Шведска круна

Од Википедија — слободната енциклопедија

Круна (шведски: krona, по меѓународен стандард SEK) како шведска валута постои од 1873 г. Поради постоењето на слични монетарни единици во Данска и Норвешка, често се нарекува и Шведска Круна. 1 круна е составена од 100 öre (’оре).

Видови на монети и банкноти[уреди | уреди извор]

Со текот на времето како што се менувала вредноста на круната, се менувале монетите и банкнотите. Денес постојат монети од 50 öre, 1,5 и 10 круни и банкноти од 20, 50, 100, 500 и 1000 круни.

банкноти на Шведска

Круна наместо Евро[уреди | уреди извор]

Шведска е членка на Европската Унија од 1995, а сепак како валута ја има задржано Круната, наместо Еврото. Имено, на 14 септември 2003 на државен референдум 56% од граѓаните се изјасниле против менувањето на Круната со Евро. По овој референдум државата решава да ја задржи Круната за државна валута.