Централна банка

Од Википедија, слободна енциклопедија

Скокни на: навигација, барај

Централната банка претставува главна банка во рамките на една држава. Таа е банка над банките, односно банка над комерцијалните банки. Комерцијалните банки како такви не располагаат со пари туку ги позајмуваат од централната банка која сто им пресметува камата. Истата таа камата подоцна се применува кога комерцијалните банки даваат кредити на комитенти. Централна банка во Република Македонија е Народната Банка на Република Македонија. Таа може да емитува, купува и продава државни обврзници и не смее да има никакви контакти со владата која сто е на власт. Но, минимално треба да одржува формални врски, посебно со Министерството за финансии.

Цели на Централната банка се: - одржување на ниско ниво на цените т.е. ниска стапка на инфлација, - ниската стапка на инфлација е битна за одржување на квалитетен и одржлив економски раст и развој, - економската стабилност е предуслов за стабилноста на домашната парична единица.

Функции на Централната банка се: - утврдување и спроведување на монетарната политика, - регулирање на општата ликвидност на банките, - регулирање на ликвидноста со странство, - утврдување и спроведување на политиката на девиѕниот курс, - утврдување и ракување со девизните резерви на земјата итн.



Централната банка со помос на владата, во услови на инфлација презема рестриктивна монетарна политика а во услови на рецесија ја зазивува економската активност.

Првата централна банка е отворена во 1886 во Шведска.

Лични алатки
Други јазици