Македонски денар

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Македонски денар
Банкнота од 1000 денари.
Банкнота од 1000 денари.
ISO 4217 код MKD
Корисник Македонија Македонија
Инфлација -0,8%
Извор The World Factbook, проценка од 2009.
Подвалута
1/100 дени
Симбол ден
Множина денари
Монети 50 дени, 1, 2, 5, 10, 50 денари
Банкноти 10, 50, 100, 500, 1000, 5000 денари
Централна банка Народна банка на Република Македонија
Мреж. место www.nbrm.mk

Македонски денар (кратенка: ден., ISO 4217: MKD, бројчен код: 807) е официјална валута во Република Македонија и се состои од 100 дени. Народната Банка на Република Македонија има ексклузивно право на печатење и издавање на монети и банкноти во Република Македонија. Македонскиот денар бил воведен на 26 април 1992 година.[1]

Република Македонија монетарно се осамостои точно на Велигден 1992 година. Првиот премиер на Република Македонија Никола Кљусев од парламентарната говорница ги презентираше првите македонски пари - денари со зборовите:

Република Македонија воведува сопствена парична единица што ќе го носи името денар и еве задоволство ми е да видите како тие парични единици се печатени“.

Името на македонската парична единица го предложи Македонската академија на науките и уметностите, а потекнува од стариот римски денариj (denarius).

Денес во Република Македонија во оптек се метални монети со деноминации од 1, 2, 5, 10 и 50 денари како и хартиени банкноти со деноминации од 5000, 1000, 500, 100 (50 и 10 привремено) денари. Во 2013 година, НБРМ објавила оглас за избор на дизајн за новите банкноти од 200 и 2000 денари кои ќе бидат во оптек од 2015 година[2].

Монетите се ковани од легура CuNi3Zn17 (CuZn15 за 50 дени) во ковницата „Сувенир“ во Самоков.

Банкнотите со помала деноминација, 10, 50 и 100 денари се печатени во Република Македонија, додека банкнотите со деноминации од 500, 1000 и 5000 денари (издание 1996), се печатени во „Thomas De La Rue“ во Лондон. Последното издание на банкноти од 500 и 1000 денари од 2003 година е исто така изработено во TDLR. Македонските банкноти содржат повеќе заштитни елементи како што се воден печат, заштитен конец, инталјио печат, скриена слика, микро текст, двоен пасер и оптички променлива боја.

Галерија на парите[уреди]

Банкноти[уреди]

Прв предлог
Лице Позадина Вредност Боја Лице Позадина
10 денари сина Споменик Македониум Жени при жнеење жито
25 denari, 1992- lice.jpg 25 denari, 1992- pozadina.jpg 25 денари црвена Споменик Македониум Жени при жнеење жито
50 denari, 1992- lice.jpg 50 denari, 1992- pozadina.jpg 50 денари кафеава Споменик Македониум Жени при жнеење жито
100 denari, 1992- lice.jpg 100 denari, 1992- pozadina.jpg 100 денари темно сина Споменик Македониум Жени при жнеење жито
500 denari, 1992- lice.jpg 500 denari, 1992- pozadina.jpg 500 денари зелена Споменик Македониум Жени при жнеење жито
1000 denari, 1992- lice.jpg 1000 denari, 1992- pozadina.jpg 1000 денари темно сина Споменик Македониум Жени при жнеење жито
5000 denari, 1992- lice.jpg 5000 denari, 1992- pozadina.jpg 5000 денари црвена-кафеава Девојче пред компјутер Споменикот Македониум
10000 denari, 1992- lice.jpg 10000 denari, 1992- pozadina.jpg 10000 денари црвена-кафеава Играорци и споменикот Македониум Поглед кон Света Софија, Охрид
Серија од 1993
Лице Позадина Вредност Боја Лице Позадина
10 denari, 1993- lice.jpg 10 denari, 1993- pozadina.jpg 10 денари сина Споменик Македониум Мотив од Крушево
20 denari, 1993- lice.jpg 20 denari, 1993- pozadina.jpg 20 денари кафеава-темноцрвена Даут Пашин Амам во Скопје Саат кула, Скопје
50 denari, 1993- lice.jpg 50 denari, 1993- pozadina.jpg 50 денари црвена Поглед кон зградата на Народна Банка на Република Македонија Свети Пантелејмон, Скопје
100 denari, 1993- lice.jpg 100 denari, 1993- pozadina.jpg 100 денари кафеава Света Софија, Охрид Народен музеј, Охрид
500 denari, 1993- lice.jpg 500 denari, 1993- pozadina.jpg 500 денари кафеава-темнозелена Самуилова тврдина, Охрид Свети Јован-Канео, Охрид
Серија од 1996
Лице Позадина Вредност Боја Лице Позадина
10 denari, 1996- lice.jpg 10 denari, 1996- pozadina.jpg 10 денари лилава Торзо на египетската божица Изида (II век пр. н.е.), Охрид; златна обетка (IV век пр. н.е), с. Беранци, Битолско. Паун, детаљ од подниот мозаик во баптистериумот на Епископската базилика (IV-V век), Стоби.
50 denari, 1996- lice.jpg 50 denari, 1996- pozadina.jpg 50 денари сина Во средина на декоративната штуко арка од црквата Св. Пантелејмон, претстава на фолис емитуван од византискиот император Јустин II. Архангел Гаврил од сцената „Благовестие“, фреска на источниот ѕид на црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново.
100 denari, 1996- lice.jpg 100 denari, 1996- pozadina.jpg 100 денари лилава-кафеава Таванска розета Поглед од албанска куќа
500 denari, 1996- lice.jpg 500 denari, 1996- pozadina.jpg 500 денари црвена-кафеава Златна погребна маска, с. Требеништа, охридско (VI век пр.н.е.); на десната страна златни обетки со лавовски глави, охридско (III-II век пр. н.е). Цвет на афион
1000 denari, 1996- lice.jpg 1000 denari, 1996- pozadina.jpg 1000 денари кафеава Богородица Епискепсис, икона од црквата Мали Св. Врачи, Охрид, почеток на XIV век; на левата страна златна обетка со гулабица (III-II век пр.н.е.), Требенишко Кале, Охридско. Детаљ од фасадата на Григориевата галерија (XIV век), црква Св. Софија, Охрид
5000 denari, 1996- lice.jpg 5000 denari, 1996- pozadina.jpg 5000 денари црвена-кафеава Бронзена фигура на Менада (VI век пр.н.е), Тетово;на левата страна бронзена евхаристична гулабица (XIII век), охридско. Кербер врзан за смоква, детаљ од подниот мозаик во нартексот на Големата базилика во Хераклеја Врскаестис (V-VI век), Битола.
Надоградба на серија од 1996
Лице Позадина Вредност Боја Лице Позадина
500 denari, 2003- lice.jpg 500 denari, 2003- pozadina.jpg 500 денари црвена-кафеава Златна погребна маска, с. Требеништа, охридско (VI век пр.н.е.); на десната страна златни обетки со лавовски глави, охридско (III-II век пр. н.е). Цвет на афион
1000 denari, 2003- lice.jpg 1000 denari, 2003- pozadina.jpg 1000 денари кафеава Богородица Епискепсис, икона од црквата Мали Св. Врачи, Охрид, почеток на XIV век; на левата страна златна обетка со гулабица (III-II век пр.н.е.), Требенишко Кале, охридско. Детаљ од фасадата на Григориевата галерија (XIV век), црква Св. Софија, Охрид

Монети[уреди]

1993 серија
Монета Вредност Карактеристики Опис
50 deni.JPG 50 дени Издание 1993, Диjам. 21,5 мм;Теж. 4,10 г, Метал: CuZn15, Ковница: Сувенир, Самоков, Во оптек од 10.05.1993 Ав. 50 ДЕНИ во долното централно поле Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци. Рев. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 1993 во долното централно поле. Претстава на галеб во лет.
1 denar.jpg 1 денар Издание 1993 (1997,2001), Диjам. 23,8 мм;Теж. 5,10 г, Метал: CuNi3Zn17, Ковница: Сувенир,Самоков, Во оптек од 10.05.1993 Ав. 1 ДЕНАР во долното централно поле Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци. Рев. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 1993 (1997, 2001) во долното централно поле. Претстава на шарпланинец.
2 denari.jpg 2 денари Издание 1993 (2001), Диjам. 25,5 мм;Теж. 6,20 г, Метал: CuNi3Zn17, Ковница: Сувенир,Самоков, Во оптек од 10.05.1993 Ав. 2 ДЕНАРИ во долното централно поле Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци. Рев. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 1993 (2001) во долното централно поле. Претстава на охридска пастрмка.
5 denari.jpg 5 денари Издание 1993 (2001), Диjам. 27,5 мм;Теж. 7,20 г, Метал: CuNi3Zn17, Ковница: Сувенир,Самоков, Во оптек од 10.05.1993 Ав. 5 ДЕНАРИ во долното централно поле, Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци. Рев. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 1993 (2001) во долното централно поле. Претстава на евроазиски рис.
10 denari 2008.png 10 денари Издание 2008, Диjам. 24,5 мм;Теж. 6,6 г, Метал: Cu70Ni12Zn18, Во оптек од 15.11.2008 Ав. 10 ДЕНАРИ во долното централно поле. Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци. Рев. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 2008 во долното централно поле. Гравиран Паун - мозаик од Стоби - VI век, детал кој е земен од книжните пари од 10 денари.
50 denari 2008.png 50 денари Издание 2008, Дијам. 26,5 мм; Теж. 7,7 г, Метал: Cu62Ni18Zn20, Во оптек од 15.11.2008 Ав. 50 ДЕНАРИ во долното централно поле. Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци. Рев. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 2008 во долното централно поле. Гравиран лик на Архангел Гаврил - фреска од манастирот Св. Ѓорѓи (Курбиново) - XII век, детал кој е земен од книжните пари од 50 денари.

Јубилејни монети[уреди]

Изданија на НБРМ
Монета Вредност Опис
1 zlaten denar- avers (2000 godini hristijanstvo).JPG 1 zlaten denar- revers (2000 godini hristijanstvo).JPG 1 златен денар Ав. Народна Банка на Република Македонија и знакот на НБРМ. Рев. Православен крст.
1 srebren denar- avers (2000 godini hristijanstvo).jpg 1 srebren denar- revers (2000 godini hristijanstvo).jpg 1 сребрен денар Ав. Народна Банка на Република Македонија и знакот на НБРМ. Рев. Православен крст.
1 bakaren denar- avers (2000 godini hristijanstvo).jpg 1 bakaren denar- revers (2000 godini hristijanstvo).jpg 1 бакарен денар Ав. Народна Банка на Република Македонија и знакот на НБРМ. Рев. Православен крст.
1 zlaten denar- avers (5 godini od osamostojuvanjeto na Makedonija) 1996.jpg 1 zlaten denar- revers (5 godini od osamostojuvanjeto na Makedonija) 1996.jpg 1 златен денар Ав.НАРОДНА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА;ЕДЕН ЗЛАТЕН ДЕНАР Пар бели штркови (Ciconia Ciconia) во гнездо. Рев.

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА; СКОПЈЕ, 8 СЕПТЕМВРИ 1996 Грб на Република Македонија.

1 zlaten denar- avers (30 godini od avtokefalnosta na MPC), 1997.jpg 1 zlaten denar- revers (30 godini od avtokefalnosta na MPC), 1997.jpg 1 златен денар Ав. Портрет на Свети Климент Охридски. Рев. Соборна Црква во Скопје.
5 zlatni denari- avers (50 godini od egzodusot na Makedoncite od Egejska Makedonija), 1998.jpg 5 zlatni denari- revers (50 godini od egzodusot na Makedoncite od Egejska Makedonija), 1998.jpg 5 златни денари Ав. Егзодус, Мајка со две деца во бегање. Рев. РГрб на здружението на Македонсците бегалци од Егејска Македонија.
2 zlatni denari- avers (50 godini od osnovanjeto na Ekonomskiot Fakultet), 2000.jpg 2 zlatni denari- revers (50 godini od osnovanjeto na Ekonomskiot Fakultet), 2000.jpg 2 златни денари Ав. Грб на Економски факултет во Скопје. Рев. Зградата на Економски факултет во Скопје.
10 zlatni denari- avers (10 godini od osamostojuvanjeto na Makedonija) 2001.jpg 10 zlatni denari- revers (10 godini od osamostojuvanjeto na Makedonija) 2001.jpg 10 златни денари Ав. Стилизирана карта на Македонија со сонце во средината. Рев. Претстава на дрво.
10 zlatni denari- avers (50 godini od osnovanjeto na univerzitetot Sv. Kiril i Metodij i 1115 godini od osnovanjeto na Svetiklimentovata kniževna škola), 1999.jpg 10 zlatni denari- revers (50 godini od osnovanjeto na univerzitetot Sv. Kiril i Metodij i 1115 godini od osnovanjeto na Svetiklimentovata kniževna škola), 1999.jpg 10 златни денари Ав.Портрет на Свети Кирил и Методиј. Рев. Македонска азбука
60 denari- avers (60 godini ASNOM) 2004.jpg 60 denari- revers (60 godini ASNOM) 2004.jpg 60 златни денари Ав. Панорама на манастирот Свети Прохор Пчињски Рев. Манифестот на АСНОМ
10 zlatni denari - avers (100 godini Ilinden Crešovo Topče) 2003.jpg 10 zlatni denari - revers (100 godini Ilinden Crešovo Topče) 2003.jpg 10 златни денари Ав.Црешовото топче. Рев. Споменик Македониум во Крушево.
100 srebreni denari - avers (100 godini Ilinden Crešovo Topče) 2003.jpg 100 srebreni denari - revers (100 godini Ilinden Crešovo Topče) 2003.jpg 100 сребрени денари Ав.Црешовото топче. Рев. Споменик Македониум во Крушево.
100 zlatni denari - avers (100 godini Ilinden Dame Gruev) 2003.jpg 100 zlatni denari - revers (100 godini Ilinden Dame Gruev) 2003.jpg 100 златни денари Ав. Портерет на Даме Груев. Рев. Споменик Македониум во Крушево.
100 zlatni denari - avers (100 godini Ilinden Blaže Koneski) 2003.jpg 100 zlatni denari - revers (100 godini Ilinden Blaže Koneski) 2003.jpg 100 златни денари Ав. Портерет на Блаже Конески. Рев.Споменик Македониум во Крушево
100 zlatni denari - avers (100 godini Ilinden Goce Delčev) 2003.jpg 100 zlatni denari - revers (100 godini Ilinden Goce Delčev) 2003.jpg 100 златни денари Ав. Портрет на Гоце Делчев. Рев.Споменик Македониум
100 zlatni denari - avers (100 godini Ilinden Ǵorče Petrov) 2003.jpg 100 zlatni denari - revers (100 godini Ilinden Ǵorče Petrov) 2003.jpg 100 златни денари Ав. Портрет на Ѓорче Петров. Рев. Споменик Македониум во Крушево.
100 zlatni denari - avers (100 godini Ilinden Jane Sandanski) 2003.jpg 100 zlatni denari - revers (100 godini Ilinden Jane Sandanski) 2003.jpg 100 златни денари Ав. Портерет на Јане Сандански. Рев.Споменикот Македониум во Крушево
100 zlatni denari - avers (100 godini Ilinden Krste Petkov Misirkov) 2003.jpg 100 zlatni denari - revers (100 godini Ilinden Krste Petkov Misirkov) 2003.jpg 100 златни денари Ав. Портрет на Крсте Петков Мисирков. Рев. За македонцките работи, корица на книгата
100 zlatni denari - avers (100 godini Ilinden Metodija Andonov Čento) 2003.jpg 100 zlatni denari - revers (100 godini Ilinden Metodija Andonov Čento) 2003.jpg 100 златни денари Ав. Портрет на Методија Андонов Ченто. Рев. Споменик Македониум во Крушево.
100 zlatni denari - avers (100 godini Ilinden Mihajlo Apostolski) 2003.jpg 100 zlatni denari - revers (100 godini Ilinden Mihajlo Apostolski) 2003.jpg 100 златни денари Ав. Портрет на Михајло Апостолски. Рев. Споменик Македониум во Крушево.
100 zlatni denari - avers (100 godini Ilinden Pitu Guli) 2003.jpg 100 zlatni denari - revers (100 godini Ilinden Pitu Guli) 2003.jpg 100 златни денари Ав. Портрет на Питу Гули. Рев. Споменик Македониум во Крушево.
100 zlatni denari - avers (100 godini Ilinden Nikola Karev) 2003.jpg 100 zlatni denari - revers (100 godini Ilinden Nikola Karev) 2003.jpg 100 златни денари Ав. Портрет на Никола Карев, Илинден. Рев. Споменик Македониум.

Валута како сувенир[уреди]

Почнувајќи од 2002 година, Вевчани, село во југозападниот регион на Македонија и самопрогласено за "независна Република", започнало да издава свои пари, т.н. личник, како сувенир. Парите се јасно означени како "примерок" и никогаш не биле наменети за официјално користење како законски валута.[3]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Ќе се слават 20 години од македонскиот денар Нова Македонија
  2. НБРМ воведува нови банкноти 200 и 2000 денари
  3. Macedonia Tolerates a 'Republic' in Its Midst“, Associated Press, 6 јануари 2002.