5+%ED%E0+%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5+1948%2C+1953%2C+1961%2C+1971%2C+1981%2C+1991%2C+1994+%E8+2002++%E3%EE%E4%E8%ED%E0+%28%F1%EE%E3%EB%E0%F1%ED%EE+%F2%E5%F0%E8%F2%EE%F0%E8%BC%E0%EB%ED%E0%F2%E0+%EE%F0%E3%E0%ED%E8%E7%E0%F6%E8%BC%E0+%EE%E4+1996+%E3%EE%E4%E8%ED%E0%29&path=../Database/%CF%EE%EF%E8%F1%E8/%CF%EE%EF%E8%F1%E8%20%ED%E0%20%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5%201948%20-%202002/&lang=18.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://www.stat.gov.mk/pxweb2007bazi/Dialog/varval.asp?ma=Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk&ti=%CD%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5+%EF%EE+%E2%EE%E7%F0%E0%F1%F2+%E8+%EF%EE+%EF%EE%EB%2C+%EF%EE+%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8+%EC%E5%F1%F2%E0%2C+%F1%EF%EE%F0%E5%E4+%EF%EE%EF%E8%F1%E8%F2%E5+%F1%EF%F0%EE%E2%E5%E4%E5%ED%E8+%E2%EE++%D0%E5%EF%F3%E1%EB%E8%EA%E0++%CC%E0%EA%E5%E4%EE%ED%E8%BC%E0+%EF%EE+%C2%F2%EE%F0%E0%F2%E0+%F1%E2%E5%F2%F1%EA%E0+%E2%EE%BC%ED%E0&path=../Database/%CF%EE%EF%E8%F1%E8/%CF%EE%EF%E8%F1%E8%20%ED%E0%20%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5%201948%20-%202002/&lang=18.
[уреди] Надворешни врски
|
|||||||