Врбјани (Прилепско)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Врбјани
Врбјани во рамките на Македонија
Врбјани
Врбјани (Македонија)
Координати41°19′54″N 21°23′21″E / 41.33167°N 21.38917°E / 41.33167; 21.38917Координати: 41°19′54″N 21°23′21″E / 41.33167°N 21.38917°E / 41.33167; 21.38917
Општина Општина Кривогаштани
Географски регион Прилепско Поле
Население (2002) 294 жители
Поштенски број 7509
Повикувачки број  
Надморска височина 354 m
Селска слава  
Мреж. место Никола летен 2 јуни Свети Никола летен 2 јуни

Врбјани е село во Општина Кривогаштани, во околината на градот Прилеп.


Содржина

[уреди] Географиja и местоположба

селото Врбјани е сместено во срцето на големата житница Пелагонија. Врбјани е во составот на Општина Кривогаштани. Врбјани се граничи со следните села од исток со селото Славеј,од запад со општина Кривогаштани,од север со селата Вранче и Заполжани и од југ со селото Боротино. Најблиските градови се во непосредна близина околу 15 километри. Најголем административен и културен живот има во Прилеп кој е многу посетен од населението од Врбјани. Населението во Врбјани најмногу се занимава со Земјоделство и со сточарство. Времето во врбјани во летниот период е многу топло,а во зимскиот период е многу ладно.

[уреди] Историja

Се споменува дека Врбјани постоело пред 1465 година. Името Врбјани го добило по тоа дека во селото имало многу врби и по тоа селаните почнале да го викаат Врбјани. Во Врбјани се наоѓа едно од најголемите неолитски наоѓалишта месноста викана Врбјанска Чука,која сѐ уште не е целосно истражена зошто се смета дека постојат многу разни докази од неолитско време. Цркавата св.Никола е уште еден доказ дека селото постои многу одамна која е осветена 1856 година од познатите Македонски градители. Населението во Врбјани е воглавно Христијанско.

[уреди] Економија

Економијата во Врбјани сѐ уште не е толку развиена.

[уреди] Демографија

Во почетокот на XX век во селото Врбјани живееле околу 364 жители.[1] Според последниот статистички податок во Врбјани живееат околу 300 жители. Населението во врбјани по стапката на наталитет и мортралитет се наоѓа во села кои се делумно стари,а причина за тоа е зошто повеќето млади луѓе кои се за женидба ја надминале старосната граница над 30 години и се потешко да ја најдат својата животна сопатничка. Со мигрирањето село во град населението многу го напуштило селото во барањето на подобар живот во градот.

[уреди] Општествени институции

[уреди] Администрација и политика

Локалната самоуправа Кривогаштани ги дели селата на месни заедници. Месната заедница во село Врбјани се состои од: -Претседател -Секреатар -Благајник и други членови. Претседател на месната заедница Врбјани е Крстески Кирил - Мангата. Во Врбјани има подржувачи за сите политички партии, а најмногу за СДСМ и за ВМРО-ДПМНЕ.

[уреди] Културни и природни знаменитости

Културни и природни знаменитости во Село Врбјани се Црквата св.Никола која потекнува од 18 век. И старата кула која била од Јордан Бомбол која сеуште е во афтентична состојба.

[уреди] Редовни настани

Настани кои редовно се одржуваат во село врбјани е Велигденскиот Панаѓур и Селската слава св.Никола која се слави на 2 јуни и е празник на целото село кое го слави како свој заштитник.

[уреди] Личности

Има многу познати личности кои помогнале во опшествениот живот на село Врбјани.

[уреди] Култура и спорт

Во спортскиот живот во Врбјани доминира фудбалот кој се игра од далечната 1950 година. фудбалскиот клуб Македонија Врбјани успешно се натпреварува во Општинската лига на Градот Прилеп. По заначајни успеси на фудбалскиот клуб Македонија Врбјани се Девет први места и како настап во регионалната лига.

[уреди] Иселеништво

Од далечни времиња населението во село Врбјани постепено почнало да се иселува на другите континенти во барањето на подобар живот и подобра живееачка. Најмногу иселеници има во Австралија,САД и западните Европски држави.

[уреди] Наводи

  1. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.245.

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици