Охридска пастрмка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Охридска пастрмка
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Тип: Хордати
Класа: Зракоперки
Ред: Лососовидни
Фамилија: Лососи
Род: Пастрмки
Вид: Охридска пастрмка
Биномен назив
Salmo letnica

(Karaman, 1924)


Охридска пастрмка (латински: Salmo letnica) e ендемна слатководна риба што живее во Охридското Езеро, а припаѓа на фамилијата Лососи (Пастрмки). Неколку локални називи се летница, струшка пастрмка, охридска белвица. Максималната должина се движи од 25 до 60 cm, а максималната тежина е 15,8 kg. Се мрести од март до мај.

Содржина

[уреди] Подврсти

Охридската пастрмка се јавува во три подврсти и тоа:

  • Летница (латински: Salmo letnica Balcanicus) - се мрести на зима
  • Струшка пастрмка (латински: Salmo letnica Typicus) - се мрести на зима, а меѓу мрестењето на оваа раса и расата S.L.Baclanicus (струшка) има разлика од барем еден месец.
  • Охридска белвица (латински: Salmo letnica Aestivalis) - се мрести на лето периодот од мај до јули

[уреди] Опис и градба

Охридската пастрмка се разликува од поточната пастрмка по сплеснатото тело, по малата глава и ѕвездестите сиви пеги по телото. Бојата на месото е кај некои бела, а кај некои розевкаста.

[уреди] Навики, живеалиште, распространетост

Охридската пастрмка е ендемна рибна врста на Балканот и во Европа. Таа е најблизок предок на врстите што живееле на тоа подрачје уште од периодот на терциерот.

Охридската пастрмка секогаш живее во Охридското Езеро. Денот го поминува во длабочините и на места што се доста оддалечени од брегот, а на површината на водата испливува навечер, кога лови муви. Понекогаш приоѓа до самиот брег, во плитките води, барајќи храна од подводните растенија.

Охридската белвица се наоѓа само во најдланоките места на езерото и тоа до 200 м и се мрести на зима како поточна пастрмка поточната пастрмка. Се почесто се лови, па се претпоставува дека и се заканува истребување.

[уреди] Размножување

Охридската пастрмка се мрести од март до мај, а мелезите се настанати со вкрстување на поточната и охридската пастрмка, по телото имаат наизменично распоредени црвени округли и сиви ѕвездести пеги како летницата.

[уреди] Наводи

Лични алатки
Именски простори
Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици